25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Бизнис-настани

05.10.2018 - 05.10.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?


Еднодневен семинар на тема:
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

5.10.2018 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Социјалните медиуми и електронската комуникација во маркетинг светот повеќе не се потреба, туку неопходност. Брендовите кои сè уште се потпираат на објавување содржина без претходно истражување, тестирање и целокупна подготовка се изложуваат на ризик нивната електронска комуникација да биде запоставена па дури и незабележена. Денес, со илјадниците бизниси кои комуницираат по електронски пат, неопходен е стратешки пристап во комуникацијата кој на публиката ќе и` ги пренесе пораките на брендот на нејзин начин, во време и со пристап каков што и` одговара. 
 
          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 5 октомври 2018 година, организира семинар на тема: „CONTENT MARKETING – како да ја создадете вистинската содржина за вашиот бренд?“ кој се фокусира на теоретско и практично изучување на content marketing, метод на комуникација на дигиталните медиуми.

          Употребата на content marketing им дава на брендовите можност да ја ангажираат и da ja мотивираат целната публика на начин кој е релевантен за неа, притоа остварувајќи најдобри резултати од електронската комуникација.
Семинарот ќе го опфати процесот на развој на content marketing, со што главен акцент ќе биде даден на развивање содржина за социјалните медиуми.
Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација.

ПРОГРАМА

ПРВ ДЕЛ:
- Запознавање со концептот на Content marketing
  • Запознавање со тематиката;
  • Приказ на еволуција на content marketing во Р. Македонија;
  • Локални примери на content marketing – студии на случај;
  • Клучни елементи за развој на content marketing.

ВТОР ДЕЛ:
- Процес на развој на Content marketing на дигиталните комуникациски канали:
  • Анализа, истражување и планирање;
  • Креирање на пораки;
  • Анализа на успешни примери на пораки;
  • Курирање на содржина - споделување информации вредни за публиката;
  • Анализа на успешни примери на содржина.

ТРЕТ ДЕЛ:
- Процес на развој на Content marketing на дигиталните комуникациски канали:
  • Водење на заедница – развивање комуникација со целната публика;
  • Анализа на успешни примери за комуникација со заедница;
  • Инфлуенсер маркетинг;
  • Анализа на успешни примери за инфлуенсер маркетинг;
  • Метрики и KPI’s (Key Performance Indicator).

ЧЕТВРТ ДЕЛ
- Практична примена: Развој на содржина за сопствениот бренд:
  • Фејсбук страница;
  • Фејсбук група;
  • Твитер;
  • Инстаграм;
  • Соработка со инфлуенсер.

Предавач:  

- Ива Дујак, доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Технички директор во најголемата дигитална маркетинг агенција во Македонија, „Brand Union“. Автор на наградуваните блогови „This is Not a Social Media Blog“ и „Skopje Casual“. Држи бројни обуки на тема маркетинг и дигитален маркетинг.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за учество на семинарот.

Напомена: Учесниците е потребно на предавањето да донесат лап топ.

Последен рок за пријавување: 1.10.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права