КОРИСТЕТЕ ГИ УСЛУГИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА-МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ БЕСПЛАТНО ДА НАЈДАТ СТРАНСКИ ПАРТНЕР ПРЕКУ ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА БИЗНИС-МОЖНОСТИ (ЕЕН)
➢ Актуелно (21.08.2020)
👁 Прочитано: 2243



КОРИСТЕТЕ ГИ УСЛУГИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА-МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ БЕСПЛАТНО ДА НАЈДАТ СТРАНСКИ ПАРТНЕР ПРЕКУ ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА БИЗНИС-МОЖНОСТИ (ЕЕН)

Стопанската комора на Македонија е дел од Европската мрежа на бизнис можности (ЕЕН), преку Националниот конзорциум во којшто, покрај Комората, партнери се и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" од Скопје и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување - „МИР".

Можностите за македонските компании да најдат странски партнери преку европската мрежа на бизнис-можности (Enterprise Europe Network) е огромна. Годишно, во просек повеќе од 250.000 мали и средни претпријатија (МСП) на ниво на ЕЕН мрежата добиваат некаква услуга од партнерските организации, при што просечно 52.000 мали и средни претпријатија добиваат совети од експертите во мрежата во насока на унапредување на нивната иновативност, раст и интернационализација, додека повеќе од 20.000 претпријатија преку мрежата учествуваат на меѓународни настани, форуми и средби.

Повеќе од 10 години ЕЕН Македонија е присутна во нашата земја и ЕЕН мрежата има за цел да им овозможи на претприемачите што полесно и бесплатно да пронајдат партнери на европските пазари.

ЕЕН мрежата е проект финансиран од Европската комисија од 2008 година, со цел да им помогне на малите и средни претпријатија да ги искористат можностите што ги нуди европскиот пазар: поддршка во наоѓање партнери за деловна соработка, обезбедување информации за учество на саеми, брокерски настани, компаниски мисии, конференции и обуки, организирање локални и регионални настани, панел дискусии, одговарање на прашања добиени од страна на клиентите и средби со компании, обезбедување поддршка на МСП за интернационализација, иновација, креирање и промовирање профили за бизнис понуда и побарувачка за претпријатијата со цел нивно меѓународно вмрежување и соработка.

Сите услуги се бесплатни за малите, средните и новоформираните претпријатија и се нудат од страна на секој партнер во Конзорциумот, а истите може да се користат и од страна на поголемите компании, институти за истражување, универзитети, центри за технологии и бизниси и агенции за развој на иновации.

Европските претпријатија бараат други, потенцијални партнери кои се занимаваат со дејноста како Вашата, на пример, за остварување на заедничко вложување, бараат дистрибутери, агенти за продажба, нудење на франшиза и др. Доколку сте заинтересирани за некоја услуга за Бизнис соработка преку Понуда и Побарувачка, слободно обратете се до Стопанската комора за да пополните еден од овие Формулари:

1. Бизнис Понуда (Business Offer) и/или

2. Бизнис Побарувачка (Business Request). Тие се пополнуваат на англиски јазик, во зависност од тоа дали барате или нудите соработка и истите потребно е да ни се испратат на е-маил за да ги дообјасниме согласно барањата од Европската комисија.

Преку Базата за Деловна Соработка (Partnering opportunities), можеме да Ви помогнеме да пронајдете бизнис партнер според Вашите потреби и секторска припадност, во преку 60 држави во Европа и пошироко (во САД, Јапонија, Русија, Кина, Северна Африка и Блиски Исток).

Исто така, ЕЕН Македонија е носител на еден важен дел од Поглавје 20 од програмата за индустриска политика и претпријатија на Европската комисија која во иднина ќе биде ориентирана кон зголемување на трансфер на технологија и научно-истражувачки проекти.

Контакти од EEN-M Проектните координатори во Стопанската комора на Македонија:

1. д-р Татјана Штерјова: tatjana@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3 244 065

2. м-р Ирена Мојсовска: irena@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3 244 009

3. Стево Серафимов: stevo@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3 244 032

4. Влатко Стојановски: vlatko@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3 244 004

5. м-р Нена Николовска: nena@mchamber.mk , Тел: +389 (02) 3 244 454

 

Служба за информирање при Комората