11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Форум)
„ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ“-12.12.2017 КАВАДАРЦИ

13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

17.10.2017 - 17.10.2017


Тренинг обука Ресторан „Глориус“, Велес,  Македонија

НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП


Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ во рамките на Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“ организираат напредни обуки за компаниите со цел компаниите да бидат запознаени со бенефициите кои им стојат на располагање во насока на вработување лица со хендикеп и создавање инклузивна работна сила.

Компаниите од отворениот пазар на труд се клучен партнер на Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ и единствено преку интеграција на активните баратели на работа со хендикеп во овој пазар ќе можеме да зборуваме за еднакви можности и недискриминација во работата и работните процеси. Како дел од стратешката насоченост на Центарот и на партнерите кои го поддржуваат, овозможувањето на нови знаења и иновативни техники се приоритети за тоа како да се вклучат најразлични прашања поврзани со хендикеп во редовните работни процеси. Преку напредните обуки наменети за компаниите, но и преку програмата за практикантство/волонтерство, ќе им се овозможи на партнерските компании да добијат тренирање на работното место и контрола на работата на лицата со хендикеп. Дополнително, учесниците ќе се здобијат со продлабочено знаење за спроведувањето на соодветното приспособување на работното место.

Во Република Македонија, бројот на вработени лица со хендикеп е многу мал во однос на целата вработена популација. Преку Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ ќе се гради мост помеѓу лицата со хендикеп и компаниите, со цел да се извлечат придобивки и за двете страни.

Обуката ќе се одржи на  17.10.2017 година (вторник), со почеток во 10:30 часот, во Ресторан Глориус-Велес.

Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 13.10.2017 година. Контакт: Ирена Жарова, е-адреса: irena.zarova@mchamber.mk, телефон: (+389)  43 227 736, мобилен: 078 375 174.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Ирена Жарова
Тел: ++ 389 43 22 77 36 Факс:++ 389 43 22 77 36
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: irena.zarova@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права