Бизнис-настани

03.12.2018 - 03.12.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

МАРКЕТИНГ ЗА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИ КОМПАНИИ


Еднодневен семинар на тема:

МАРКЕТИНГ ЗА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИ КОМПАНИИ

5.12.2018 година (среда)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 


          Извозно ориентираните компании имаат многу предизвици при пробивање на своите производи и услуги на странските пазари. Еден од тие предизвици е правилно маркетирање односно рекламирање на тие производи или услуги, соодветно на пазарот кој се таргетира.  

          Секој пазар има различни потреби и побарувања, но за да се обезбеди правилна промоција и успех на продажбата на извозно ориентираните компании, потребно е да се следат неколку основни чекори кои се задолжителни во маркетинг активностите на овие компании. Во време на голем избор на производи и услуги на странските пазари, пониските цени на нашите компании не се доволен фактор за успех. Извозно ориентираните компании треба да најдат начин како соодветно да се рекламираат и директно да стигнат до својот краен корисник во странство, со цел да ја зголемат продажбата.

          Употребата на одредени стратегии и алатки за соодветна маркетинг комуникација во светот е клучна за успехот на извозно ориентираните компании.  За таа цел, најновиот семинар во Стопанската комора на Македонија, на 5 декември 2018 година, ќе се одржи на тема „Маркетинг за извозно ориентирани компании“. Овој семинар ќе пренесе теоретски и практични совети за тоа како компаниите да ја одберат и да ја реализираат соодветната маркетинг стратегија за странските пазари, за да постигнат полесна пенетрација на пазарот и зголемена продажба.

          Семинарот ќе го опфати процесот низ кој поминува секој потенцијален клиент низ маркетинг инката, како и процесот на генерирање заинтересираност за производите и услугите на извозно ориентираните компании. Дополнително, учесниците ќе имаат можност да изработат еден сегмент од нивната извозно ориентирана маркетинг стратегија и да добијат насоки за понатамошна реализација на истите.

За кого е наменет овој семинар?
          Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во извозно ориентираните компании, како и за сите сопственици на бизниси кои сакаат подобро да разберат како да ги промовираат своите производи и услуги надвор од државата.

ПРОГРАМА


ПРВ ДЕЛ:
- Основи на извозно ориентиран маркетинг:
  • Фактори за успешност на извозно ориентирани компании;
  • Дефинирање на целните пазари;
  • Анализа на бариери за влез на производи наспроти услуги;
  • Таргетирање на соодветниот купувач;
  • Основни процеси во маркетинг инката.

ВТОР ДЕЛ:
- Процес на развој на маркетинг стратегија за извозно ориентирани компании:
  • Видови на маркетинг кои функционираат подобро во други држави;
  • Анализа на пазар и осознавање на потребите – разлики меѓу македонски и странски пазари;
  • Подготовка на стратегија за генерирање лидови и клиенти;
  • Развој на маркетинг план соодветен за пазарот;
  • Креирање заедница заинтересирана за производите и услугите;
  • Претставување на вработените како бренд менаџери, персонална маркетинг стратегија;
  • Алатки за реализација на маркетинг стратегиите;
  • Метрики и KPI’s за следење на успехот на стратегијата.

ТРЕТ ДЕЛ:
- Практичен дел за креирање на извозно ориентирана маркетинг стратегија:
  • Поставување цел;
  • Дефинирање на таргет пазар;
  • Креирање на маркетинг стратегија според маркетинг инката;
  • Дефинирањe KPI`s за мерење резултати.


ЧЕТВРТ ДЕЛ:
- Споделување на резултатите од вежбата, практични совети на предавачот.


Предавач:  

-Теодора Николовска, сопственик на „Vrootok“ – маркетинг и консалтинг агенција, маркетинг консултант и тренер. Теодора Николовска има седумгодишно работно искуство во областа на маркетинг, од кои веќе две години работи со клиенти од светот, дополнително е главен директор на „Startup Grind“ за Скопје (иницијатива поддржана од Google for Enterpreneurs). Како консултант, главни области кои ги опфаќа се дигитален маркетинг, маркетинг стратегија, координација на маркетинг процеси и продажба, организациска структура, претприемништво и лидерство. Теодора Николовска работи со тимови, но и со индивидуалци.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Рок за пријавување: 3.12.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права