Бизнис-настани

09.02.2018 - 09.02.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?


Еднодневен семинар на тема:

CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

9.02.2018 година (петок)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Социјалните медиуми заземаат сè поголемо место во маркетинг комуникацијата на брендовите во светот, а вистинскиот пристап е тоа што ги издвојува најдобрите. Повеќе не е доволно еден бренд да е само достапен во електронска верзија (онлајн), денес е неопходно брендовите да имаат активна комуникација приспособена на потребите на пазарот и целната публика. Употребата на content marketing им дава на брендовите можност да ја ангажираат и да ја мотивираат целната публика на начин кој е релевантен за неа, притоа остварувајќи најдобри резултати од електронската комуникацијата. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 9 февруари 2018 година организира интерактивен семинар на тема: „CONTENT MARKETING – како да го добиете најдоброто од дигиталната комуникација?“, којшто се фокусира на теоретско и практично изучување на content marketing како метод на комуникација на дигиталните медиуми.

          Семинарот ќе го опфати процесот на развој на content marketing, со што главен акцент ќе биде даден на развивање содржини за Фејсбук, Твитер, Инстаграм и корпоративни блогови.

          Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација.

ПРОГРАМА

ПРВ ДЕЛ:

• Запознавање со концептот на content маркетинг:
  - Запознавање со тематиката;
  - Приказ на еволуција на content marketing;
  - Денешна состојба на content marketing – клучни елементи;
  - Примена на content marketing во денешницата;
  - Content marketing - студии на случај.

ВТОР ДЕЛ:
• Процес на развој на Content marketing на дигиталните комуникациски канали:
 - Анализа, истражување и планирање;
 - Копирајт – креирање пораки;
 - Курирање на содржина – споделување информации вредни за публиката;
 - Водење на заедница – развивање комуникација со целната публика;
 - Инфлуенсери;
 - Метрики и KPI’s.

ТРЕТ ДЕЛ:
• Развој на содржина на дигитални комуникациски канали:
  - Фејсбук;
  - Твитер;
  - Инстаграм;
  - корпоративни блогови.

ЧЕТВРТ ДЕЛ
• Практична примена на реален пример – студија на случај (Case study)

Предавач:  

-Ива Дујак, доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација за дигитален маркетинг. Дујак има седумгодишно работно искуство како менаџер на дигитални операции во најголемата дигитална маркетинг агенција во Македонија, „Brand Union“. Таа е автор на наградуваните блогови „This is Not a Social Media Blog“ и „Skopje Casual“. Држи бројни обуки за маркетинг и дигитален маркетинг.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за учество на семинарот.

Рок за пријавување: 7.02.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права