23.06.2017 (Семинар)
ГОДИШЕН ОДМОР, ТРАЕЊЕ, СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО, ПРАВО НА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ, КОРИСТЕЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА НЕИСКОРИСТЕНИОТ ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР

28.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

28.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

29.06.2017 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА

29.06.2017 (Семинар)
БЕЗБЕДНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

29.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг обука на тема:КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

05.07.2017 (Семинар)
НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

14.07.2017 (Семинар)
АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС НА РАБОТНОТО МЕСТО (СТРЕС МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ)

17.07.2017 (Форум)
КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 - 17-19.07.2017 ПРАГА, Р.ЧЕШКА

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

04.04.2017 - 04.04.2017


Семинар  Македонија

Еднодневен семинар:ДИГИТАЛНА ТРАНФОРМАЦИЈА - СЕГАШНОСТ И ИДНИНА


Еднодневен семинар:

  ДИГИТАЛНА ТРАНФОРМАЦИЈА - СЕГАШНОСТ И ИДНИНА

6.4.2017 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Во современите услови на работење, се` поактуелна е темата за дигитална трансформација. Компаниите како: Airbnb, Uber, Alibaba и многу други, претендираат да бидат лидери во својата област, област која се базира исклучиво на давање електронски услуги на корисниците преку примена на нови технологии. Со тоа се развива свеста дека е неопходно да се промени аголот на гледање и сфаќање на традиционалните начини на водење на бизнисот. Тоа е причината за уште позначајната улога која ја има топ менаџментот, а тоа е сфаќање и прифаќање на можностите кои ги нуди новата технологија.
Појавата на нови технологии како: Cloud Computing, IoT, 3D printing, Machine learning, BigData и многу други, драматично ја зголемуваат потребата за трансформација на традиционалните бизнис процеси со нови бизнис модели, процеси и услуги, каде што корисниците се во центарот на вниманието, со цел да се добие подобра конкурентска позиција во немилосрдната конкуренција. Во контекст на дигитализацијата, дури и класичната економија го доби „Д" префиксот и стана дигитална економија. Затоа не е чудно што се појавија и крипто валути, како и Bitcoin, кои меѓу другото претставуваат алтернатива на класичните пари.
Сепак, треба да се има предвид дека изобилството на новата технологија има и друга страна, а тоа е нивото на безбедност кое злонамерните актери сакаат да го искористат. Трансформацијата на бизнис процесите со оптимален сооднос на примената на новите  технологии и соодветна заштита обезбедува предуслови за успешна дигитална трансформација на компанијата.

Семинарот е наменет за: раководителите и вработените во компаниите кои се вклучени во развојот на нови услуги, менаџерите и вработените кои се занимаваат со примена на нови технологии, лицата задолжени за развој на софтвер, бизнис и клиент апликации, вработените кои се занимаваат со заштита на информациите, како и за сите оние кои имаат интерес за учество на семинарот.

ПРОГРАМА:

1. Што носи дигиталната трансформација?
2. Управување со информации;
3. Трансформација на бизнис процесите;
4. Нови технологии во корист на дигиталната трансформација;
5. Безбедност на информациите во опкружување на дигиталната трансформација;
6. Дигитална трансформација / студија на случај.

Предавач:
 - доц. д-р Драган Ѓокиќ, со повеќе од дваесетгодишно искуство во организирање и реализирање на работи кои се однесуваат на ИT-корисничка поддршка, ИT-едукација и безбедно управување на дигиталните содржини во ЈП „Пошта Србија“. Во текот на своето професионално работење  учествувал  во поголем број ИT- проекти. Се занимава со применета информатика која има за цел примена на современи ИT-технологии во деловното опкружување. Сертифициран е ISO/IEC 27001 Lead Auditor. Од 2013 година е член на:  Комисијата за стандарди I1/07, Софтверски инженеринг, промени на ИT во образованието и Интернетот, Институтот за стандардизација на  Србија и Комисијата за стандарди I224, индентификација, картички, финансиски услуги и техники за безбедност во ИT. Исто така, член е на Здружението Е-сигурност чија главна цел е подигање на нивото на информациската безбедност во Република Србија. Има повеќегодишно искуство како професор  на Високата школа за стручни студии за информатичка и комуникациска технологија во Белград, а од пред две години е избран како  доцент за научната област за информациони системи на Факултетот за информациски технологии на Универзитетот „Метрополитен“ во Белград. Тој е автор и коавтор на голем број научни трудови во областа на електронското работење и портал технологии од кои некои се и на  SCI-листи.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-работен материјал;
-ручeк и освежување;
-сертификат за присуство на семинарот.

Работен јазик на обуката: српски.

Рок за пријавување: 28.3.2017 година.


 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ивона Каранфиловска
Тел: ++ 389 2 3244084
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права