28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Основни информации

Асоцијација на осигурително-брокерски друштва


Со донесувањето на Законот за супервизија на осигурувањето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2002), се создадоа услови за основање на осигурително-брокерски друштва како друштва за посредување во осигурувањето. Од донесувањето на Законот до денес, на територијата на Република Македонија се регистрирани и работат 33 осигурително- брокерски друштва, кои на осигурителниот пазар се присутни со приближно 30% од вкупно пласираната премија на пазарот во Република Македонија.

Со цел унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми, осигурително-брокерските друштва на 06.07.2011 година формираа Асоцијација на осигурително-брокерски друштва како форма на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија. Во Асоцијацијата може да членуваат сите осигурително-брокерски друштва.

За претседател на Асоцијацијата со едногодишен мандат беше избран г-дин Фарук Абедини, извршен директор на WIASS Брокер а.д, Скопје, а за потпретседатели г-динот Зоран Бундалевски, оперативен директор на Мобилити брокер, Скопје и г-дин Гоце Атанасов, извршен директор на Еуро експертс а.д., Скопје.

Како што изјави  г-дин Абедини, Асоцијацијата на брокерските друштва е неминовно потребна заради усогласување на интересите во рамките на дејноста, како и потребата да учествува и да разгледува предлози на закони и други прописи, да дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите на Асоцијацијата и да покренува иницијативи за донесување на закони и за измена и дополнување на истите, да иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес на членовите со други асоцијации и здруженија во рамките на Комората, како и да остварува меѓународна соработка.

На конститутивната седница, беше потенцирано дека, Асоцијацијата своите активности ќе ги насочува кон унапредување на бизнис-климата во земјата и поттикнување на имплементацијата на европски правила и стандарди во работењето, како и други активности од дејноста се` со цел за остварување на подобри резултати и за заштита на клиентите во работењето.

На шестата седница на Асоцијацијата на осигурително- брокерски друштва, која се одржа на 19.09.2012 година за нов претседател на Асоцијацијата беше избран г-дин Златко Михајловски, извршен директор на ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје, со едногодишен манадат. За потпретседател беше избран г-дин Фарук Абедини, извршен директор на WIASS  Брокер А.Д. Скопје.

На тринаесеттата седница на Асоцијацијата на осигурително- брокерски друштва, која се одржа на 18.11.2014 година за нов претседател на Асоцијацијата беше реизбран г-дин Златко Михајловски, извршен директор на ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје, со едногодишен манадат. Се предложи да се направи измена на Правилата за организирање и начин на работа на Асоцијацијата со два потпретседатели наместо еден кој предлог беше едногласно прифатен од присутните. За потпретседатели беа избрани г-дин Гоце Атанасов од Еуро Експрес и г-ѓа Верица Ѓоргиевска од Наше Осигурување.

На дваесет и првата седница што се одржа на 14.3.2017 година, се избра новото раководство на Асоцијацијата. Имено, за претседател на Асоцијацијата едногласно беше  избрана Верица Ѓоргиевска од „Наше Осигурување“, а за потретседатели беа назначени Владо Исјановски од „Мобилити брокер“ и Елена Тодорова од „АМ Брокер“.

Претседател на Асоцијацијата потенцираше дека ќе продолжи да ја спроведува програмата за работење на оваа Асоцијација и дека ќе се залага за уште поголемо нејзино афирмирање и унапредување.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Влатко Стојановски
Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса:vlatko@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права