13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

29.11.2017


Актуелно  

СИМПОЗИУМ на тема: „НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА“- ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ


Интензивирањето на билатералните односи на Република Македонија со Република Турција за поголема конкурентност беше во фокусот симпозиумот на тема: „Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција“, организиран од страна на Фондацијата за економски истражувања од Истанбул со поддршка на Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО) (29.11.2017 година).

 

- Владата на Македонија ќе продолжи да ја поддржува соработката меѓу двете земји и ќе продолжи да работи на подобрување на инфраструктурата со цел да се зголеми економската соработка, а со тоа ќе придонесе за зголемување на инвестициите, истакна проф. д-р. Аднан Ќахил, министер без ресор на Владата на РМ, задолжен за странски инвестиции. -Во иднина политиката на Македонија ќе создава амбиент за економски раст на Македонија, а инвестициите и форумите се добредојдени од двете страни и треба да бидат се` почести, - нагласи проф. д-р. Аднан Ќахил.

- Постојат взаемни сестрани односи кои интензивно се развиваат  поради поволната инфраструктура. Трговската размена треба да се интензивира во наредниот период бидејќи бројките не се задоволителни и за двете земји. Постојат најави за нови инвестиции во Македонија во делот на енергетиката и услужните дејности, - посочи Тулин Еркал Кара, амбасадор на Република Турција во Македонија.

- Билатералните односи меѓу Македонија и Турција се одлични, и тие се на ниво на традиционално пријателство, со сите елементи на стратешко партнерство и со уште поголем потенцијал за севкупна соработка на чие искористување треба да се работи во наредниот период. Не` радува фактот што Владата на Република Турција и турските бизнисмени имаат стратешки интерес за интензивирање на трговската соработка со Македонија, бидејќи Македонија и регионот имаат потреба од интернационализација на економијата во партнерство со јака економија, како што е турската, - истакна Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. Неговата порака до гостите беше дека во Македонија постојат големи можности за инвестирање во повеќе сегменти и тоа во инфраструктурата, особено патната и железничката, во земјоделството, текстилната и автомобилската индустрија и во туризмот. 

 -Веќе постојат реални предуслови турските и македонските компании заеднички да влезат на пазарите во Европската унија, северна Африка и на Блискиот Исток, за што компаниите треба добро да се подготват и да се информираат. Исто така, турските компании треба да ги искористат предностите што ги има Македонија во поглед на либерализираната трговија со ЕУ и со ЦЕФТА-земјите и преку дијагоналната кумулација на потеклото на стоките да обезбедат поконкурентен настап на овие пазари - додаде Антони Пешев.

Учесниците се согласни дека заеднички и со квалитетно производство можат да најдат место на пазарите во ЕУ, Блискиот Исток и во северна Африка, со цел поголема конкурентност.

Над стотина турски и македонски компании беа присутни на денешниот симпозиум, следејќи ги двете панел-дискусии на теми поврзани со инвестирањето и трговското финансирање, улогата на технологијата и иновациите при зголемување на потенцијалот на конкурентноста на македонската економија, како и споделување на бизнис искуства на компаниите кои работат во Република Македонија и Република Турција низ конкретни проблеми и предлози кои дополнително ќе се разгледуваат.

Инаку,  вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во првите 9 месеци од 2017 година изнесува 314,9 милиони САД $, што претставува раст од 4,1% споредено со истиот период во 2016 година.

Притоа, остварен е извоз во вредност од 60,1 милиони САД $, за 9 месеци од 2017 година, додека увозното салдо изнесува 254,8 милиони САД $.

Република Македонија со Република Турција во 2014 година забележа  трговски дефицит од 194,6 милиони САД $.

Република Турција е осми трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија за 9-те месеци од 2017 година.

Извоз на  позначајни производи од Република Македонија во Република Турција во јануари - септември 2017 година:

• плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик – 19 милиони САД $;
• печатени кола - 5,2 милиони САД $;
• ткаенини од сечени синтетички влакна со други влакна - 4,1 милиони САД$;
• други ткаенини од памук до 85 % памук– 3,4  милиони САД$ ;
• неткаен текстил, импрегриран, пресвлечен – 2,7 милиони  САД $;
• огноотпорни тули, блокови, плочки, керамички производи – 2,4 милиони САД$;
• производи од други минерални материи со магнезит и слично – 1,8 милиони САД$;
• други тесни ткаенини со 5 % и повеќе еластомерно предиво – 1,7 милиони САД$;
• плоснати валани производи од железо или нелегиран челик, обложени со цинк, на друг начин обложени, со ширина 600мм и поголема – 1,4 милиони САД$.
• мермер, травертин, екосин и друг варовнички камен за споменици или градежништво – 1,3 милиони САД$;
• сурови кожи, овчи и јагнешки са вуном, свежи или солени, сушени,или поинаку конзервирани - 1,3 милиони САД$;
• нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и преработки – 1,1 милиони САД$.

Увоз на позначајни производи во Република Македонија од Република Турција во јануари - септември 2017 година:

• други плетени или хеклани материјали, н.н – 6,2  милиони САД$;
• други производи од пластични маси - 4 милиони САД$;
• предиво од памук (освен конец за шиење), со 85% или повеќе памук по маса, не за продажба на мало – 4 милиони САД$;
• печки, шпорети, решоа, скари и слично – 4 милиони САД$;
• плазирани керамички плочки за поплочување или обложување; глазирани керамички коцки за мозаик, на подлогаг или без подлога - 3,9 милиони САД$;
• други електрични спроводници,за напон што не надминува 1000 В - 3,8 милиони САД$;
• други моторни возила за превоз на лица - 3,7 милиони САД$;
• плетени или хеклани ткаенини со ширина поголема од 30цм - 3,5 милиони САД$;
• маици, поткошули и други елеци, плетени или хеклани - 3,3 милиони САД$;
• прачки и профили од алуминиум - 3,2 милиони САД$;
• лимон и лимета, свежи или суви - 2,6 милиони САД$;
• лекови, н.н., кои се подготвени во измерени дози, или во форми или пакувања за малопродажба - 2,3 милиони САД$;
• машини за миење садови во домаќинство - 2,3 милиони САД$;
• фрижидери за домаќинство, со или без длабоко замрзнување - 2,2 милиони САД$;
• приемни апарати за телевизија, со или без вграден радиодифузен приемник или со апарати за снимање или репродукција на звук или слика - 1,9 милиони САД$;
• ормани, витрини и слично за ладење - 1,2 милиони САД$;
• други окови, прибор и слично за мебел - 1,2 милиони САД$;
• машини и апарати за филтрирање и пречистување вода – 1 милиони САД$.

м-р Сања Николова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права