19.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци

21.11.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

11.06.2018


Актуелно  

НЕДАНОЧНИТЕ И ПАРАФИСКАЛНИ ДАВАЧКИ КАКО ОПТОВАРУВАЊЕ НА ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Стопанската комора на Македонија спроведе истражување на тема: “Неданочните и парфискални давачки како оптоварување на правните субјекти во Република Македонија” кое беше презентирано пред органите на Комората и како резултат на материјалот се усвоија препораки за унапредување на постојниот систем на јавни приходи во Р.Македонија (посебно системот на парафискалните давачки), за која цел е организирана и денешната прес конференција, истакна в.д. Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија м-р Анета Трајковска. 

Познат е фактот дека со рамниот данок, односно кај основните даноци  (данок на добивка, данок на имот, персонален данок и ДДВ) Македонија има најниска даночната стапка  во регионот и во Европа, како и ставот дека тоа само по себе би требало да претставува доволен услов за привлекување инвестиции (домашни и странски) . Меѓутоа, она што недостасува во така изнесениот став всушност беше фокусот на спроведеното истражување – а тоа е не малиот и растечкиот број на разни неданочни и парафискални давачки во Република Македонија.

Како што може да се види од истражувањето, кога ќе се земат предвид и неданочни и парафискални давачки, доаѓаме до фактот дека ефективното оптоварување на стопанските субјекти е поголемо за разлика од ситуацијата кога би се анализирале само даночните давачки. Зголемувањето на бројот на неданочни и парафискални давачки е евидентно во последните години во Република Македонија. Поради тоа, намалувањето и рационализацијата на неданочните и парафискални давачки е неопходен процес, со цел создавање на поволен деловен амбиент во Република Македонија, со што би се овозможило раст на приватниот сектор кој би бил двигател на економскиот развој, образложи в.д. Оперативниот директор на Комората.

Целта на истражувањето во кое се анализираше периодот од 2008 до 2016 година, беше да се спроведе соодветна финансиска анализа на наплатените приходи по тој основ во буџетот, потоа,  да се направи анализа колку по основ на парафискални давачки плаќаат избраните правните субјекти како примерок и колкаво е нивното оптоварување, а со тоа  да се добие слика за оптоварувањето на бизнисот со парафискални и неданочни давачки и да се изведат заклучоци и предлог-мерки со основни препораки за унапредување на целиот систем на парафискални давачки во Р.Македонија. Како заклучоците кои произлегоа од истражувањето се следните:

1. Даночниот систем во Македонија оставил неограничен простор со разни секторски закони, подзаконски акти, локални одлуки, одлуки на управните одбори на агенциите или одборите на јавните претпријатија, да се воведуваат разни давачки кои тешко се контролираат, па Министерството за финансии не може да има комплетна слика и некој вид контрола врз овој систем во нашата земја.

2. Отсуството на транспарентност е карактеристика на процесот на воведување на одредени давачки и промените на истите.

3. Констатирано е прелевање на наплатата на претходно воспоставени надоместоци и тоа од буџетската сметка на сметките во деловните банки на разни органи на управата (агенции, дирекции, центри, бироа и слично).

4. Една од клучните констатации е зголемување на бројот на неданочни и парафискални давачки во последниве години во Република Македонија, а причините за ваквата состојба се бројни, но во суштина се сведуваат на потребата на јавните институции да обезбедат средства, не водејќи сметка за нивното негативно влијание врз конкурентноста и деловната клима во Р.Македонија. Сублимирано во период од 2008 година до 2016 година има воведено вкупно 84 нови давачки кои се уплатуваат на буџетската сметка (18 видови давачки што се вклучени во т.н. други даноци, 41 вид неданочни давачки и 25 нови глоби) со што е постигнато дополнително оптеретување на правните и физичките лица на годишно ниво во износ околу 20 милиони евра или поединечно прикажани:

5. Ако се анализира наплатата на неданочните и парафискални давачки во 2016 година споредбено со 2008 година наплатени се повеќе од 32,7 милиони евра. Имено,  забележан е раст од 18,2% споредбено 2016 година со 2008 година, и со оваа наплата во 2016 година само по основ на неданочни и парафискални давачки наплатени се над 15.467 милиони денари или над 251,5 милиони евра.

6. Со помош на анкетата спроведена во компании од пет различни дејности анализирана е структурата на вкупните неданочни и парафискални давачки во 2008, 2013 и 2016 година, нивното зголемување/намалување, потоа анализирано е учеството на вкупните неданочни и парафискални давачки, на данокот на добивка и персоналниот данок во добивката пред оданочување, во вкупните приходи од оперативно работење и во вкупните расходи од оперативно работење за 2008 година, за 2013 година и за 2016 година. Потоа, направена е пресметка на оптоварувањето по вработен за 2008 година, 2013 година и за 2016 година со вкупните неданочни и парафискални давачки, данокот на добивка и персоналниот данок на доход. Согласно анализите и истражувањата од спроведената анкета потврдено е веќе претходно изнесеното, односно од година во година значително расте оптоварувањето на компаниите со неданочни и парафискални давачки, како што расте и бројот на ново воспоставените давачки и промената во висината на тие давачки. Имено, се потврди фактот дека ефективното оптоварување на стопанството е поголемо отколку што може тоа да се заклучи само врз основа на постојните даночни давачки.

Тргнувајќи од комплексноста на овој процес Стопанската комора на Македонија заедно со компаниите членки се подготвени да се вклучат во овој процес на реформа на системот на јавни приходи и да дадат свои активен придонес во сите активности, истакна Трајковска. Како предлог-препораки за унапредување на постојниот систем на јавни приходи во Р.Македонија се следните:

    - На прво место, од посебна важност е да се истакне дека е потребно системот на сите јавни приходи во Република Македонија да биде строго уреден и секогаш мора да е под клучен надзор од Министерството за финансии на Република Македонија. Имено, потребна е реформа на комплетната законска и подзаконска регулатива коа е поврзана со неданочни и парафискални давачки. Потоа, да не може да се воведе ниту една дополнителна давачка без согласност од Министерството за финансии или мислење доколку се работи за одлуки на Владата. Со ова значително ќе се ограничи можноста и денес воспоставената пракса каде различни органи или носители на јавни овластувања директно влијаат на бројот и основните елементи на одредени давачки.

- Неопходно е сите досегашни сопствени приходи на државните органи, органите на управата и локалните самоуправи, агенции, дирекции, бироа и сл., да станат приходи на буџетот т.е. сите тие ентитети да се воведат во системот на на буџетот

 - Неопходно е да се спроведе прецизна класификација и разврстување на сите фискални форми кој постојат во даночниот систем и како даноци можат да се наречат само тие давачки кои имаат карактер на даноци, но не и надоместоците, таксите за одредени добра и услуги. Оваа разграничување и класификација предлагаме да ја спроведе Министерството за финансии во најкраток рок.

- Министерството за финансии како координатор на активноста заедно со Коморите, деловните банки, НБРМ, ЛС и представници од реалниот сектор да отпочне постапка за воспоставување на Регистар на неданочни давачки кои постојат во Македонија

- Во привичните препораки не се бара намалување на висината на одредени давачки или нивно укинување. Одредени давачки имаат своја оправданост и секако треба да постојат (пред се давачки за заштта на животна средина, концесии за користењето на природните богатства и сл.), тоа мора да биде предмет на подлабоки и сеопфатни анализи кои би биле пратени со природата на самите давачки, нивната намена во системот, користењето на приходите кои се остваруваат по тој основ и соодветната меѓународна практика. Затоа се предлага врз основа на направениот Регистар на парафискални и неданочни давачки од страна на Министерството за финансии во соработка со општините, други државни органи и представници од Коморите и реалниот сектор да се отпочне со соодветни анализи и донесат соодветни првични предлог решенија, а би се однесувале на следново:

- оправданоста и целисходноста од постоење и воведување на одредени надоместоци и давачки односно нивно укинување, бидејќи одредени давачки и сега покажуваат дека не поседуваат фискален капацитет т.е. не остваруваат значаен фискален приход, а претставуваат значаен трошок, како за државната администрација која го утврдува и наплатува, така и за обврзниците кои ги плаќаат;

- интегрирање на одредени слични давачки;

- изедначување на висините на давачките за исти и слични видови на административни или други услуги;

- изготвување на преглед на давачки од страна на правните лица кои се плаќаат во различни општини;

- изготвување на преглед на разни плаќања кои се плаќаат на сметките на деловните банки и произлегуваат од државни агенции, бироа, јавни претпријатија и слично;

Имајќи впредвид дека парафискалните и неданочни давачки се комплексна материја и со направеното истражување се дојде до основни сознанија и заклучоци, давањето препораки за унапредување на системот за јавни двачки представува еден од најкомплексните задачи и затоа препораките не се конечни и бизнисот подржува давање на додатни препораки и вклучување на сите засегнати страни во остварување на заедничката цел, истакна м-р  Анета Трајковска, в.д. оперативен директор на Стопанската комора на Македонија.

м-р  Анета Трајковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права