23.06.2017 (Семинар)
ГОДИШЕН ОДМОР, ТРАЕЊЕ, СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО, ПРАВО НА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ, КОРИСТЕЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА НЕИСКОРИСТЕНИОТ ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР

27.06.2017 (Настан)
ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

28.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

28.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

29.06.2017 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА

29.06.2017 (Семинар)
БЕЗБЕДНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

29.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг обука на тема:КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

05.07.2017 (Семинар)
НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

14.07.2017 (Семинар)
АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС НА РАБОТНОТО МЕСТО (СТРЕС МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ)

17.07.2017 (Форум)
КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 - 17-19.07.2017 ПРАГА, Р.ЧЕШКА

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Историја

Историја

 

КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Коморите, како репрезент и застапник на интересите на стопанството, се карактеристика на сите опшествено-економски и политички системи. Како и многу други институции и асоцијации, разликите и нијансите на коморското организирање се резултат на продукционите односи на определено општествено уредување. Но, секогаш биле и се значаен економски  фактор и според многу аналитичари, според редоследот на вредноста се вбројуваат веднаш по најрепрезентативните политички институции-парламентот и владата. Затоа, уште речиси пред еден век еден од премиерите на Велика Британија ја искажа мислата: "Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирање на законите отколку како опонент во сферата на нивната имплементација". (повеќе)

 

95 ГОДИНИ ОД КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 17 февруари 2017 година, во присуство на комлетната домашна бизнис елита, придружувана од присуството на дел од влијателните, за Македонија, домашни и меѓународни економски и политички личности, на свечен и достоен начин и во работен дух, се одбележа 95 годишнината од постоењето и функционирањето на најстарата и најбројната бизнис асоцијација во земјата, Стопанската комора на Македонија.  

Одбележувањето на годишнината беше збогатена со организирање на тркалезна маса на тема: „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“, иницирана од двегодишната работа на стопанските комори и нивните членки за развивање и практично заживување на  една значајна иницијатива - Иницијативата за поврзување на претприемачите од малите земји, која произлезе од потребата за нивно поврзување, заедничко дејствување и соочување со предизвиците за водење бизнис во особено тешки времиња.

На тркалезната маса учествуваа  реномирани претставници од  бизнисот, науката и од бизнис-асоцијациите, поранешни премери и претседатели од регионот и пошироко, кои потекнуваат или работат во мали земји, и тоа: Mило Ѓукановиќ, црногорски државник, искусниот хрватски политичар и државник Стипе Месиќ ; Бранко Роглиќ, сопственик на „Орбико“, хрватски милијардер, меѓу најуспешните претприемачи во регионот, водечки дистрибутер во Европа; Свето Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, македонски бренд во бизнисот и менаџерството; д-р Владимир Глигоров, меѓународен економски експерт од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, чија работа е насочена на научно-истражувачки студии во земјите од Балканот; д-р Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и главен организатор на Копаоник бизнис форумот; проф. д-р Кочо Анѓушев, главен извршен директор на Групацијата ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје, професор на Машинскиот факултет при УКИМ, потпретседател на Комората и успешен македонски бизнисмен и претприемач; проф. д-р Драган Микеревиќ, редовен професор на Економскиот факултет во Бања Лука, претседател на УО на Сојузот на сметководители и ревизори на Република Српска; поранешен премиер на Република Српска; Џемал Инаишвили, претседател на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговско-индустриски комори и член на Генералниот совет на Светската коморска федерација, поранешен пратеник и заменик претседавач на грузискиот парламент; Сава Далбоков, претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и член на Управниот одбор на „Steiermarkische Bank und Sparkassen AG“, Австрија; д-р Златко Симоновски, генерален директор и претседател на Управниот одбор на ФАКОМ АД Скопје, една од најголемите компании во Југоисточна Европа во металопреработувачката индустрија, Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и Сафет Ѓерѓалиу, претседател на Стопанската комора на Косово.


94 ГОДИНИ ОД КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Јубилејот одбележан со доделување награди и признанија на Стопанската комора на Македонија за 2015 година и претставување на дуалниот систем во средното стручно образование, како главен приоритет на Комората во 2016 година.

На свечената седница на Собранието на Стопанската комора на Македонија, по повод 94-годишнината од коморското организирање во Република Македонија, пред присутните се обрати претседателот на Комората Бранко Азески, кој го истакна задовлство што и после толку години искуство сме бренд и лидер во коморскиот систем не само во земјава туку и во регионот.

При тоа, Азески посочи дека за најоптимално извршување на коморската функција, мора да постои консензус помеѓу јавниот и приватниот сектор без кој нема економски напредок. Ни треба акција, да бараме нови пазари и од „петни жили“ да ја развиваме индустријата, - подвлече претседателот Азески.

Во рамките на свечената седницата, Стопанската комора на Македонија додели награди и други признанија за 2015 година. 


Стопанската комора на Македонија, во 2015 година - Годината на конкурентноста, ја прослави 93-годишнината од своето основање, со свеченo одбележување на овој значаен јубилеј за коморското организирање во Република Македонија. По повод оваа значајна годишнина, беше организирана регионална конференција:  „ПРОГРЕСИВНО И ЕФИКАСНО ОТВОРАЊЕ НА ПАЗАРОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ НА ЗЕМЈИТЕ-ПОТПИСНИЧКИ НА ЦЕФТА-ДОГОВОРОТ“.

Во одбележувањето на јубилејот земаа учество видни гости, претставници на државни органи, институции, дипломатскиот кор во Република Македонија, претставници на меѓународни институции, здруженија и партнери, гости, пријатели и поддржувачи на Стопанската комора на Македонија.

Стопанската комора на Македонија е водечка бизнис-асоцијација во Република Македонија, членка на бројни меѓународни организации и институции, соосновач на мешовити комори, деловни совети, што придонесува за што поуспешно претставување и застапување на интересите на своите членки во земјата и во странство. Воспоставувањето меѓународни контакти, учество на бројни меѓународни бизнис-форуми, саемски, едукативни, промотивни и друг вид манифестации, е во функција на поддршка на унапредувањето на деловните активности на членките на Комората.

Стопанската комора на Македонија секогаш им помага на стопанствениците и на бизнисот во земјата. Таа е горда затоа што е најстара и највлијателна деловна асоцијација во Македонија. И во услови на воспоставениот плурализам на коморското организирање на овие простори, таа го задржа приматот на Комора – лидер со 93-годишно искуство.


Стопанската комора на Македонија, на 18 февруари 2014 година, 92-та годишнина од своето основање ја одбележа со Конференција на тема: „АРБИТРАЖАTA ВО ЦЕФТА РЕГИОНОТ  ВО НАСОКА НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ“, која беше фокусирана  на идентификување на состојбата во арбитражното решавање на споровите во земјите од ЦЕФТА-регионот, како и проблемите со кои се соочува секоја од арбитражните институции во овие земји во решавањето на спорови со меѓународен елемент. Притоа се направи обид за развивање на методи за унапредување на арбитражното решавање на спорови со цел да се заштитат интересите на странките во споровите со меѓународен елемент, со што се придонесе за натамошно унапредување на арбитражниот механизам на решавање на спорови.


Стопанската комора на Македонија ја одбележa 91-та годишнина од своето постоење со пригодна свеченост во Стопанската комора на Македонија (18.2.2013 година). Годинава тоа беше направено со еден скромен собир на компаниите кои во услови на криза од 2008 година до денес се одважија да пркосат на истата и со нови инвестиции во производни капацитети и нови вработувања да докажат дека македонската економија има иднина. (повеќе)

  Комората, беше нагласено, во рамките на своите законски овластувања ќе придонесува и ќе ги поддржува сите оние кои ќе се определат своите активности да ги насочат кон нејзините клучни определби:
1. домашните и странските инвестиции да бидат двигател на растот;
2. да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој;
3. приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и да ја апсорбира високата невработеност.

Стопанска комора на Македонија во оваа прилика им додели признанија на менаџери кои инвестирале во нови производни погони во Република Македонија периодот од 2008 година до денес.


Со грандиозна свеченост во скопскиот хотел „Александар Палас“, со присуство на над 1.200 видни гости, Стопанската комора на Македонија го прослави големиот јубилеј - девет децении од нејзиното постоење (17.02.2012 година). (ПРОСЛАВА НА 90-ГОДИШНИНАТА, низ слики и текст)


Значењето на коморското организирање во една држава е од огромно значење за целокупното стопанство. Стопанската комора на Македонија, своето 85-годишно работење го прослави на пригоден начин (ПРОСЛАВА НА 85-ГОДИШНИНАТА НА КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ, низ слики и текст).  

          По повод 75-годишнината од коморското организирање во Македонија, Стопанската комора на Македонија ја издаде монографијата 75 ГОДИНИ КОМОРСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА.

 

 

People Friends Web Applications Community Network Social Media Facebook Twitter Youtube Networking Chamber Macedonia Business

google gmail adsense google maps google translate maps grid.mk puls24.mk time.mk press24.mk sitel.mk kurir.mk zase.mk sitel vesti time.mk tuime mk тиме мк вконтакте taobao.com blogspot.com google.co.in ebay msn live national free business email



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Станка Дамјановска
Тел: ++ 389 2 3244016 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: stanka@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права