26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

19.06.2018 (Бизнис средби)
„ЕНЕГРА 2018“

07.11.2018 (Бизнис средби)
ЈИЕ ИТ САМИТ

Бизнис-настани

21.03.2018 - 22.03.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ


Дводневен семинар:

ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

21-22.3.2018 година (среда-четврток)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Интергираната постапка ги дефинира редоследот на комплексни активности во процесот на деловно-административно работење со документи и записи, начинот на објавување, како и овластувањата и одговорностите за нивното извршување. Секоја активност во овој процес се извршува на адекватен, стандардизиран и планиран начин, со кој управувањето на документацијата станува извесно и во рамките на законските норми.
 
          Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на:

   - Административен менаџмент и интегриран систем во процесите на деловно-административно работење:
  • Предмет, цел и содржина на интегриран систем за управување;
  • Цели и принципи на деловно-административно работење;
  • Управување (чување и складирање) на документацијата во својата    канцеларија и во канцеларијата на врвното раководство;
  • Примање и издавање документи;
  • Запознавање со упатството за деловно-административно работење;
  • План на архивски знаци/листа на архивски материјал;
  • Комуникациски вештини на деловен асистент;
  • Листа на документарен материјал со рокови за негово чување;
  • Креирање дописи за потребите на компанијата пред проверката од врвно раководство;
  • Водење деловодник;
  • Одговорности и овластувања и клучни функции.

Интегрираниот систем за управување со документација претставува една од клучните теми на овој семинар. Целта на советувањето е претставникот на секое претпријатие да увиди проблеми или начини за унапредување на системот за управување со документацијата во организацијата во која работи, прикажување начини и техники со кои би се обезбедила ефективност на секој дел од системот за управување со документи, како и споделување практични искуства од оваа област и дискусија по однос на темата.  

Програма на семинарот:



Интегриран систем за управување со документи и записи:
   • Процесот на управување со записите во интегрираниот систем за управување,  идентификација, чување, заштита, пребарување, време на чување и отфрлување записи;
   • Процес на планирање – административен менаџмент;
   • Приватен  интегриран архивски  и  документарен материјал;
   • Идентификување записи во секоја постапка од интегрираниот систем за управување со која е утврдена потребата за дефинирање и водење соодветни записи;
   • Собирањето на записите е на начин пропишан во постапките во кои се дефинира потребата за нивното водење;
   • Обработка на записи и чување во електронска форма или во база на податоци;
   • Движење на записите и документите.

Прием, прегледување и распоредување на документи и записи:
   • Контролирање на точноста на податоците, одобрување и користење;
   • Намената на дистрибуирањето, како и местото на кое се дистрибуираат   записите, и лицата кои се задолжени за контрола на податоците во   записите;
   • Дистрибуцијата на записите по електронски пат, при што доказ за нивната  дистрибуција претставува електронска пошта;
   • Заведување документи и записи;
   • Резервирање броеви за попис на документи;
   • Отворање попис на документи преку практични примери;
   • Распоредување документи по интерни доставни книги.

Процесно движење на документи во компанијата:
   • Деловна проценка на измените во Законот за архивски материјал;
   • Одлагање на решени документи во писарницата;
   • Евидентирање на архивскиот материјал;
   • Одбирање на документарниот материјал;
   • Размена на информации со сметководство;
   • Запознавање со клучни сметководствени термини;
   • Сопствена евиденција во процес на архивирање на испратени, примени и архивирани документи;
   • Имплементација на процедура за контрола на документи и контрола на записи.

Интегриран систем за управување со процесна документација:
   • Обврски на имателите на приватен архивски и документарен материјал;
   • Вршење и определување на начинот на приемот, прегледувањето и   распоредувањето на материјалот;
   • Промет со приватен архивски материјал;
   • Истражување, размена и изнесување на архивски материјал;
   • Процес на реализација на документиран центар, прием и времено чување   на архивски и документарен материјал,
   • Следење рокови за финансиски обврски и изготвување основни   финансиски документи;
   • Процес на управување на приватен документиран материјал во посед на   приватни правни и физички лица.


Целна група
- Директори/раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за деловно-административно работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  деловно-административно работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот за архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење е-деловодник).
             Извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање ресурси (човечки, технички и останати).

Предавачи:
- м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и
- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 20 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 16.3.2018 година


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права