20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

20.09.2018 (Бизнис средби)
МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - 20.09.2018 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

17.03.2010 - 18.03.2010


Семинар  Македонија

„ЕТНИЧКИ СТАНДАРДИ (ХАЛАЛ И КОШЕР)”17-18.03.2010 година



Во функција на запознавање на стопанските субјекти со ХАЛАЛ-стандардите, како и поттикнување на македонските извозници за обновување и унапредување на старите врски и пријателства на пазарите од арапскиот свет – Блискиот исток и земјите од Магреб, Израел, Стопанската комора на Македонија, организира дводневен семинар, на тема:

„ЕТНИЧКИ СТАНДАРДИ (ХАЛАЛ И КОШЕР)”

17-18.03.2010 година
од 9:00 – 17:00 часот
сала 1, на 5-ти кат
Стопанска комора на Македонија
ХАЛАЛ
Во последните децении на минатиот век земјите на Блискиот Исток беа традиционален пазар за нашите прехранбени производи и значаен трговски партнер. Но, денешната ситуација е видно изменета и трговската размена со земјите од Блискиот Исток, речиси и не постои. Во услови на светска криза, пазарот на Блискиот Исток нуди потенцијална можност за продажба на македонските производи. Светскиот пазар на ХАЛАЛ производи на годишно ниво прави промет од 850 милијарди американски долари, и е еден од најбрзо растечките пазари во светот со досегашна стапка на раст од 40 отсто, а идниот раст се проценува на 50 отсто, годишно. Економиите на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединети Емирати, Катар, Оман и Кувајт, тежат 715 милијарди долари. Речиси 70 отсто од Муслиманите во светот ги следат ХАЛАЛ-принципите. Земјите во нашето окружување веќе на голема врата навлегуваат на овие пазари преку воведување на ХАЛАЛ-стандардот во своето работење.

КОШЕР
Потрагата по нови пазари за македонските производи и континуираниот напредок во соработка меѓу Република Македонија и Израел, која би резултирала со зголемување на економската размена на двете земји, ја наметнува потребата на македонските производители за адаптирање кон стандардите на овој пазар и корисниците на КОШЕР-производи. Имплементацијата на Кошер-принципите и сертификација на истите, не само што отвора можност за директен пласман на производите во Израел и земјите со жители од еврејска вероисповест, туку обезбедува пристап до различни религиски и други групи на потрошувачи како муслимани, будисти, адвентисти, вегетеријанци, вегани и други еколошки свесни потрошувачи како и потрошувачи кои се алергични на лактоза и оние кои се во потрага по сертифициран квалитет.

Само, Европскиот пазар на КОШЕР сертифицирани производи на годишно ниво генерира промет од 6 милијарди долари и стапка на раст од 10 отсто, додека само во Франција, овој пазар генерира 549 милиони долари.

Семинарот претставува одлична можност компаниите детално да се информираат за значењето на Халал и Кошер, што сé опфаќаат, конкурентската предност што ја нудат, видот на производите и услугите за кои се однесува, и економското значење на Халал и Кошер стандардите за компанијата.


Предавач на семинарот е сертифицираниот консултант Александра Марковска од консултантската куќа “Фуд Консалтинг”, од Скопје.
Интерактивниот карактер на истата, Ви дава можност непосредно да поставувате прашања и да добиете одговори за актуелностите поврзани со проблематиката од наведената тема

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да земат учество на семинарот кој ќе се одржи на 17-18 март 2010 година, сала 1, на 5-ти кат, во Стопанската комора на Македонија.


Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15 март 2010 година.
Цената за еден учесник изнесува 8.850 денари (7.500+ДДВ) за компании членки и 10.620 (9.000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.
Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата.
Во прилог Ви доставуваме Пријавен лист.

Контакт:
Ленче Зикова                           Анета Стојкоска                            
тел:  02 32 44 054                      тел:  02 32 44 043                        
факс: 02 32 44 088                   факс: 02 32 44 088                    
e-mail: lence@mchamber.mk   aneta.stojkoska@mchamber.mk          


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk

Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права