26.06.2018 (Презентација)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ ЗА ИСКОРИСТУВАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.07.2018 (Форум)
7ми Самит и бизнис форум на шефовите на влада на земјите од Централна и Источна Европа и Кина

12.07.2018 (Работилница)
ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА, ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА ВРЕМЕНА НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА – БОЛЕДУВАЊЕ, ПАУЗИ И ОДМОРИ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

31.05.2018 - 31.05.2018


Инфо сесија хотел Уни-Палас, Кавадарци,  Македонија

ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ


ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА НА ТЕМА:
ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА
И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ

31 мај 2018 година (четврток)
Хотел „Уни Палас“ - Кавадарци
11:00-14:00 часот
 

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија, Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, заедно со четирите клучни партнери:  Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанската комора на Северозападна Македонија, ќе организира информативен настан за унапредување на регулативата и начинот на спроведување надзор над пазарот.

Целта на овој информативен настан е согледување на постојната состојба во поглед на регулативата којашто го одредува делокругот на работа на Државниот пазарен инспекторат, како еден од носечките инспекциски органи со надлежности во поглед на контролата на трговијата, угостителството и туризмот, безбедноста на производите, заштитата на потрошувачките права и правата од интелектуална сопственост, со цел низ дискусија со приватниот сектор и низ процес на јавно приватен дијалог да се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат поефикасна контрола над пазарот и воедно креирање на предвидливо деловно опкружување за компаниите. 

Предавач на овој информативен настан е м-р Кирил Миноски, консултант со 19-годишно меѓународно искуство во креирање политики, развој на институционалниот капацитет, развој на приватниот сектор, управување со промени и проектен менаџмент, поранешен консултант на консултантската куќа „Буз Ален Хамилтон“ и лице кое што во минатото извршуваше повеќе високи државни функции.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 30 мај 2018 година (среда). Лице за контакт: Тања Мицева Белевска, е-адреса: tanja@mchamber.mk, телефон: 071 380 850. 

 

АГЕНДА

10:45 – 11:00

Регистрација на учесниците

 

11:00 – 11:10

Презентација на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“

 

11:10 – 12:40

Тековната  состојба на законската рамка којашто го регулира работењето на Државниот пазарен инспекторат:

§  Законски надлежности;

§  Начин на вршење на инспекциски надзор.

12:40 – 13:00

Пауза за кафе

 

 

13:00 – 14:00

Предлози и конкретни мерки за подобрување на регулативата и начинот на спроведување надзорот над пазарот

 

§  Предавач: м-р Кирил Миновски

§  Дискусија и прашања

14:00

Коктел

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Тања Мицева
Тел: ++ 389 43 415 044 Факс:++ 389 43 415 044
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: tanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права