23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

04.12.2017


Актуелно  

ПОСТОИ ОПТИМИЗАМ ЗА АНГАЖИРАНОСТА НА КОМПАНИИТЕ ОД ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД


На прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија, што се одржа на 4.12.2017 година, Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, говореше за моменталните движења во градежништвото и проекциите за 2018 година. Тој истакна дека за деветте месеци од оваа година, не се постигнати завидни резултати, ако се разгледаат финансиските резултати, договорените и извршените градежни работи.

По согледување на резултатите од работењето на градежните компании за периодот од деветте месеци од оваа година, може да се констатира дека последиците од долготрајната политичка криза во нашата земја, за што повеќе пати предупредувавме изминатиот период, почнаа да се чувствуваат. Посебно негативна импликација се чувствува врз градежниот сектор кој изминативе години беше двигател на економиајта и главен причинител на високиот раст на БДП. Долготрајното предавање на власта е уште една од причините за моменталната состојба на компаниите. Големата неизвесност се одрази во голема мерка врз работењето на државната администрација.

Проблемите речиси и да не се решаваа, а постоеја административни пречки во донесувањето одлуки и решенија, коишто имаа финансиска импликација врз проектите, додека пак доспеаните долгови тешко и нередовно се исплаќаа.

Наведените причини најмногу придонесоа да дојде до стагнација на работењето, при што се евидентира и намалена активност во однос на минатата година, имајќи предвид дека државните органи, односно Владата на РМ и локалната самоуправа, беа главните инвеститори и двигатели на градежните активности. Оттука, не треба да не` изненадуваат и самите резултати од работењето.

Уште еден битен фактор кој имаше големо влијание врз работењето во овој период, посебно врз вредноста на изведените работи, беше и драстично намалениот обем на јавните набавки во градежништвото, од причина што не се отпочна со изведба на нови проекти.

За периодот за деветте месеци од 2017 година, ги имаме следните статистички податоци:

- во градежништвото за периодот од осум месеци од оваа година имаме зголемување на вредноста на договорените градежни работи за околу 5%, или вредноста изнесува околу 75 милијарди денари, а за истиот период имаше договорени околу 71 милијарда денари;
- за истиот период од оваа година имаме намалување на извршените градежни работи од  21,2%, односно извршени се 17,0 милијарди денари, од кои 11, 0 милијарди се извршени во нискоградбата, а околу 6,0 милијарди во високоградбата;
- според податоците за издадени одбренија за градење за период од деветте месеци од оваа година, издадени се 2.345 одобренија, или помалку за околу 2,0% споредено со истиот период од 2016 година. Меѓутоа, предвидената вредност изнесува околу 38 милијарди денари, кои се поголеми за околу 7,0% споредено со истиот период од лани, или околу 35,0 милијарди  денари; 
- во странство, за деветте месеци од оваа година, споредно со истиот период од лани, има намалување и на договорените (за 16,0%) и на извршените градежни работи (за 39,0%). 

Според изнесените податоци, како и изјаснувањето на компаниите-членки на Здружението, интензитетот на активностите се намалува, но постои фронт за работа ако се имаат предвид податоците на договорените градежни работи, кои бележат зголемување во периодот од деветте месеци од оваа година.

Нешто подобро стои работењето на производството на градежни и неметални материјали и тоа од причина што индустриското производство споредено деветте месеци од 2017 година со истите месеци од 2016 година, скоро е на исто ниво или има опаѓање само за 0,1%. Извозот на градежни и неметални производи во последните неколку години се движи околу 60-70 милиони евра, додека увозот е далеку поголем и тоа за неколку пати. Во земјата се увезуваат градежни материјали кои се произведуваат, како на  пример: керамички тули, цемент, керамиди, изолациони материјали и слично и тоа од соседните земји.

-Здружението е активно во работењето и своите проблеми и потреби од промена на законската регулатива досега ги има искажано и тоа на  два состанока со министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, потоа со заменикот на претседателот на Владата, д-р Анѓушев, како и на средби со претставници задолжени за изготвување на текстови на закони од областа на градежништвото. Активностите продоложуваат, така што и следниот понеделник ќе имаме средба со советникот на премиерот за градежништво, - истакна Серафимовски.

Оценка е дека до крајот на годината нема да има промени на состојбата во градежниот сектор, посебно кај поголемите компании и трендот од првото деветмесечје ќе биде задржан до крајот на годината.

Постои оптимизам за подобрување на состојбите во градежништвото во почетокот на 2018 година, според обемот на договорените работи и најавените инвестиции во периодот што следи. Се очекува на стабилизирање на политичката состојба, од причина што бизнисот не може да трпи уште потреси, кои го забавуваат работењето, а потпомогнато и од самата администрација, која од субјективни или од објективни причини влијаеше врз забавување на тековното работење на компаниите. 

Марија Петроска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права