11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

23.11.2018 - 23.11.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат,  Македонија

Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -


 

Еднодневен семинар на тема:

МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ
- СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -
 
23.11.2018  година (петок)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Извозот е клучен предизвик за компаниите. Тајната на успехот кога извозот е во прашање е сопствено приспособување на специфичностите на пазарите. Секој пазар има своја специфика. Ако постои стратегија и специјализација за одредени производи со голема додадена вредност, тогаш неизбежно е извозот да претставува развојна компонента. За да се намалат ризиците на извозниците, тие треба да се потпрат на диверзификација, односно да не зависат од еден пазар.
Овој семинар е наменет за претставници од домашните компании, државните компании, компаниите во облик на заеднички вложувања, како и мултинационалните компании, или со други зборови за сите оние учесници кои директно или индиректно се вклучени во ивозни активности или пак сакаат да добијат повеќе информации за тоа кои и колкави се придобивките од извозот.
На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат можност да ги разграничат раликте помеѓу: присуството на разлики во квалитетот на производите помеѓу извозните фирми и пазарите на кои се извезува, како и улогата на разликата во квалитетот во контекст на пазарна либералзација. Резултатот ќе понуди насоки за тоа дали треба да стимулираат и поддржуваат инвестиции заради зголемување на ефикасноста, или инвестиции заради подобрување на производствената технологија и подобрување на квалитетот на производите.
Семинарот ќе им овозможи на учесниците да разберат: дали и во кој момент успешните извозници е подобро да извезуваат поквалитетни производи за повисоки цени или производи со додадена вредност во земји кои се поразвиени и каде има посилна конкуренција.
Воедно, учесниците ќе добијат познавање за тоа: со кој вид на производи компаниите треба да се фокусираат на одделни пазари и дали треба да извезуваат поголем или помал тип/вид од сопствените производи.

Семинарот ќе ви помогне:

- Да ги дознаете инструментите кои овозможуваат раст при извоз на пазарите на 
  земјите во развој;
- Да се разберат детерминантите за успех на извозно ориентираните компании;
- Да разберете како да најдете успешни, долгогодишни странски деловни 
  партнери;
- Да ги пронајдете технолошко сродните партнери за трговија во гранката на 
  која  припаѓате ;
- Да дознаете како да ја заштитите сопствената интелектуална сопственост;
- Да дознаете кои се партнерите во кои треба и кои се оние во кои не треба да се
  вложувате / односно да трошите време, средства и човечки ресурси;
- Да дознаете како да ги користите Европските фондови и грантови за 
  истражување и развој, a при тоа истите да бидат во насока на стимулирање на
  извозот; 
 - Подобро да ги разберете европските пазари и правната легислатива;
- Да ги пронајдете и искористите за вас вистинските саемски манифестации;
- Да дознате како и кога да го планирате буџетот за реазлизација на успешен 
  извоз.

Програма:

- Извоз / зошто и на кого му е потребен;
- Нови извозници;
- 10 чекори за успешен извоз;
- Потребна извозна документација;
- Извозни курсеви – семинари;
- Изнаоѓање на  вистинските партнери;
- Пристап до извозни финансии;
- Управување со платежниот ризик;
- Склучување извозни договори нудејќи конкурентни производи и услови;
- Важноста на извозот.

Придобивки на компаниите кои извезуваат:

- Стекнување со меѓународни дозволи и сертификати за продажба;
- Одличен начин за продолжување на животниот век / циклус на производите;
- Модернизација на сезонското производство;
- Интернационализацијата како конкурентно позитивна стратегија;
- Производите кои не носат профит на домашниот пазар, да носат на 
  меѓународниот;
- Поголем финансиски резултат, побрз раст;
- Проширување на ризикот на повеќе пазари;
- Зголемување на обртот и стабилноста на компанијата;
- Привлекување на подобри/ поквалификувани вработени;
- Независност во поглед на едноличност при продажбата;
- Компанијата се трансформира во прогресивна;
- Извозот ја заштитува команијата од цикличните движења на домашниот пазар

Предавач:

-проф. д-р Гордана Петрушевска, експерт и менаџер. Д-р Петрушевска своите магистерски студии ги завршува во 2003 година, на Шефилд Универзитетот во Солун, на тема: „Тимско работење и активности за организрање успешни проекти“. Своите докторски студии го завршува на Универзитетот за Мир на Обединетите нации во Белград во 2012 година, на тема: „Позиционирање на производи во услови на криза“. На академско ниво, д-р Петрушевска, меѓу останатите предмети предава: Меѓународна економија, Меѓународна трговија, Развивање на нови производи.
Нејзиниот експертски и менаџерски сегмент го започнува на Скопски саем како организатор на домашни самски манифесации, продолжува со организација на меѓународни самески манифестации во земјата, како и организирање учество на домашните компании на меѓународни саемски манифестации. Кариерата на Скопски саем ја завршува како генерален директор, со многубројни признанија за продажба на домашен и меѓународен пазар. Понатаму, сопствениот експертски сегмент го продолжува во „Урбан Инвест“ ДОО, како директор за продажба и маркетинг и директно задолжена и одговорна за зголемување на продажбата на домашниот и на надворешниот пазар. 
Специјализации: изготвување и спроведување на годишен план, согласно развојната концепција на компанијата, изготвување и спроведување на одделни  стратешки планови по профитни центри, изготвување предлог-маркетинг концепција за унапредување на продажбата, изготвување стратегија за подигнување на задоволството на купувачите, изготвување правилник за следење на промотивните активности и тактиките на маркетинг промовирање, изготвување интерни акти за употреба на техниките на продажба и промоција.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20.11.2018 година.

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права