26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

19.06.2018 (Бизнис средби)
„ЕНЕГРА 2018“

07.11.2018 (Бизнис средби)
ЈИЕ ИТ САМИТ

Бизнис-настани

17.04.2018 - 26.04.2018


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ВЕШТИНИ ВО ФИНАНСИСКОTO РАБОТЕЊЕ


 

Специјалистички курс:

ВЕШТИНИ ВО ФИНАНСИСКОTO РАБОТЕЊЕ

Април-мај 2018 година

          Согласно верифицираната Програма на Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение УП1 бр.10-10 од 7.8.2017 година, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Бизнис центарот за тренинг и обука од Охрид, го организираат специјалистичкиот курс: „Вештини во финансиското работење“. По успешното завршување на програмата и позитивната оценка, учесникот добива сертификат за стекнати вештини во финансиското работење кој е признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Методологија
Главната цел на курсот е кандидатите да се стекнат со знаење и вештини потребни за работа во финансискиот сектор и општото благајничко работење. Програмата е составена од четири тематски целини во кои се разработуваат функциите и активностите поврзани со финансиското работење, а кои се од особена важност за непречено функционирање и работење на сметководствено-финансискиот сектор. Според наставниот план,  обуката трае 70 часа, од кои 40% од наставата е теорија и 60% практична настава.
Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со правилна имплементација на законската регулатива која го уредува готовинското денарско и девизно благајничко работење со посебен акцент на пресметка, исплата и евиденција, како и стекнување на практично знаење за правилна имплементација на одредбите од поврзаните закони и подзаконски акти.

Целна група:
Курсот може да го посетуваат лица вработени во секторите финансии, сметководство, благајна, како и сите други заинтересирани лица, со или без работно искуство кои имаат желба да ги прошират своите знаења и вештини во областите од наведенава тематика и да се стекнат со сертификат кој е валоризиран и препознатлив на пазарот на труд.

ПРОГРАМА

Во текот на курсот ќе бидат опфатени следните тематски целини:

1) Основи на финансиското работење (теоретски дел)

   • Поим, улога и значење на финансиско работење;
   • Што претставува финансиско работење;
   • Готовинско и безготовинско работење;
   • Главна, помошна и девизна благајна;
   • Денарска благајна за материјални и патни трошоци.

2) Законска регулатива во финансиското работењe (теоретски дел)

   • Утврдување и одлука за благајнички максимум;
   • Дневник на благајна, каса прими и каса исплати;
   • КДФИ и фискална наплата во помошните благајни;
   • Пропратна документација за работа со девизна благајна.

3) Видови на уплати и исплати (практичен дел)

   • Видови уплати во благајна (прием на готови пари; фискална наплата и  евиденција на дневен промет; подигање девизи во девизна благајна);
   • Видови исплати од благајната (пресметка на патни налози, дневници и други трошоци).

4) Пресметка и исплата на плата (практичен дел)
   • Законска рамка за работен однос (минимална плата, највисока основица за придонеси);
   • Пресметка на плата;
   • Составни делови на платата;
   • Надоместоци на плата;
   • Надоместоци на трошоци поврзани со работата;
   • Надоместоци за боледување;
   • Платен одмор;
   • МПИН – Образец.



Дополнителни информации:

• Времетраење на обуката е вкупно 70 училишни часа, од кои 30% од наставата е теорија и 70% практична настава, распоредени во 11 тренинг дена, односно истите се одржуваат два пати неделно.
• Обуката започнува на 17 април 2018 година и ќе се реализира со следната динамика:
-Теоретски дел: 17-18 април 2018 година (вторник-среда) и 26 април 2018 година (четврток);
-Практичен дел: во договор со менторот, кандидатите ќе бидат поделени во 2 групи за полесно следење и имплементирање на обуката. 
• Број на учесници во група: 8  – 15 учесници. 
• Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. 
• Услов за да се стекне Сертификатот за „Вештини во финансиското работење“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит.

Предавачите се експерти со долгогодишно искуство во областа на финансиското работење.


Котизација за учество:
- 14.160 денари (12.000+ ДДВ) за 1 учесник;
- 10% попуст за секој нареден учесник од истата компанија, студенти и невработени лица.

* Специјалистичкиот курс ќе се реализира доколку е оформена група од минимум 8 учесници. 

Краен рок на пријавување: 11.4.2018 година. 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права