28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

24.03.2017 - 26.03.2017


Семинар Хотел „Гардениа“ - Банско,  Бугарија

Советување на тема:ПОИМ И СОДРЖИНА НА ТУЖБА, ДЕФИНИЦИЈА И УСЛОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ТУЖБА ЗА УТВРДУВАЊЕ КАКО ПОСЕБЕН ВИД НА ТУЖБА ОД ЧЛЕН 177 ОД ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ТУЖБА ВО РАБОТНИ СПОРОВИ


 Советување на тема:


ПОИМ И СОДРЖИНА НА ТУЖБА, ДЕФИНИЦИЈА И УСЛОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ТУЖБА ЗА УТВРДУВАЊЕ КАКО ПОСЕБЕН ВИД НА ТУЖБА ОД ЧЛЕН 177 ОД ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ТУЖБА ВО РАБОТНИ СПОРОВИ
ПРЕД СУДОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

24-26 март 2017 година
Хотел „Гардениа“ - Банско, Р. Бугарија (
www.parkhotelgardenia.com)

Стопанската комора на Македонија од 24 до 26 март  2017 година во хотелот „Гардениа“ – Банско, Република Бугарија, организира советување на тема: Поим и содржина на тужба, дефиниција и услови за поднесување тужба за утврдување како посебен вид на тужба од член 177 од Законот за парнична постапка, со посебен осврт на тужба во работни спорови пред судовите во Република Македонија.
Советувањето е наменето за сите вработени во правните служби, адвокатите и правни практичари кои се инволвирани во судски постапки поврзани со работни спорови, менаџери во компаниите, управители на друштва, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните спорови.
Организираност на советувањето:
Ова дводневно советување е организирано по принцип на тренинг-обука, со цел  учесниците низ предавања и практични примери од пракса да се стекнат со нови и да ги унапредат постојните знаења во областа на работните спорови.
Теми кои ќе се обработуваат на советувањето

ПРВ ДЕЛ:
- Поим, дефиниција и услови за поднесување тужба за утврдување според член 177 од Законот за парнична постапка (ЗПП);
- Позитивна и негативна (деклараторна) тужба;
- Правен интерес за поднесување тужба;
- Утврдување на правен однос и утврдување на факти;
- Релевантна судска пракса.

ВТОР ДЕЛ:
- Работен спор и неговите појавни облици;
- Претходна постапка на работодавецот во работните спорови;
- Процесни правила од ЗПП кои се од суштинско значење за работните спорови;
- Жалбена постапка и постапка во вонредни правни лекови;
- Постапување по извршни судски одлуки;
             
Предавачи:

-м-р Андреј Димовски, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје. Почетоците на  своето професионално искуство го започнува во Унијата на независни автономни синдикати на Македонија,  подоцна во  Основен суд Скопје 1 – Скопје,  а од 2006 година се вработува во Министерството за финансии на Република Македонија, во Сектор за второстепена управна постапка, управни и судски спорови, каде што работи се` до 2010 година кога преминува во Владата на Република Македонија, како раководител на Одделението за правни работи во Генералниот секретаријат.  Од 2012 година до денес работи како судија, а од 2016 година претседател на Здружението на судии на Основен суд Скопје 2 – Скопје;
-Бобан Трајковски, адвокат од Адвокатското друштво „Доминус Јурис“ – Куманово, каде работи во сите одбласти од правото, но пред се` во граѓанскиот дел и постапките во работните односи.

Аранжман:
Сместување и превоз:
- Цената за сместување во двокреветна соба, по учесник, изнесува 8.060 денари.
- Цена за сместување во еднокреветна соба изнесува 9.920 денари.

Котизација за советувањето:
- Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.000 денари + 18% ДДВ (4.720 денари).
- Секој втор и нареден учесник добива 10% попуст на котизацијата.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз на релација Скопје – Банско - Скопје со високо туристички автобус  (тргнување на 24 март 2017 година во 6:15 часот и враќање  на  26 март 2017 година година  во попладневните часови) ;
- 2 ноќевања на база на полупансион во хотелот „Гардениа“ – Банско, Р.Бугарија (www.parkhotelgardenia.com );
- организација на советувањето;
- организација на патувањето;
- кафе и освежување за време на паузите;
- користење на конференциска сала;
- користење на СПА услугите во хотелот;
- организирана посета од 2 часа на Благоевград.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци.

*Последен рок за пријавување е 10 март 2017 година.
*Плаќањето на аранжманот е најдоцна до 10.3.2017 година, со што ќе се смета дека е потврдена резервацијата.
*Во случај на откажување на арнжманот после 10.3.2017 година, уплатените средства за аранжманот не се враќаат.
*Пријавувањето за советувањето после 11.3.2017 година  ќе зависи од распложливите капацитети на хотелот „Гардениа“.

Во Прилог: Агенда, Програма и Пријавен лист.

За сите учесници на советувањето ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- сертификат.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права