24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

04.10.2018 (Форум)
ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ -04.10.2018

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

27.04.2018 - 27.04.2018


Семинар Стопанска Комора на Македонија, сала1, 5-ти кат,  Македонија

ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ


Еднодневен семинар:

ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

27.4.2018 година (петок)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Овој семинар е наменет за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на корпоративни и маркетинг комуникации, продажба, социјални мрежи и односи со јавноста. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко и темелно разбирање за важноста, вредноста и функционалноста на современиот маркетинг, алатките, механизмите и медиумите, како и моделите за успешни комуникации со таргетираната јавност. Учесниците ќе спознаат функционални модели за маркетинг планирање, бренд стратегија и разбирање на социјалните мрежи. Воедно, учесниците ќе добијат материјали корисни за маркетинг планирање, медиа планирање и пристап до сознанија за оптимално комбинирање на традиционални и дигитални медиуми.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Што подразбира современ маркетинг, која е ползата од маркетинг 
 комуникациите за организацијата и компанијата, како е поврзана со другите 
 сектори?
- Кои се функционални алатки и модели за маркетинг комуникации за мали и 
  средни компании?
- Кои се елементи на интегрираниот маркетинг микс и како правилно да ги 
  употребуваме?
- Кој и како да менаџира социјални мрежи? Колкав буџет да се определи за нив?
- Медиуми: традиционални и дигитални. Како да ги комбинираме?
- Што подразбира бренд стратегија?
- Што е интерен маркетинг? Како се синхронизира интерниот маркетинг со 
  екстерниот?
- Визуелни приказни: како да комуницираме денес со намалено внимание од 
  публиката?
- Како да таргетираме различни генерации на купувачи?
- Кога и како да ја аутсорсираме маркетинг услугата?

Програма:

- Разбирање на маркетинг комуникации: интегриран маркетинг микс, елементи 
  на ИМК, алатки и модели;
- Рекламирање, односи со јавност, лична продажба, директен маркетинг и 
  промоција;
- Медиуми: традиционални и дигитални;
- Социјални мрежи и визуелни комуникации;
- Маркетинг план;
- Бренд стратегија;
- Таргетирање на различни возрасни групи;
- Интерен маркетинг;
- Општествено одговорен концпет и маркетинг со кауза;
- Буџетирање.

Придобивките на компаниите и организациите кои применуваат современи маркетинг комуникации :

- Основа за долгорочен раст и развој на организацијата;
- Подобрување на имиџот на компанијата;
- Одлични комуникации со таргетираната јавност;
- Приближување и преференција кај медиумите;
- Подобрување на продажните резултати;
- Зацврстување на позициите на пазарот;
- Минимизирање на трошоците за маркетинг;
- Синхронизирање на маркетинг комуникациите со останатите деловни процеси;
- Соодветно и оптимално буџетирање;
- Подобро планирање и контрола врз реализација на кампањите;
- Среќни и лојални вработени.

Предавач:

-д-р Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон Односи со Јавност, Бренд менаџмент, Интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – Агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност.
На академско ниво, Наумовска е доктор на науки во областа на маркетинг комуникациите и доцент по група предмети од областа на комуникации на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Во невладиниот сектор е присутна преку постојан активизам во организации за подобрување на родовиот баланс, како и развој на стартап и микростопанството. Паралелно е активна во бројни проекти од општествено одговорна природа насочени кон категорија загрозени деца од социјален и здравствен аспект.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 23.4.2018 година.


 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права