28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

31.05.2018 (Инфо сесија)
ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Податоци за дејноста

Здружение на текстилната индустрија и конфекцијата


ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА

       Текстилната индустрија претставува една од водечките преработувачки идустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работка сила и извозот. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемачките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој.

       Процесот на глобализацијата, се поголемото вклучување во меѓународната економија, поставуваат голем број на предизвици пред текстилната индустрија како за националната економија така и за земјата во целина. Трудоинтензивниот карактер и можностите што ги дава за порамномерен регионален развој се карактеристики на оваа индустрија. Со самиот процес на преструктуирање на оваа гранка во развиените земји на Европската Унија и на селење на дел од нивното производство но други земји поволно се одрази и на Република Македонија со што се почувствува зголемена побарувачка и поповолни услови за лон аранжманите. 

       Структурниот развој на текстилната индустрија, односно на производството на текстил, облека и репроматеријали како и недостатокот на стратешко планирање во минатото, неповолно се одрази врз перформансите на оваа индустрија и нивото на нејзина развиеност.

       За развојните можности на текстилната индустрија големо значење има и добрата макроекономска политика во врска со стабилноста и условите на стопанисување. Се поголемата либерализација во условите на стопанисување, и се послободното дејствување на пазарните законитости придонесуваат за отвореност на економијата, за поголема достапност на странските пазари и за подобрување на конкурентноста на текстилната индустрија. Тука треба да се спомене дека и националното законодавство во врска со текстилната индустрија во значителна мера е усогласено и хармонизирано со законодавството на ЕУ.

       Основните цели на Стратегија за текстилна индустрија  која е донесена во 2007 година, се остварувањето на одржлив развој на оваа стопанска дејност, во конкурентна и стабилна средина, високо ниво на едуцираност и социјална кохезија. Стратегијата претствува основа за подготвување на програма на мерки за развој на текстилната индустрија , но таа досега е само стратешки документ кој треба да се спроведе.

       Затоа, за да се стопираат негативните тенденции и започнат долго очекуваните позитивни движења во оваа многу важна дејност за македонската економија, неопходдни се итни активности со  наведените државни институции за преземање на мерки и активности на краток и долг рок.

       Производство

       Производството на текстилни производи во последните години, од 2005 година наваму, бележи  негативна тенденција, како кај производството на текстилни ткаенини, така и кај производството на облека, за разлика од позитивниот тренд во некои години кај вкупното индустриското производство, и одделно кај преработувачката индустрија.
Според податоците за индустриското производство во 2016 година споредено со истиот период од 2015 година, кај производството на текстилни ткаенини имаме зголемување на производството за 14.8%, а додека производството на облека зголемување од 6.7%.

       Извоз

       Најзастапени групи производи во извозот од текстилната индустрија се следните: женски блузи, кошули, и кошули-блузи, машки кошули од памук, панталони, работни комбинезони, машки јакни и блејзери и слично. Според податоците од Државниот завод за статистика, текстилната индустија во 2016 година, остварила извоз од 596.4 милиони УСА долари што е 13,2 %, од вкупниот извоз . Близу 92% од производните потенцијали се извезуваат во земјите-членки на Европската унија, како и во Соединетите Американски Држави и во соседните земји.

       Така, според остварениот извоз за 2016 година, најзначани партнери на Македонија се:
     • Германија со извоз од 450. милиони долари или 64.2% од вкупно реализираниот извоз на текстил за 2014 година;
     • Грција - 96.4 милиони долари или 13.7%;
     • Холандија – 86.6 милиони долари или 12.2%
     • Велика Британија - 14.5 милиони долари или 2,1%

       Во овој период компаниите главно работат лон производство со странски партнери, (Германији, Италија, Холандија ). Интерес на странските партнери сеуште е македонскиор пазар бидејки земјите од регионот, ( Бугарија и Романија ), со влегувањето во Европската Унија стануваат прескап пазар. Имајки го во предвид фактот дека профитот е крајна цел за секој бизнисмен Западно Европските земји сеуште во Македонија гледаат интересен партнер со евтина работна сила. Сепак интенцијата на Македонските фирми треба да биде прилагодивање на светските пазарни текови. Оттука, во иднина развојот на оваа гранка треба да се движи во насока на развој и креирање свое сопствено производство, ( а не само лон) со цел зголмеување на конкуренцијата на странските пазари.
       Тргнувајки од трудоинтензивниот карактер на текстилната индустрија и можностите што тие ги даваат за развој на неразвиените региони и рурални краишта, императив е да се создадат поволни макро економски услови за овие индустрии преку системско поттикнување на истите.

Информација за текстилната индустрија за 2017 година

Информација за текстилната индустрија за 10 месеци од 2017 година

Информација за текстилната индустрија за 7 месеци од 2017 година

Информација за текстилната индустрија за 3 месеци од 2017 година

Информација за текстилната индустрија за 10 месеци од 2016 година

Информација за текстилната индустрија за 4 месеци од 2016 година

Информација за текстилната индустрија за 2015 година

Информација за текстилната индустрија за 7 месеци од 2015 година

Фиксни и варијабилни трошоци кај лон производството

Ииформација за промена на начинот  на постапување со отпадот настанат од царинската постапка со економски ефект

Секторска анализа за првиот квартал од 2010 година

Секторска анализа за првото полугодие од 2010 година

Секторска анализа за 2010 година

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Сaшо Деспотоски
Тел: (02) 3244089 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: sаso@mchamber.mk
                                                          
Контакт лице : Анета Трајковска
Тел: (02) 3244041 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: aneta.trajkovska@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права