Основни информации

Групација за поледелство


Земјишни ресурси, користење на земјиште и главни земјоделски области.


Во 2007, површината на македонско земјоделско земјиште изнесуваше до 1.26 милиони ха или околу 49% од вкупната површина на земјиште, додека шумите покриваа површина од 947,653 ха или 37%.
Земјодлеското земјиште опфаќа 700,000 ха пасишта (или 55,6%) лоцирани главно во ридските и високопланинските терени и 560,000 ха обработливо земјиште (или 44,2%) кое е концентрирано во котлините. Од вкупното обработено земјиште 461,000 ха (82%) беше обработливо земјиште  и градини , 58,000 ха ливади (10%), 26,000 ха лозови насади (5%), и 15,000 ха овоштарници (3%). Според проценките секоја година околу една третина од вкупното обработливо земјиште е напуштено (необработено). Обработливото земјиште по глава на жител е 0.625 ха што е повисоко од просекот во ЕУ-25 (0.35 ха).
Обработеното земјиште покажува тенденција на опаѓање од 633,000 ха во 1999 до 560,000 ха во 2007.


                Житни култури


Житните култури се стратешки значајни и најодгледувани култури, но Македонија не произведува доволно за да одговори на домашните потреби. Во периодот 2000-2007, пченицата беше најчесто засадувана житна култура која покрива 54% од вкупната површина засадена со житни култури, а потоа следува јачменот (24%), пченката (17%), ’ржот (2%), оризот и овесот (по 1%). Пченката, јачменот и ‘ржот се користат првенствено за добиточна храна.
Во текот на периодот 2000-2007, вкупната површина засадена со житни култури незначително се намали. Трендот на намалување на површините засадени со житни култури во последниве години главно претставува резултат на намалување на пазарната цена и на директната државна поддршка Производителите на пченица се под силно влијание на обврските кои произлегуваат од пристапувањето на Македонија кон СТО што се однесува на договорените квоти ослободени од царина - 80,000 тони,
Македонија не произведува доволно житни култури за да одговори на домашните потреби. Производството на пченица одговара на приближно 2/3 од домашната побарувачка. Вообичаено, околу 40-50% од произведената количина пченица се тргува на интерниот пазар. Во 2007, вкупно 117.5 илјада тони или само 33% од производството беше понудено и набавено како пазарен вишок што делулмно доаѓа како резултат на напуштање на директната поддршка на цени. Останатиот дел од произведените количини се консумираат во рамките на самите земјоделски економии, додека значителен дел се користи за добиточна храна. Недостатокот од пченица е во просек 120,000 -1430.000тони и потребите се задоволуваат преку увоз од меѓународниот пазар.


                Индустриски и фуражни култури

 
Во периодот 2000-2007, индустриските култури (вклучително фуражни култури) се засејуваат на приближно 10% од обработливото земјиште. Во текот на истиот период, поголемиот дел од површините под индустриски култури се засадени со тутун (34%) и луцерка (32%) и рамнотежата се постигнува со сончогледот (10%), шеќерна репка (3%), разновидно сено и детелина (по 6%), добиточен грашок (3%), фуражна пченка (4%) и сточна репка (1%). Другите индустриски култури (афион и влакнодајни култури) се статистички незначајни.

 

 

Реализација на есенската сеидба во 2007 година

 

        Во ориентациониот план за сеидба со поледелски култури (есенски и пролетни) за производната 2007/2008 година изнесуваа  319.751 ха со 59.239 ха кај земјоделските стопанства или правни лица или 18,52%, а останатите 260.512 ха или 81,47% се кај индивидуалните земјодели (физи?ки лица).

 

Планот за есенската сеидба 2007 година беше 171.861 ха, а реализацијата е следна:

 

                    во хектари

 

Планирано во есен  2007год.

Насеано во есен2007 год.

%

на реал

земјод

претп

индиви

произв

вкупно

земјод

претп

индив

произв

вкупно

1. Жит. кул Вкупно

44.925

121.097

165.022

43.040

119.531

162.405

98,4

- Пченица

31.589

81.087

112.676

30.232

79.651

109.883

97,5

-' Рж

193

4.491

4.684

145

4.461

4.606

98,3

- Јачмен

12.918

34.955

47.955

12.539

34.209

47.441

98,9

- Останато

225

564

789

124

517

641

81,2

2.Инд. кул. Вкупно

257

178

435

327

173

500

114,9

- Масло. репка

102

8

110

259

8

267

242,7

- Афион

149

150

299

62

145

207

69,2

-  Останато

6

20

26

6

20

26

100

3.Град. кул. Вкупно

162

2682

4061

109

1.903

2.012

49,5

4.Фур. кул. Вкупно

1.379

2.682

4.061

1.199

2.690

3.889

95,7

Вкупна есенска

сеидба

46.723

125.887

171.610

44.675

124.297

168.972

98,46

% на извршување

100

100

100

95,61

98,73

98,46

 

 

                Реализацијата на есенската сеидба изнесува 168.972 или  98,46% од планот (171.610 ха), а тоа може да се оцени како успешна сеидба или повеќе  за  6,32%  во однос на сеидбата во 2006 година кога беа насеани 158.302 ха.

 

                Сеидбата на пченицата е реализирана на 109.883 ха што е повеќе за 5,30 % во однос на реализацијата од претходната година (104.070 ха), а помалку  за 2.5 % во споредба со планот (112.676 ха).

               

 










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права