28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

09.03.2018


Актуелно  

BITCOIN, BLOCKCHAIN, TOKEN, ICO - ШТО СЕ ТИЕ И КАКО МОЖАТ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ ВО ВАШИОТ БИЗНИС?


Динамиката со којашто технологијата продира во секоја сфера на бизнисот, упатува на потребата од постојана флексибилност, адаптација и континуирани инвестиции, со цел да се задржи и да се унапреди позицијата на пазарот.

Дилемите, од типот - дали да се штеди во денари или во девизи, одамна останаа зад нас, а виртуелните пари, бесконтактните картички и телефонските паричници станаа тренд и денот поминат без нивна употреба е сосема незамислив. Биткоинот како најпозната криптовалута од своето појавување до денес, се` уште претставува најдебатирана тема во финансиските кругови, од една страна поради ограничените можности на централните банки за контрола на криптовалутите, задоволувајќи ги барањата на корисниците на е-трговија, преку бенефитите од безбедна трансакција и анонимност на корисникот, од друга страна.

Криптовалутите нудат нови можности за бизнисите, а за тоа како можете да ја искористите технологијата за остварување на Вашите бизнис цели, говори Матијаж Слак, претставник на словенечката компанија „Cofound.it“ .

Матијаж Слак е советник за развој во компанијата „Cofound.it“ од Р. Словенија, кој своето долгогодишно искуство во продажба, во светски реномираната ИТ-компанија „IBM“, одлучува да го насочи кон малите и средни претпријатија, со посебен акцент на стартап компаниите. „Cofound.it“ e „блокчеин“ проект кој се занимава со обука и подготовка на стартап компании и има за цел наоѓање потенцијални проекти, помагајќи им да стигнат до повисоки позиции преку ефикасна продажба. Господинот Слак, со темата: „Bitcoin, blockchain, token, ICO - што се тие и како можат да се искористат во Вашиот бизнис?“, ќе биде еден од говорниците на „САМИТОТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ“, којшто Стопанската комора на Македонија го организира на 16 март 2018 година.

Подетални информации за настанот можете да најдете на следниот линк:    http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=56&evId=2657&lId=1

Михајло Донев











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права