23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

15.12.2017


Актуелно  

Сојузот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија на 14 и 15 декември 2017 година го организираше XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА.


Симпозиумот се реализираше согласно програмата која е подготвена и приспособена на Годишната програма на ИСОС и обезбедува сразмерна структура на часови за континуирано професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители.

Целта на симпозиумот беше подигнување на јавната свест за значењето и улогата на сметководството во економскиот раст и развој на една држава, како и важноста за напуштање на традиционалното и преминување во глобалното сметководство, притоа следејќи ги правилата и принципите на меѓународните сметководствени стандарди и на меѓународните стандарди за финансиско известување.

 

Симпозиумот го отвори Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, кој се заблагодари на Сојузот на сметководители за иницијативата за заедничка соработка, притоа истакнувајќи ја важноста на сметководството за бизнис заедницата. Воедно, тој ги поздрави и гостите од регионот кои дадоа нескромна поддршка за успешна реализација на истиот.

Голема благодарност изрази и проф. д-р Драган Микеревиќ од Сојузот на сметководители и ревизори на Република Српска и истакна колку е важно што и Комората се вклучила во соработка со Сојузот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, бидејќи самите сметководители се клучна алка во бизнис секторот.

Благодарност за поканата изразија и претставникот на Црна Гора, г-дин Игор Павиќевиќ, генерален секретар на Институтот на сертифицирани сметководители на Црна Гора и д-р Рада Стојановиќ од Сојузот на сметководители и ревизори на Србија, притоа истакнувајќи ја долгогодишната соработка со ИСОС од Македонија.

 

Свои излагања на првиот модулот за Влијанието на сметководството и ревизијата во економскиот раст и развој на една држава во услови на глобализација и интернационализација имаа проф. д-р Зоран Миновски, од Економскиот факултет при  Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје, говорејќи за улогата на сметководството за економскиот раст и развој и влијанието на ризиците на алокација на ресурсите во глобалната економија и интернационализација.

По него, излагања имаа проф. д-р Јадранка Мршиќ и проф. д-р  Нинко Костовски, од Универзитет Американ колеџ – Скопје на тема: „Професионалните сметководители пред крстопат - стекнување нови вештини за променето работно опкружување“, проф. д-р Гордана Никчевска, од Бизнис Академија Смилевски - БАС – Скопје со трудот „Деловен кодекс“ и проф. д-р Сеадин Џафери, од Економскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово на тема: „Сметководството и неговата улога во економскиот развој“.

Првата панел-дискусија ја водеше проф. д-р Атанаско Атанасовски, од Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје на тема: „Иднината на сметководствената и ревизорската професија и очекуваните ефекти врз развојот на националната економија во регионот“. Панелистите проф. д-р Драган Микеревиќ од Сојуз на сметководители и ревизори  на Република Српска,  д-р Рада Стојановиќ, уредник на весникот „Сметководство“ и организатор на КПУ Сојуз на сметководители и ревизори на Србија, г-ѓа Првослава Клепо, помошник-менаџер за образование и едукација при Институтот на сертифицирани сметководители на Црна Гора и м-р Ленче Папазова, претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, ги презентираа и ги разменија своите искуства пред присутните учесници на симпозиумот.

Во текот на вториот модул на симпозиумот на тема: „Финансиски извештаи како основ за донесување на рационални деловни одлуки“, своите трудови ги презентираа д-р Рада Стојановиќ на тема: „Билансирање и финансиски аспект на гудвил низ призмата на деловни комбинации, Финансиски извештаи и подготовки  во согласност со МСФИ за МЕСЕ како основ на деловно одлучување“, труд на проф. д-р Душко Шњегота, од Економскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука. Воедно, со свои трудови се претставија и Наташа Затаракоска, магистрант на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје на тема: „Интегрирани макроекономски сметки - случај на Република Македонија“, трудот за „Одговорност на сметководителите во функција на превенција на кривични дела при перење пари“, од д-р Горанка Кнежевиќ, од Бизнис Академија, Универзитет „Сингидунум“ - Белград и д-р Владан Павловиќ, од Економскиот факултет во Приштина и на проф. д-р Љиљана Димитровиќ Шапоња, од Универзитетот во Нови Сад - Економски факултет  - Суботица, Саша Граворац,  интерен ревизор од Суботица и д-р Горан Шијан, од Универзитетот во Нови Сад - Економски факултет  - Суботица на тема: „Форензичко сметководство како патоказ до квалитетно финансиско известување“.

На втората панел-дискусија, на тема: „Анализа и идентификување на раните сигнали како фактори за помалку ризично донесување на бизнис одлуки“, дебатираа г-дин Игор Павиќевиќ, генерален секретар на ISRCG - Институт на сертифицирани сметководители на Црна Гора, м-р Анета Трајковска, директор на Дирекција во Стопанската комора на Македонија; м-р Ленче Папазовска, претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители во Република Македонија, Орце Наумовски, директор на Сектор за сметководство во Стопанска банка АД - Скопје и Лидија Нануш, директор на „Делоитте“ ДОО - Скопје.

Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе ја продолжи соработката со Сојузот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија со цел афирмирање на предностите на сметководството за ефикасен начин на водење на една компанија, што пак директно се рефлектира на економијата во целина и придонесува нашата земја преку бизнис секторот да биде рамноправен член на европското економско работење.

Елизабета А. Ефтимова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права