11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Форум)
„ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ“-12.12.2017 КАВАДАРЦИ

13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

20.12.2017 - 20.12.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ


Еднодневен семинар на тема:

РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

20.12.2017 година (среда)
10.00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 


        Стопанската комора на Македонија, на 20.12.2017 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде длабинска разработка на Договорите на автономната трговска пракса. Предметнава тема е поставена за разработка како последица на потребата на компаниите во една поширока и послободна рамка да ги уредуваат своите соработки.
        Оттука, доаѓа и потребата од пообемни знаења од оваа област врз основа на коишто ќе може да се зголеми способноста за практична анализа на предметот кој сака да се уреди преку договорите од автономната трговска пракса, воочување на договорите кои стојат на располагање за уредување на деловните односи и начинот за нивно успешно преточување во пишан текст во потребна форма токму за овие договори.
        Воедно, заради комплетна разработка на оваа тема, ќе бидат опфатени и детално појаснети сите извори за уредување на овие договори (трговските обичаи и воспоставена трговска пракса), а детално ќе биде посочено и на сите меѓународни униформни правила (меѓународните конвенции и договори, меѓународните закони и водичи и меѓународните збирки начела). Во рамките на семинарот ќе биде опфатено и посочување на проблемите со кои се соочуваат компаниите при толкувањето на овие договори и разработка на конкретни договори од автономната трговска пракса.


ПРОГРАМА

• Разграничување на договорите на автономната трговска пракса;
• Видови договори на автономната трговска пракса;
• Извори за уредување на договори на автономната трговска пракса; 
• Меѓународни униформни правила;
• Толкување на договори на автономната трговска пракса;
• Разработка на конкретни договори на автономната трговска пракса.

ЦЕЛНА ГРУПА:
        Семинарот е наменет за управителите, за вработените во правните служби кои работат во правните лица, адвокатите, како и за сите оние кои склучуваат ваков вид на договори и имаат потреба од проширување на своите знаења од предметната тема за разработка.

ПРЕДАВАЧ:

- м-р Тања Петковска, адвокат од Скопје, магистер по Меѓународно право и меѓународна политика со специјалност меѓународно право.  Со практична работа во правото се занимава 9 години. Своето работно искуство го започнува во Основниот суд Скопје 2 – Скопје, каде има работено во областа на стопанските спорови, работните спорови, стечајните постапки, платните налози и парничните постапки; продолжувајќи со работа во сопствена адвокатска канцеларија во областа на граѓанските и стопанските спорови.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот;

Последен рок за пријавување  на семинарот 18 декември 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права