26.07.2017 (Бизнис средби)
Билатерални деловни средби меѓу македонски и турски компании - 26.07.2017 Скопје

26.08.2017 (Форум)
12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина -26.08.2017, Горња Радгона,Р.Словенија

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

18.09.2017 (Тренинг обука)
Дводневен тренинг: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

21.04.2017


Актуелно  

АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО РУДАРСТВОТО - тема на расправата на Македонската асоцијација на рударството


На 21.4.2017 година, Македонската асоцијација на рударството расправаше за актуелните состојби во рударството во присуство на претставници на министерствата за економија, за животна средина, професори од Рударскиот факултетот од Штип и претставници на активните рудници, при што беше истакнато дека на оваа средба присутни се одговорни лица кои се носители на стручноста за геологијата, рударството, проектирањето, изработка на елаборати и друго.

Во кратки црти, Марија Петроска од Комората изнесе податоци за состојбата во рударството, при што истакна дека во оваа област активно работат 189 компании со околу 7.000 вработени, но ако се има во предвид дека производството на неметалите минерали се дел од оваа индустриска гранка, тогаш вкупниот број изнесува и преку 13.000 работници.

Кај вадењето на руди на метал, состојбата постепено се стабилизира и таа во двата месеца од 2017 година скоро е идентична со истите месеци од 2016 година, односно има само минимално опаѓање од 0,7%. Податоците говорат дека споредено само за месец февруари 2017 година со истиот месец од 2016 година, има зголемување на производството од 4,3%. Овде сигурно има позитивно влијание рестартирањето на рудникот „Злетово“, но и на „Тораница“, така што во наредниот период може да се очекува натамошно зголемување.

 

Според податоците добиени од страна на Министерството за економија, од Секторот за минерални суровини, за истражување се доделени околу 34 концесии, од кои 13 концесии се за метали, а додека за експлоатација се доделени 375 концесии, за сите видови минерални суровини, од кои 12 концесии се за метали.

Рударството засега во БДП учествува само со околу 1,0%, додека во извозот учествува со околу 3,85%, а во увозот учествува со околу 6,04%, или искажано во вредност, се извезува стока во вредност од околу 185 милиони САД  долари, а додека се увезува стока во вредност од околу 410 милиони САД долари.

За жал, се увезуваат неметални минерални производи во вредност од околу 370 милиони САД долари, а се извезуваат само во вредност од околу 47 милиони САД долари. За ваквата состојба често на седниците на МАР се расправа, а приоритет се дава и се бара од ресорното министерство, за донесување на Стратегија за развој на минералните суровини во нашата земја.  

Идејата за донесување на Стратегија не е прв пат да се истакнува, истата беше поддржана од Управниот одбор на Комората, а исто така, беше поддржана од страна на присутните. Стратегијата треба да ја даде насоката за развој на рударството, со вклучување на стручњаците од геологијата и рударството.

Во обемната расправа, беше потенцирано дека изостанува активно учество на стручната јавност за одредена тема со аргументи и податоци, потоа се истакна дека треба да преовладува и поголема доверба меѓу стручните лица, а сето тоа да се пласира и во јавноста, за донесување на правилна оцена за одредени концесии, било да се во фаза на истражување, било да се во фаза на експлоатација.

Посебно незадоволство беше потенцирано за состојбата што е во Гевгелија, каде и покрај тоа што Општина Гевгелија има дадено позитивно мислење при добивањето на дозволата за истражување, сега нестручни лица пласираат податоци со кои се доведува населението во заблуда и се оди на референдум.

Фирмата повеќе од три години врши истражување, поднесува годишни извештаи до ресорното министерство и до сега немало никаков проблем, ниту од Министерството ниту од Општината. За жал, од непознати причини, се направи голема заблуда кај населението. Ваквите состојби можат да имаат негативно влијание кај странските инвеститори при што постои можност за нивно повлекување или откажување за искажаниот интерес за вложување во рударството. 

Во расправата беше нагласено дека сите рудници имаат обврска да поседуваат А интегрирана дозвола, со што во целост се исполнуваат и условите за зачувување на животната средина.

Посебно беше потенцирано дека МАР, Рударскиот факултет во Штип, вклучувајќи ги и соодветните стручни институции, треба почесто да соработуваат и да расправаат за теми кои се неопходни, како за размена на информации меѓу себе, така и за поголемо присуство во јавноста.

Марија Петроска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права