23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

22.09.2017 - 22.09.2017


Бизнис средби Прагa,  Чешка

МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка


Стопанската комора на Македонија во соработка со чешката  Регионална стопанска комора на Брно, преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „ARCH 2017“, на 22 септември 2017 година, во  Прага, Република Чешка.

На овој еднодневен настан главен акцент ќе се даде на најновите случувања во градежниот сектор и инфраструктурата: за иновативни решенија за објекти од високоградба и за одржливи и високо-квалитетни објекти, на нови проектни идеи со цел да се најдат партнери за соработка за нови бизнис можности во следните сегменти:

• инженерство и планирање – архитектура, проектирање и градежни услуги;
• изградба на објекти;
• инсталатерски работи;
• електрична инсталација;
• видови на градежни материјали;
• производство на прозорци, врати и скали;
• греење, оџаци, клима-уреди;
• одржување, ремонт и модернизација;
• базени и сауни;
• фасади и малтерисување;
• подови, покриви;
• транспорт и логистика;
• одржливи конструкции и зелени згради;
• градежништво - договори за подизведувачка работа.

Саемот „ARCH“ е со повеќе од 25-годишна традиција и е еден од најголемите и најпосетените саеми од градежниот сектор во Република Чешка. Поради својата местоположба во Прага, тој е важен центар на Централно-европскиот бизнис и претставува единствена можност за сите домашни и странски изложувачи да ги презентираат своите производи и услуги.

Секоја година, на овој саем се презентираат иновации од повеќе области поврзани со градежништвото од страна на водечките производители, добавувачи, занаетчии, како и инвеститори, програмери и претставници на други области поврзани со градежништвото.

Во рамките на овој саем ќе се организираат и меѓународните деловни средби што ќе се одржат на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка.

Учеството на меѓународните деловните средби е бесплатно.

Превозот и сместувањето за останатите учесници се на товар на компаниите и на учесниците.

Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://forarch2017.talkb2b.net/members/register, најдоцна до 22.8.2017 година.

Успешно букирање на директни средби/состаноци со регистрираните фирми е предуслов за учество на овој настан.

Контакт:

Ирена Мојсовска, ЕЕН Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244 009
E-адреса: irena@mchamber.mk

Magda Drholcova, ЕЕН Чешка
International Relations Dept.
Brno Regional Chamber of Commerce
Enterprise Europe Network Brno
Výstaviště 1
648 04 Brno Czech Republic
Tel.: +420 532 194 932
Email: drholcova@rhkbrno.cz
www.rhkbrno.cz


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Ирена Мојсовска
Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: irena@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права