13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

ISO 22000

ISO 22000

Што е ISO 22000?

ISO 22000 е стандард кој ги опишува барањата за функционирање на делотворен систем за управување со безбедноста на храната (FSMS-food safety management system) кој во себе ја интегрира употребата на техниките на Анализата на опасности и Критични контролни точки (HACCP-Hazard analysis and Cricical control point), дефинираните предуслови за безбедно производство на храна и комуникација со заинтересираните страни.

Стандард за систем за управување со безбедност на храната - на кого се однесува

Сите претпријатија непосредно или посредно опфатени во синџирот на храната -од производителите на храна и сточна храна, производителите на опрема, преработувачите и дистрибутерите на мало и големо.

Цел на стандардот

Да се ускладат на глобално ниво барањата за управување со храната во прехрамбената индустрија и индустриите поврзани со неа; Званично да се утврдат елементите кои сочинуваат еден систем за управување со безбедноста на храната;

Клучни елементи

- Интерактивна комуникација
- Системско управување
- Програми на предуслови/предподготвителни програми
- HACCP принципи
  Осмислен е за да им помогне на претпријатијата да ги контролираат  опасностите по безбедноста на храната, за да се осигура дека истата за време на конзумирање е безбедна

Барања на  ISO 22000

   • ISO 22000 Документација - 4.2
- Претпријатието  во својата работа треба да користи документи од надворешно потекло, релевантни за безбедноста на храната ( закони, регулативи );
-Типот и  обемот на документацијата ќе зависат од големината, сложеноста на активноста, опасностите по безбедноста на храната и компетентноста на персоналот;
- Документите што се дел од овој систем може да бидат спецификации, HACCP планови, оперативни програми на предуслови и процедури;
- Времето на чување на записите треба да се определи според предвидената употреба   на производот;

• ISO 22000 Управување-5
- Политика за безбедност на храната -основата на системот за управување со безбедноста на храната на кое било претпријатие, поткрепена со мерливи цели;
- Водачот на тимот за безбедност на храната е од пресудно значење за системот за   управување со безбедност на храната и тој треба целосно да ги разбере прашањата за безбедност на храната кои влијаат врз претпријатието;

• ISO 22000 Управување-5 надворешна комуникација
- Целта на надворешната комуникација е да се осигури дека е дефинирана  одговорноста за контрола на опасностите по безбедноста на храната: Угоре и удолу непосредниот синџир на храната за опасности кои не може да се контролираат во претпријатието; Со клиентите како основа за меѓусебно  прифаќање на бараното ниво на   безбедност на храната; Со правните и  регулаторни надлежни тела и со други организации

• ISO 22000 Управување-5 внатрешна комуникација
- Системот за внатрешна комуникација треба да се погрижи персоналот чија улога влијае врз безбедноста на храната да има доволно релевантни информации и податоци;
- Водачот на тимот за безбедност на храната има клучна улога во комуникацијата по прашања за безбедност на храната во претпријатието;

• ISO 22000 Управување-5 подготвеност и реакција во итни случаеви
- Организацијата треба да биде свесна за потенцијални ситуации кои може да имаат негативно влијание врз безбедноста на храната, вклучително пожар, поплава, биотероризам, саботажа и прекин на снабдување со енергија
- Треба да има процедури за справување со и реакција на такви ситуации за да се смали  на најмала можна мерка влијанието врз безбедноста на храната

• ISO 22000 Управување- 5  преиспитување од раководството
- Преиспитувањата  од раководството му даваат на раководството  можност да ја процени способноста на системот за управување  на претпријатието да ги исполни политиката и целите за безбедност на   храната
- Ќе се преиспита севкупната делотворност на стандардот за  безбедност на  храната

• ISO 22000 Управување со ресурси -човечки ресурси - 6.2
- Образование, компетентност и обука - да се одржуваат на ниво кое  ќе овозможи  сите вработени да ги знаат своите улоги и  одговорности на еден делотворен систем за управување со  безбедноста на храната
- Сесиите за обука треба да ги содржат следниве детали:
           -содржина на програмата
           -име и стручност на тренерот/обучувачот
           -крајна оценка на кандидатите за обука
           -утврдување на потреба од обука

• Инфраструктура-6.3
Инфраструктурата на претпријатието вклучува:
           - Згради
           - Опрема за процесите
           - Комунални услуги
           - Придружни служби/сервиси

• Работна околина – 6.4
Работната околина може да опфати мерки чија цел  е да се сведе на најмала можна мера влијанието на опасностите по безбедноста на храната, вклучително и следниве мерки:
      - Превенција на вкрстено загадување
      - Обезбедување на барањата за соодветен работен простор
      - Обезбедување на соодветни погодности за вработените

• Планирање и реализација на безбедни производи -7.1
- Клаузулата 7 се однесува на барањата за систематски пристап кон  развој, имплементација и набљудување на планираните активности,  вклучително и ПРП, опертивни ПРП и/или HACCP планови
- ISO 22000 го реорганизира традиционалното поимање кое ги дели контролните мерки во две групи
        - Програми на предуслови (вклучително и оперативни ПРП)
        - Мерки кои се применуваат на критичните контролни точки (ЦЦП)

• Програми на предуслови – 7.2
- Програми на предуслови кои управуваат со основните состојби и активности, вклучувајќи ги и неопходните контролни мерки.
- ПРП не се бираат заради контрола  на одредена утврдена опасност, туку заради одржување на општо хигиенско производство, обработка и  однесување кон средината. 
- Оперативни програми на предуслови кои ги управуваат оние контролни мерки за  кои анализата на опасности утврдила дека е нужно да се контролираат на  прифатливо ниво, а кои не се управувани со ХАЦЦП планот.
- Изградба и распоред на згради и инсталации.
- Распоред на простории, вклучувајќи  го и работниот простор и просториите за Вработените.
- Снабдување со воздух, вода, електрична енергија и други инсталации.
- Соодветност на опремата-сервис и превентивно одржување.
- Управување со набавени материјали.
- Превенција  од загадување и вкрстено загадување.
- Чистење  и дезинфекција.

• Планирање на верификација -7.8
Верификација е проценка која се спроведува за време на работата, со цел да се покаже дека предвиденото ниво на контрола е навистина постигнато
-   Зачестеноста на верификацијата зависи од степенот на недоверба во ефектот од применетите контролни мерки, во зависност од утврденото ниво на опасност по безбедноста на храната

• Систем за следливост -7.9
- При развој на систем за следливост, треба да се обрне внимание на активностите во претпријатието кои би  можеле да влијаат врз системот, на пример видови на  состојки, доработка/преработка на производ, серија   наспроти континуирано производство
- Обемот на следливост треба да ја опфати практичната потреба од препознавање и повлекување на небезбедни производи и утврдување на нивното потекло

• Валидација, верификација и подобрување - 8
Барањата на клаузулата 8 се однесуваат на оние активности кои се потребни за да се покаже дека системот за безбедност на храната, онака како што е осмислен, е достоен за доверба и може да го постигне очекуваното ниво на контрола.

• Валидација - 8
Повикување на валидации спроведени од страна на други или познавање на историјата (на валидации)
-   Збир на податоци за биолошки, хемиски и физички опасности за време на услови на работа
-   Статистички податоци
-   Математичко моделирање
-   Сите валидации треба да бидат според очекувани резултати.

• Верификација -8
- Сигурност дека системот  за безбедноста на храната функционира како што е предвидено
- Верификациони активности
- Преглед на записите од мониторинот
- Калибрирање
- Визуелна инспекција
- Интерни проверки
- Аналитичко тестирање
- Постојани и периодични верификации

• Подобрување- 8.5
- Надградба на системот за управување со безбедноста на храната

 

Бенефит од воведен ISO 22000

- Оптимизација на ресурси (интерно и низ целиот ланец на исхрана)
- Поефикасна и динамична безбедност на храната и контрола на опасности
- Сите контролни мерки се насочени кон анализа на опасностите
- Подобро планирање, помалку после процесни верификации
- Подобрена документација
- Систематично управување со предподготвителните програми
- Контролата е насочена кон она што е неопходно
- Широка примена, бидејќи е фокусиран кон крајниот производ
- Валидна основа за превземање одлуки
- Зголемена одговорност
- Динамична комуникација во однос на прашања поврзани со храната со добавувачите, купувачите (консументите), регулаторните тела и други заинтересирани страни
- Оптимизација на ресурси (интерно и низ целиот ланец на исхрана)
- Поефикасна и динамична безбедност на храната и контрола на опасности
- Сите контролни мерки се насочени кон анализа на опасностите
- Систематски и проактивен пристап кон идентификацијата на опасностите по однос на безбедноста на храната, како и развој и имплементација на контролни
- Зголемена доверба кон  организациите кои го имаат имплементирано овој стандард во смисол на нивна способност за идентификација и контрола на опасностите
- Креира референца за целиот ланец на исхрана
- Допринесува подобро разбирање и иден развој на Кодексот за HACCP
- Има повеќе системски пристап, а не производен
- Ги пополнува празнините помеѓу ISO 9001  и HACCP
- Создава рамка за третостепена сертификација
- Претставува стандард лесно проверлив со јасни барања
- Одговара на регулаторите
- Претставува основа за хармонизација на националните стандарди



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Емилија Тодоровска
Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: emilija@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права