23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Податоци за регионот

Регионална комора со седиште во Велес


Регионалната комора со седиште во Велес официјално започна со работа на ден 16.04.2015. Регионалната комора со седиште во Велес ќе се залага за подобрување на условите за работа и развој на фирмите на локално ниво и ќе дава поддршка на бизнис-секторот во Велес и регионот во кој спаѓаат и општините Чашка и Градско.

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Општина Велес има централна местопололжба во Република Македонија. Таа претставува значеан сообраќаен јазол каде што се вкрстуваат најважните патни и железнички сообраќајни правци на меѓународниот сообраќаен коридор кој ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Северна Африка. Поради тоа сообраќајната инфраструктура има важно значење за долгорочниот стопански развој на општина Велес. Велес е шести град според бројот на жители во Македонија. Носечки симбол на градот е Саат-кулата. Маскота на Општина Велес е видра за која со сигурност се знае дека живее во водите на реките Бабуна и Тополка.

ИСТОРИЈА

Велес, како урбана населба постои од 168 год. п.н.е. Во текот на историјата градот често го менувал името од Вила Зора, преку Ќупурли до Велес.
Во Велес се отворени првото училиште на македонски јазик, првата гимназија, првиот театар, правата библиотека, првиот музеј и првото музичко училиште. Меѓу зачуваните средновековни споменици најпознат е манастирот Св.Димитрија (XIV век), а како архитектонска вредност, најпозната е црквата Св.Пантелејмон (XIX век).
Најголема туристичка атракција во Општината е античкиот град Стоби. Покрај тоа, значајни се локалитетот Бреза и локалитетот Пешти кој изобилува со пештери.
Општината Велес се наоѓа во централниот дел на Република Македонијa.Со новата територијална поделба од 2004 година, картата на Општина Велес се измени и сегашната територија, што ја зафаќа Општина Велес, е со површина од 464,5 км2.Велес е на надморска висина од 175 м. Географската поставеност на градот е многу поволна и нуди цела низа позитивни околности.

КОМУНИКАЦИИ

Низ Велес поминуваат магистрални, регионални и локални патни правци поврзани со државната и меѓународната патна мрежа преку патните правци од меѓународно и национално значење Табановце-Скопје-Велес-Гевгелија и Делчево-Штип-Велес-Градско-Прилеп-Битола-Меџитлија.
Железничкиот сообраќај се одвива преку железничкиот систем на Република Македонија. Низ општината поминуваат железничките правци:

 *  магистралната пруга Табановце-Скопје-Велес-Гевгелија,
 *  пругата Велес-Прилеп-Битола и
 *  пругата Велес-Штип-Кочани.

КЛИМА

Отвореноста на општината кон север и честите продори на континентални воздушни маси во зимскиот период од годината условуваатбпојава на ниски температури на воздухот и владеење на континентална клима со просечна годишна температира од 12 до 15 степени Целзиусови.

ХИДРОГРАФИЈА

Општина Велес ги опфаќа подрачјата на поголемите водотеци Бабуна, Тополка и Отавица, кои заеднички припаѓаат на сливот на реката Вардар. Општина Велес како семиаридно подрачје има проблеми при обезедување вода за населението, земјоделските стопанства и сточните фарми. Системите за водоснабдување користат води од главните водотеци, односно од реките Вардар, Бабуна и Тополка, од езерото "Младост", како и води од подземни изворишта и чешми. Со завршувањето на браната „Лисиче“се надминува проблемот за водоснабдување на општината.

ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ

Постоечки
• Индустриска зона Речани
• Индустиска зона Мало стопанство Комплекс УЗУС

Во процедура
• Индустриска зона - Караслари
• Индустриска зона - Винарии Караслари
• Индустриска зона „ТУНЕЛ“ за мало стопанство (сервиси)
• Индустриска зона - Бабуна 1
• Индустриска зона - Бабуна 2
• Индустриска зона - Речани (по ГУП)

Атрактивни туристички локации
• Езеро „МЛАДОСТ“
• Аква парк (езеро „МЛАДОСТ“)
• Локалитет Пешти (Долна Бабуна)
• Локалитет Бреза

ВОДЕЧКИ  КОМПАНИИ (СПОРЕД ВРАБОТУВАЊАТА И ПРОФИТОТ)

Според расположливите податоци, во индустријата на Општина Велес се застапени девет индустриски гранки, односно:
• обоена металургија,
• хемиска индустрија,
• индустрија на керамика и порцелан,
• текстилна индустрија,
• кожарска индустрија,
• металопреработувачка и електро индустрија
• тутунска индустрија,
• индустрија на градежни материјали и прехранбена индустрија.

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА: Активни деловни субјекти (2016)

 

2010

2011

2012

2013

2014

2015

2016

Вкупно

2044

2004

2042

1956

1942

1970

2007

Земјоделство, шумарство и рибарство

135

160

169

157

163

154

146

Рударство и вадење на камен

6

7

8

7

11

10

12

Преработувачка индустрија

204

218

222

203

196

202

220

Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

0

0

0

0

0

0

0

Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад; санација на околината

17

17

17

13

12

10

10

Градежништво

76

72

76

65

71

86

86

Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли

850

806

817

766

745

727

713

Транспорт и складирање

205

204

197

197

198

198

205

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна

86

95

107

109

104

109

118

Информации и комуникации

14

19

20

23

20

21

25

Финансиски дејности и дејности на осигурување

4

3

1

3

3

3

3

Дејности во врска со недвижен имот

7

7

9

8

8

10

10

Стручни, научни и технички дејности

111

123

124

125

140

156

172

Административни и помошни услужни дејности

57

18

23

27

25

26

24

Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување

5

5

6

6

6

6

6

Образование

36

33

30

35

29

27

30

Дејности на здравствена и социјална заштита

96

99

100

98

95

96

95

Уметност, забава и рекреација

34

25

28

23

27

30

34

Други услужни дејности

101

93

88

91

89

99

98

Дејности на домаќинствата како работодавачи

0

0

0

0

0

0

0

Дејности на екстратериторијални организации и тела

0

0

0

0

0

0

0

Најголем процент од бизнис секторот во Општина Велес се сопственици на компаниите,чија дејност е во: градежната индустрија,услужниот сектор (книговотствени услуги, проектирање, консалтинг) винска индустрија (производство на грозје и вино), информатичка технологија, дрвна индустрија, здравство, лесна преработувачка индустрија и прехрамбена индустрија итн.

ЛИСТА НА НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ КОИ РАБОТАТ ВО ОПШТИНАТА, СО КУС ОПИС НА НИВНИОТ БИЗНИС (сектор/индустрија)

• Брако – Жичани производи
• Агриа – Производство на месо и месни преработки,земјоделство,сточарство и живинарство
• ПИ Благој Ѓорев АД Велес – Производство на рафинирани масла и масти
• Леов Компани –Производсто на болјери и производи од лим
• Динамо – Производство на болјери и производи од лим
• Жито – Трговија на прехрамбени производи
• АД Димко Митрев – Производство на предмети од крзно и обработка на кожа и крзно
• Вкупната земјоделска површина изнесува 1.071 км2 или 69% од вкупната површина на општината во поранешен состав. Земјоделските површини од еколошки аспект имаат поволна структура поради високото учество на ливади и пасиштата.

ЗБРАТИМЕНИ ГРАДОВИ СО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Свиштов - Република Бугарија, Самобор - Република Хрватска, Пула - Република Хрватска, Слобозија - Република Романија, Цеље - Република Словенија, Термаикос -  Република Грција, Чан -Република Турција, Ужице - Република Србија,  Ниш - Република Србија, Новогард - Република Полска, Сандански - Република Бугарија, Перник-Република Бугарија, Силистра - Република Бугарија, Вировитица - Република Хрватска, Каршијака - Република Турција, Адалар - Република Турција.

Корисни линкови:

 www.veles.gov.mk

       

Контакт адреса:  
Стопанската комора на Македонија  
ул. Димитрие Чуповски, 13  
1000 Скопје  

 Контакт лице: Јадранка Аризанковска
 Тел: (02) 3244038 Факс:(02) 3244088
 Call Центар : (02) 15015
 E-адреса: jadranka@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права