13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

27.11.2017


Актуелно  

Унапредување на соработката помеѓу странските инвеститори и домашните компании во Република Македонија - БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ЗА ВЗАЕМНО ВМРЕЖУВАЊЕ И ПОВРЗУВАЊЕ


На редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, Ирена Јакимовска, потпретседател на Советот на странските инвеститори, ги презентираше  потенцијалите  за унапредување на соработката меѓу странските инвеститори и домашните компании во Република Македонија, а притоа ги најави претстојниот Бизнис форум и деловни средби за нивно директно поврзување. 

 

-Сепак, можеме да констатираме дека меѓусебната деловна соработка меѓу странските и домашните компании не е на задоволително ниво, но простор за унапредување на соработката се` уште постои и потенцијалите не се докрај искористени. За да се случи тоа, потребна е комуникација и волја за соработка. А, клучниот бенефит од таквата соработка е двостран и значителен, - потенцира Јакимовска.

Согласно Анализата на ефектите од новите извозно ориентирани компании во домашната економија на Народната банка на Република Македонија, износот на вкупните набавки на компаниите од индустриските зони од субјекти на домашниот пазар во 2014 и 2015 година изнесуваат околу 45 милиони евра, додека во 2016 година износот е близу 33 милиони евра.

Од целиот годишен извоз на Македонија минатата 2016 година, преку 40% се производи кои се произведени во слободните економски зони. Дури половина од извозот на Македонија во 2016 година се прави со 10 производи, од кои седум се произведуваат во фабриките во слободните економски зони. Доколку продолжи трендот од првите пет месеци од 2017 година, кој се должи на европската побарувачка и зголемување на капацитетите на компаниите присутни во слободните зони, извозот од зоните до крајот на 2017 година ќе достигне приближно 2 милијарди евра.

Според Ирена Јакимовска, првиот чекор е воспоставување комуникација, да се слушнат потребите и барањата на странските компании, како и да се презентираат можностите и понудите на домашните. Со зголемената соработка, нашите компании ќе можат да конкурираат и за работа со други странски компании од регионот.

За  странските инвеститори секогаш е од голем интерес да најдат добавувачи на локално ниво кои би ги задоволиле нивните потреби наместо да увезуваат од други земји. Локалните добавувачи се посигурни, пофлексибилни и побрзо се приспособуваат на барањата на странските партнери. Домашните компании имаат корист од соработката бидејќи на некој начин и ги согледуваат стандардите кои се потребни за извоз во европските и во други земји, и по одреден период ќе можат да соработуваат не само со овие странски компании, туку директно да извезуваат на европските пазари, со зголемување на сопствениот квалитет на производите, стандардите, начинот на организација и слично, - додаде Ирена Јакимовска, потпретседател на Советот на странски инвеститори.

Токму од тие причини, Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Владата на Република Македонија, организираат Бизнис форум и билатерални средби меѓу странските инвеститори и домашните компании, што ќе се одржат на 30 ноември 2017 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ – Скопје.

Влатко Стојановски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права