17.01.2018 (Семинар)
КВАЛИТАТИВНО УЧЕСТВО НА ДЕЛОВНИТЕ АСИСТЕНТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И ВОДЕЊЕ СОПСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

28.11.2017 - 28.11.2017


Бизнис средби Виена ,  Австрија

„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“


„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

КОНФЕРЕНЦИЈА И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА АВСТРИСКИ ФИРМИ
ОД СЕКТОРОТ МАШИНСКИ И ФАБРИЧКИ ИНЖЕНЕРИНГ
СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

28 ноември 2017 година
Стопанска комора на Австрија, Виена

https://www.b2match.eu/machinery2017

Почитувани,

Стопанската комора на Австрија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија и оваа година организираат деловни средби на  австриски фирми од индустрискиот сектор машински и фабрички инженеринг  со  производители и увозници од целиот свет.

Конференцијата и деловните средби во Виена се одлична можност компании од целиот свет да се запознаат со потенцијални добавувачи, клиенти и деловни партнери.

За таа цел, Ве покануваме на овој настан, со цел:
• да се сретнете со  потенцијални клиенти и добавувачи;
• да дознаете повеќе за најновите индустриски трендови;
• да ја проширите Вашата мрежа и да пронајдете нови деловни партнери;
• да стекнете знаења за нови пазари;
• да презентирате нови проекти;
• да иницирате меѓународни контакти и деловни партнерства;
• да се запознаете со најновите австриски технологии и know-how.

Настанот ќе се одржи на 28 ноември 2017 година (вторник), во Стопанската комора на Австрија во Виена.

На следниов линк https://www.b2match.eu/machinery2017/participants можат  да се видат сите фирми кои се пријавени досега, како и програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот.

Сите заинтересирани за учество на овој настан треба да го пополнат Пријавниот лист и да се регистрираат на следниот линк: https://www.b2match.eu/machinery2017/sign_up .

Пријавниот лист да се достави до лицата за контакт, најдоцна до 28.8.2017 година.
 
Пријавувањето на овој настан за сите компании е бесплатно.

Трошоците за сместување и за превоз се на товар на самите компании.

Бројот на местата е ограничен.

Во прилог:

1. Агенда;
2. Пријавeн лист.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ирена Мојсовска
Тел: ++ 389 2 3244009
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: irena@mchamber.mk

Контакт: Влатко Стојановски
Тел: ++ 389 2 3244004
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: vlatko@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права