Регионалната Комора Битола е наследничка на околиската Трговско-Индустриска комора за Битола од 1963 година. Од 1963 до 1998 година работи како територијален одбор на Стопанска Комора на Македонија. Од 1998 година во склоп на Стопанската Комора на Македонија формирана е Регионалната Комора со седиште во Битола која го покрива стопанството на општините Битола, Ресен и Демир Хисар.
Врз основа на член 6 од Правилата за организација и начинот на работа на Регионалната комора со седиште во Битола, Регионалната комора со седиште во Битола, на седницата одржана на 31.05.2010 година, донесе Одлука за избор на претседател, потпретседатели и членови на Управниот одбор.

За претседател на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Битола , се избра Благој Стојчев, „ Млин Стојчев “ - Битола.
За членови на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Битола, се избраа:
1. Благој Стојчев, Млин Стојчев, Битола, претседател
2. Мирко Велковски, Хемометал, Битола,потпретседтал
3. Мирко Ристевски, ЕЛЕМ РЕК Битола, Битола
4. Роко Водопија, ИМБ Млекара Битола, Битола
5. Иванчо Наумов, Квасара, Битола
6. Раде Христовски, Канди, Битола
7. Драги Милошевски, Киро Дандаро, Битола
8. Владо Јовановски, Б & К маркет, Битола
9. Кире Стефановски, Енигма, Битола
10. Илија Тасевски, Сокомак, Битола
11. Веле Стефановски, Стопанска Банка АД Битола, Битола
12. Борче Таневски, Мак-Строј, Битола
13. Томе Тромбев, Метеорит, Битола
14. Олгица Стојчевска, Агроплод Свислион, Ресен
15. Ѓорѓи Кочовски, Комора на занаетчии, Битола
16. Цане Павловски, ФОД Новаци, Битола
17. Зоран Илиевски, Водовод, Битола
18. Ацо Поповски, Железник, Демир Хисар
19. Драги Петровски, ЗК Пелагонија, Битола
20. Трајан Котески, Индустриска зона Жабени, Битола
21. Мирјана Митревска, Хотел Молика, Битола
22. Лидија Паспалова, Тримод, Битола
23. Рајчановски Јованчо, Хатекс, Ресен
24. Зоран Радевски, Компани Ж. Радевски, Битола
25. Драган Дамјановски, Фондација за МСП, Битола
26. Розита Талевска-Христовска, БСЦ Битола, Битола
Претседателот на Управниот одбор е и претседател на Регионалната комора со седиште во Битола.
Регионална комора со седиште во Битола - ПОДРШКА НА ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС КЛИМАТА
* За претседател на Управниот одбор на Регионалната комора од Битола беше избран Благој Стојчев од фирмата „Млин Стојчев“ , а за потпретседател Мирко Велковски од фирмата „Хемометал“
На 31.5.2010 година во Битола се одржа седница на Регионалната со седиште во Битола. На седницата присуствуваа членки на комората и избираа нов Управен одбор. За претседател на Управниот одбор на Регионалната комора од Битола беше избран Благој Стојчев од фирмата „Млин Стојчев“ - Битола, а за потпретседател Мирко Велковски од фирмата „Хемометал“ - Битола.
На седницата, покрај извештајот за работењето на регионалната комора во претходниот мандатен период беше разгледан и материјалот „Структура на бруто домашниот производ - патоказ за економски модел за развој на македонското стопанство“ кој беше претставен од Стојмирка Тасевска од Стопанска комора на Македонија.

Присутните стопанственици со своја дискусија дадоа поддршка на Стопанска комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Битола, со својата активност и настојувањето за упорно залагање во предлозите до надлежните институции во државата, со цел да се допринесе за подобрување на бизнис климата.
На состанокот присуствуваше генералниот секретар на Стопанска комора на Македонија, м - р Јелисавета Георгиева.
Контакт адреса : Регионална канцеларија во Битола ул. 1-ви Мај бб, 7000 Битола | Контакт лице : Вељан Димковски Тел: (047) 225-088 Факс:(047) 202-614 E-адреса: regiobt@mchamber.mk |