11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

28.08.2018 - 28.08.2018


Бизнис средби Горна Радгона,  Словенија

МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“


Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Мариборската агенција за развој – партнер на  ЕЕН, Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да земете учество на Меѓународните деловни средби, што ќе се одржат во рамките на претстојното 56-то издание на Саемот за храна и земјоделство „АГРА“. Овогодинешниот саем ќе се одржи во периодот од 25-30 август 2018 година, во Горна Радгона, Република Словенија.

 Саемот „АГРА“ претставува еден од најголемите и најзначајните меѓународни саеми од областа на земјоделството во Централна Европа, којшто со својата 50-годишна традиција, успеа  од постарите на помладите генерации да ја пренесе и модернизира агроиндустријата. На овогодинешниот саем предвидено е да учествуваат над 1800 излагачи од повеќе од 30 земји од светот.

 На овогодинешното издание, Република Македонија како земја-партнер, ќе биде во центарот на вниманието со национален изложбен простор на којшто ќе бидат претставени македонската храна, вино, природни убавини, богатото историско и културно наследство и др. Македонската делегација ќе биде предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, г-дин Љупчо Николовски.

 Меѓународните деловни средби коишто ќе се одржат на 28 август 2018 година,  преку претходно закажани 25-минутни состаноци, имаат за цел да иницираат нови бизнис соработки и размена на технолошки знаења и искуства.

  Бизнис средбите се наменети за компании од следните сектори:

-       прехрана;

-       земјоделство;

-       пакување;

-       техники и машини за пакување;

-       логистика и

-       шумарство.

 

Учеството на Меѓународните деловни средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Настанот ќе се организира во форма на однапред закажани состаноци во комбинација со посета на Саемот.

 Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, како и да можете  да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://meet4businessagra2018.talkb2b.net/ , најдоцна до 20 август 2018 година.

Успешното потврдување на деловните средби (директни средби/состаноци) со компаниите е предуслов за учество на овој настан.

Повеќе информации на подолу наведените контакти:

Лазо Ангелевски, виш советник

Стопанска комора на Македонија

T. ( +389) 2 3244 090

M. (+389) 70 271 731

E. laze@mchamber.mk 

W. www.mchamber.mk


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Васко Ристовски
Тел: ++ 389 2 3244014
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: vasko@mchamber.mk

Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: Sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права