24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

02.11.2017 - 12.12.2017


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија,  Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“



Тренинг - обука:

„Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“

согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение бр.11-20103/2-14 од 09.01.2015 година


Методологија

Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа.
Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок.
По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука.

Целна група:
Обуката можат да ја посетуваат лица кои се ориентирани кон градење кариера во делот на управување со човечки ресурси, вработени од секторите за управување со човечки ресурси во компаниите кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат и да стекнат сертификат признат од Министерството за образование и наука.

ПРОГРАМА

Во текот на обуката ќе бидат опфатени следните тематски целини:
 
1. Соверемени предизвици на менаџментот на  човечки ресурси:
   - Поим и значење на менаџментот на човечки ресурси;
   - Стратегиски менаџмент на човечки ресурси;
   - Основни функции на МЧР;
   - 8 основни чекори за воспоставување сектор за човечки ресурси во компанијата и
   - Дефинирање на организационата структура на секторот за човечки ресурси и работните процеси.

2. Регрутирање и селекција на вработените
   - Дефинирање на потребите;
   - Изработка на планови за вработување и буџетирање на истите;
   - Водење на процеси за регрутирање и селекција и
   - Координација и спроведување на процесот на воведување во работата.

3. Закон за работни односи и етика во работењето
   - Начела на Законот за работни односи;
   - Договори за работа;
   - Прекршочни одредби и
   - Етика.

4. Лидерство и личен развој 
   - Лидерство – единствен печат на поединецот и организацијата;
   - Дефинирање на улогата на менаџерот во претпријатието;
   - Управување со тим;
   - Управување со стрес и конфликти и
   - Личен развој.

5.  Поим за организациона структура и култура од аспект на МЧР
   - Дефинирање на поимот на организациона структура;
   - Формална и неформална организација;
   - Дефинирање на поимот на организациона култура и
   - Интегриран модел на промена во организационата култура.

6. Од кадровска до стратегиска функција на човечки ресурси
- Кадровска служба во организацијата и
- Стратегиска функција на човечките ресурси.

Дополнителни информации:

• Предавањата се распоредени во 11 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно.
• Обуката започнува на 2 ноември 2017 година и ќе се реализира со следната динамика:
  - Модул 1 – 2 и 3 ноември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;
  - Модул 2 – 9 и 10 ноември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;
  - Модул 3 – 23 и 24 ноември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;
  - Модул 4 и 5 – 4,5 и 6 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;
  - Модул 6 – 11 и 12 декември 2017 година од 08:30 до 15:00 часот;
• Број на учесници во група: 10 – 20 учесници.
• Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик.
• Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија.
• Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит.

Тренери:

Доц. д-р Љупчо Ефтимов

Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија.


М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ

Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП)  - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции:
- заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград;
- консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград;
- директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград;
- директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград.


Д-р Зоран Михајлоски

Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Котизација за учество:
- 27.900 + ДДВ денари за 1 учесник;
- 10% попуст за секој нареден учесник од иста компанија, студенти и невработени лица

* Тренинг-обуката ќе се реализира доколку е оформена група од минимум 10 учесника.

Краен рок за пријавување: 26.10.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права