20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

20.09.2018 (Бизнис средби)
МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - 20.09.2018 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

15.05.2018


Актуелно  

ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ – ПРЕЗЕНТИРАН СОФТВЕРОТ „FLEX АP“ ЗА ПАМЕТНИ ФАБРИКИ


Компаниите секојдневно се соочуваат со предизвиците на дигиталната трансформација и потребата да се користат дигитални технологии за да се забрза нивниот раст, како и да се иновираат процесите, производите и услугите, со цел истите да се приспособат на новите генерации потрошувачи.

Во таа насока, во Стопанската комора на Македонија, на 15 мај 2018 година, беше организирана презентација на софтверот „Flex Аp“ за паметни фабрики, како заеднички проект на компанијата „Сим Инвест Трејд“ од Македонија, „Kowla Group“ од Хрватска и „Flex Ap“ од Италија, којшто врз основа на иновативната „Siemens Mindsphere Platform“ овозможува во компаниите да се воспостави „Cyber-Physical System“ во нивните производни еко-системи, така што секој уред е поврзан со меѓусебно поврзана инфраструктура, со цел да може секој од поврзаните уреди да ги искористи сите услуги со висока додадена вредност.

Паметното производство (Индустрија 4.0) се однесува на заедничко усвојување на дигитални технологии и алатки кои можат да ја зголемат интерконекцијата и соработката на ресурсите (материјалните средства, луѓето и информациите) кои се користат во оперативните процеси, како внатрешно, така и во целиот синџир на создавање на вредноста. Дигиталните иновации создаваат можности за унапредување на конкурентноста и ефикасноста на компаниите, а може да се применуваат во различни области – смарт објекти за следење на процесите, „Big Data“ за поддршка при управување со системот за квалитет, напредна автоматизација на интерната логистика, како и користење на „Cloud“ - платформи за соработка во извршните процеси.

Пред присутните беше презентирано софтверското решение, наменето за максимизирање на продуктивноста и ефикасноста на работните процеси во компаниите. Господинот Филип Симоновски од компанијата „Сим Инвест Трејд” посочи дека не станува збор за комерцијално стандардизирани производи со стандардно поставени пакети по избор, туку дека станува збор за решенија скроени по мерка, кои ги земаат предвид потребите на клиентот. Софтверското решение, кое обезбедува систем за следливост и системска интеграција, придонесува за дигитализација на работниот тек и на процесите, преку интеграција на производниот систем, развој на производниот софтвер, креирање решенија за одржување и поддршка, планери за производство, како и организациски и колаборативни системи. Исто така, беше посочено дека ова софтверско решение може да придонесе за оптимизација на енергетската ефикасност, оптимизација на магацините за резервни делови и оптимизација на производните процеси, анализа на условите за работа на машините, како и предвидливост за нивното одржување.

д-р Татјана Штерјова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права