27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

16.03.2018 (Семинар)
ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА, ОДНЕСУВАЊЕTO НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ ПРИ НАБАВКА И РЕИНЖЕНЕРИНГ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА НАБАВКИ И ЗАШТЕДИ

21.03.2018 (Семинар)
ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

26.03.2018 (Семинар)
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.03.2018 (Тренинг обука)
ВЕШТИНИ ВО ФИНАНСИСКОTO РАБОТЕЊЕ

28.03.2018 (Семинар)
Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација

30.03.2018 (Семинар)
РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

13.04.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби во Бања Лука - ЕЕН мрежа

Настани/Иницијативи

Регионална комора со седиште во Кичево


12.10.2017 - Регионална комора со седиште во Кичево - ПОСЕТА НА „АНУГА 2017“ - НАЈГОЛЕМИОТ САЕМ ЗА ХРАНА ВО СВЕТОТ

На 8 и 9  октомври 2017 година, Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија го посети најголемиот во светот Саем за храна и пијалаци „Ануга 2017“ во Келн, СР Германија. >>>

 

02.10.2017 - Седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево – РАЗГЛЕДАНИ ИНИЦИЈАТИВИ СОГЛАСНО ПОТРЕБИТЕ НА БИЗНИСОТ

На 29 септември 2017 година се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево. На седницата претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколоски, кој ги поздрави присутните и ги запозна со наредните активности на Регионалната комора со седиште во Кичево до крајот 2017 година, додека Љупка Самарџиска, виш советник  на Стопанската комора на Македонија,  ја презентираше Информацијата за поднесени иницијативи на Стопанската комора на Македонија од 1 јуни 2017 година и статусот на нивната реализација. >>>

29.06.2017 - РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО ОДРЖА ОБУКА ЗА УСПЕШНО ПОДГОТВУВАЊЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОНУДИ ПРЕКУ ВОВЕДНИ ЧЕКОРИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Регионалната комора со седиште во Кичево, 29  јуни 2017 година, организираше еднодневна обука:  „Успешно подготвување електронски понуди преку воведни чекори за учество во Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), со практично спроведување на е-набавки и користење на дигитални сертификати“ >>>

 

28.04.2017 - КОМПАНИИ ОД РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО УЧЕСТВУВАА НА ЧЕТИРИДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА: „КОСМЕ И ХОРИЗОНТ 2020“ ВО СТРУМИЦА

Во рамките на реализацијата на Проектот „Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица – Кичево – Кукуш, Бизнис Мрежа С-К-К“, финансиран од ЕУ преку ИПА-Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007 - 2013 година,  од 25 до 28 април 2017 година  во хотелот „Сириус“ во Струмица, се одржа четиридневна обука на тема: „Косме и Хоризонт 2020“, каде е вклучена и  Регионалната  комора со седиште во Кичево.>>>

 

10.04.2017 - Презентација на отворениот повик од Фондот за иновации и технолошки развој во Охрид – УЧЕСТВО НА КОМПАНИИ ОД РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО

Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој и поддршка на Регионалната комора со седиште во Кичево, организираше Инфо сесија за Четвртиот повик, што се одржа на 8 април 2017 година, во хотелот „Инекс Горица“ - Охрид.>>>

24.03.2017 - Регионалните комори со седиште во Кичево и во Велес организираа деловни средби меѓу компаниите од двата региона - ВОСПОСТАВЕНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ФИРМИТЕ 

 Регионалните комори со седиште во Кичево и во Велес организираа деловна средба меѓу компаниите од двата региона со цел зголемување и интензивирање на соработката (24.3.2017 година). Средбата се одржа во Регионалната комора со седиште во Кичево, а на која присуствуваа  претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево Игор Соколески и претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес Георги Чадиев, претставници од Југозападниот плански регион и Вардарскиот плански регион, како и над 20-тина компании од двата региона.>>>

11.01.2017 - Регионална комора со седиште во Кичево - Одржана Конститутивна седница на Локалниот економско-социјален совет на Општина Кичево - АКТИВНО УЧЕСТВО И НА БИЗНИС СЕКТОРОТ

Во Општина Кичево, на 10.01.2017 година се одржа Конститутивна седница на Локалниот економско-социјален совет на Општина Кичево, на којашто учествуваа и претставници од Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија. >>>

 24.11.2016 - БИЗНИС СРЕДБИ НА РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ВО СТРУМИЦА НА МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ

На 22 и 23 ноември  2016 година, во хотелот „Сириус“ во Струмица, се одржа Саемот „Струмица експо“, за прекугранична соработка помеѓу општините Струмица и Кичево од Р. Македонија и Кукуш и Поликастро од Р. Грција. >>>

18.11.2016 - Компании од Кичево и Струмица се промовираа на РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ВО КУКУШ, Р. ГРЦИЈА – ОСТВАРЕНИ ДЕЛОВНО КОНТАКТИ

На 16 и 17 ноември 2016 година во Кукуш, Р. Грција, се одржа Регионалниот саем за вмрежување и соработка помеѓу претпријатијата, како и промоција на добри практики на тема: „Брендирање на производи и маркетинг“, кој е уште една од активностите предвидени во реализацијата на Проектот „Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица – Кичево - Кукуш“ - Бизнис Мрежа С-К-К,  финансиран од Европската унија во рамките на ИПА-програмите Cross Border 2007-2013 помеѓу Република Македонија и Република Грцијa.>>>

14.11.2016 - Во Кичево одржана тридневна обука за КОНКУРЕТНОСТ И ПОДОБРУВАЊЕ НА СТАНДАРДИТЕ

Во Кичево, во периодот од 11 - 13 ноември 2016 година, се одржа тридневна обука на тема: „Конкурентност и подобрување на стандардите“, во рамките на реализацијата на Проектот „Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица – Кичево - Кукуш“ - Бизнис Мрежа С-К-К,  финансиран од Европската унија во рамките на ИПА-програмите Cross Border 2007-2013 помеѓу Република Македонија и Република Грција,  каде е вклучена и  Регионалната  комора со седиште во Кичево. >>>

06.11.2016 - Регионалната комора со седише во Кичево учествуваше на работилница на тема ,,НАЦИОНАЛНО И МЕЃУНАРОДНО ЗАКОНОДАВСТВО ЗА УВОЗ И ИЗВОЗ” во Кукуш, Грција

Регионалната комора со седише во Кичево на 5 и 6 ноември 2016 година учествуваше на Работилницата на тема: „Национално и меѓународно законодавство за увоз и извоз“, што се одржа во Кукуш, Грција.>>>

 25.10.2016 - Промоција на Регионалната комора со седиште во Кичево на „ОТВОРЕН ДЕН НА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ“ ВО КИЧЕВО

Регионалната комора со седиште во Кичево во рамките на манифестацијата „Отворен ден на мултикултурализмот”, што се одржа на 22.10.2016 година, пред платото на Домот на културата во Кичево, ги промовираше своите услуги и активности  на граѓани од сите етнички заедници кои живеат во овој град.>>>

21.10.2016 - Регионалната комора со седиште во Кичево одржа еднодневно бесплатно предавање на тема: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ

Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија продолжи со циклусот бесплатни предавања на тема: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ. >>>

12.07.2016 - Се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево – ДУАЛНИОТ СИСТЕМ НА ОБРАЗОВАНИЕ ПРЕТСТАВЕН ПРЕД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА

Се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево. На седницата присуствуваа 20 фирми-членки на Регионалната комора со седиште во Кичево, претставници на локалната самоуправа и државни институции.>>>

29.06.2016 - РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД

Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија во соработка со Општина Македонски Брод,  на 29 јуни 2016 година, реализираше бизнис-средба, на којашто присуствуваа градоначалникот на Општина Македонски Брод, Милосим Војнески, претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески  и  фирми од регионот.>>>

10.3.2016 - Регионалните комори со седиште во Битола и во Кичево организираа деловни средби меѓу компаниите од двата региона - ЗАЕДНИЧКИ ВО ПОГОЛЕМО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ
Регионалните комори со седиште во Битола и во Кичево организираа деловни средби меѓу компаниите од двата региона со цел зголемување на меѓусебната соработка. Деловната средба се одржа на 10.3.2016 година во Битола и на неа  присуствуваа 30-тина компании од бизнис секторот од двата региона, кои ги вклучуваат општините Битола, Кичево, Ресен, Македонски Брод, Демир Хисар, Новаци, Пласница и Могила.>>>

Одржана седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево - ФОРМИРАНА ГРУПАЦИЈА НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ
Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево одржа редовна седница, во проширен состав. На седницата присуствуваа дваесетина компани и претставници од Одделението за локален економски развој на Општина Кичево (22.12.2015 година).

12.11.2015 - Деловна средба на компании-членки на регионалните комори со седиште во Штип и во Кичево - ЗАЕДНИЧКИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОТТИК НА РЕГИОНАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ
Регионалните комори со седиште во Штип и во Кичево при Стопанската комора на Македонија на 12.11.2015 година, организираа заедничка деловна средба на компании од двата региона. Средбата се одржа во Штип, а на деловната средба присуствуваа Игор Соколески и  Наум Барзов,  претседатели на управните одбори на регионалните комори со седиште во Кичево и во Штип. На преку дваесетина бизнисмени од двата региона им се обратија градоначалникот на Штип,  Илчо Захариев и заменикот на градоначалникот на Кичево, Емин Насуфи.>>>

Регионалната комора со седиште во Кичево организираше трибина на тема: „Можности за развој на алтернативниот туризам во кичевскиот регион“ - ПОТТИК ЗА НЕИСКОРИСТЕНИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ

Регионалната комора со седиште во Кичево на 7 октомври  2015 година одржа трибина на тема: „Можности за развој на алтернативниот туризам во кичевскиот регион“, во просторите на Центарот за култура „Коцо Рацин“ во Кичево,  во соработка со Тимот за туристички активности, Здружение на село Осој. >>>

Одржана деловна средба меѓу компаниите од Регионалната комора со седиште во Кичево и Регионалната комора со седиште во Битола - ПОДОБРОТО ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ ЌЕ ОВОЗМОЖИ ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ВО СОСЕДСТВОТО И НА ТРЕТИ ПАЗАРИ

Регионалнате комори со седиште во Кичево и во Битола  организираа деловна средба меѓу компаниите од двата региона со цел зголемување и интензивирање на соработката (5.6.2015 година). Средбата се одржа во Кичево, а на неа присуствуваа  претседателите на регионалните комори Игор Соколески и Мирко Велковски, потоа Софче Јовановска, советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, градоначалнкот на Општина Македонски Брод, Милосим Војнески и голем број на компании од двата региона.>>>

Семинар во Регионалната комора со седиште во Кичево - ПРЕЗЕНТИРАНИ КОНКРЕТНИ ПРИМЕРИ НА ФИРМИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

 Регионалната комора со седиште во Кичево на 30.4.2015 година организираше семинар за  „Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/14 од 2.7.2014 година).>>>

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Регионалната комора со седиште во Кичево и Општина Кичево – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА И ЗАЕДНИЧКО УЧЕСТВО НА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕУ-ФОНДОВИТЕ

Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија во соработка со Општина Кичево денес, 17.4.2015 година, реализираше бизнис-средба со фирмите од регионот на Кичево, на која присуствуваа потпретседателот на Стопанската комора на Македонија м-р Јелисавета Георгиева, градоначалникот на Општина Кичево, господинот Фатмир Дехари и претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, господинот Игор Соколески. >>>

Во Општина Македонски Брод локалниот бизнис-сектор запознаен со кредитните линии на МБПР и Фондот за иновации и технолошки развој - ПОГОДНИ МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА БИЗНИСОТ

Во организација на Регионалната комора со седиште во Кичево,   во соработка Општина Македонски Брод, Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) и Фондот за иновации и технолошки развој, пред компании од регионот беше одржана презентација за кредитните линии, нивните бенифиции, начините за аплицирање и можностите за финансирање на фирмите (17.12.2014 година). >>>


Форум со работодавачите во Регионалната комора со седиште во Кичево - ПРЕД БИЗНИС-СЕКТОРОТ ПРЕЗЕНТИРАНИ АКТИВНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Во  Регионалната  комора со седиште во Кичево се одржа Форум со работодавачите на којшто присуствуваа дваесетина фирми од кичевскиот регион (15.12.2014 година). >>>

Регионалната комора со седиште во Кичево одржа семинар за Законот за финансиска дисциплина - ПОЈАСНЕТИ ДИЛЕМИТЕ ВО КОНКРЕТНАТА ПРИМЕНА

Во организација на Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија, на 17.11.2014 година се одржа еднодневен семинар за Законот за финансиска дисциплина, кој се применува од 1 мај 2014 година. >>>

Во Регионалната комора со седиште во Кичево се одржа еднодневна обука за подготовка на македонските компании за аплицирање на новите европски програми „Хоризонт 2014-2020“ и „Косме 2014-2020“ - ПРАКТИЧНА ПОДГОТОВКА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ СРЕДСТВА

Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање за искористување на средствата од европските фондови, претставници од Стопанската комора на Македонија во Регионалната комора со седиште во Кичево одржаа еднодневна обука наменета за малите и средните претпријатија од овој  регион.  Околу 10-тина претставници на македонските компании од  градежниот и прехранбениот сектор, металната индустрија, угостителството, туризмот, како и претставници од Општина Кичево беа подготвувани за аплицирање на европските фондови „Хоризонт 2014-2020“ и „Косме 2014-2020“, на обуката што се одржа на  29.10.2014 година. >>>


Презентирани можностите од либерализацијата на пазарот на електрична енергија пред компаниите од Регионалната комора со седиште во Кичево - ОД ИЗБОРОТ НА СНАБДУВАЧ ЗАВИСАТ И ТРОШОЦИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Во организација на Регионалната комора се седиште во Кичево на 2.10.2014 година во просторите на хотел „Кичево“ на фирмата „Тајмиште“, се одржа презентација пред стопанствениците од страна на претседателот на Македонската енергетска асоцијација  - МЕА, д-р Кочо Анѓушев. >>>

Регионална комора со седиште во Кавадарци и Регионална комора со седиште во Кичево - ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА СОРАБОТКА

Во организација на регионалните комори со седиште во Кичево и во Кавадарци, на 20.5.2014 година, во деловните простории на компанијата „Кожувчанка“ во Кавадарци, се одржа деловна средба меѓу стопанствениците од  Кавадарци и од Кичево. >>>

Во Македонски Брод се одржа работна средба на Регионалната комора со седиште во Кичево со градоначалникот на Македонски Брод - ДОГОВОРЕНА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА И ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ФИРМИТЕ

 
На  14.02.2014 во општината Македонски Брод, се одржа работна средба на Регионалната комора со седиште во Кичево со  градоначалникот  Милосим Војнески. >>>

Регионална комора со седиште во Кичево - ПРЕЗЕНТИРАНИ НОВИТЕ КРЕДИТНИ ЛИНИИ НА МБПР НАМЕНЕТИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Регионалната комора со седиште во Кичево во соработка со Македонската банка за поддршка на развојот, по големиот покажан интерес од страна на стопанствениците во регионот, повторно одржа  презентација на кредитни линии наменети за малите и средни претпријатија (27.9.2013 година). >>>


 Бизнис-средба  во Регионалната комора со седиште во Кичево со Трговското аташе на  Република Турција во Македонија – Продлабочување на економската соработка со Турција, најава за отворање филијала од ХАЛК БАНКА во Кичево

На 24.01.2013 година Регионалната комора со седиште во Кичево, во соработка со локалната самоуправа од Општина Кичево, оствари бизнис-средба со госпоѓа Шенол Туркилмаз, трговско аташе од Амбасадата на Република Турција во Македонија, како и господин Турхан Адеми, директор на дирекција на Халк банка. >>>

Регионалната комора со седиште во Кичево оствари средба со претставници од ЕВН Македонија - ДОГОВОР ЗА НАВРЕМЕНА УСЛУГА ПРИ РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО ЕЛЕКРТИЧНА ЕНЕРГИЈА И ФЛЕКСИБИЛНОСТ


По иницијатива на стопанствениците при Стопанската комора на Македонија на 03.12.2012 во просторите на ЕВН во Кичево се одржа средба на Регионалната комора во Кичево и стопансвеници од регионот со претставници од ЕВН Македонија и Кец Кичево. >>>

Регионална комора со седиште во Кичево - ТУРСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЛОКАЛНАТА ИНДУСТРИСКА ЗОНА
Претставниците на Стопанската комора на Република Турција од Eскишехир, Арда Ренч, претставник за меѓународна соработка и Бурен Шарлар, член на Управниот одбор, одржаа работен состанок со претставници на Регионалната комора со седиште во Кичево, а потоа сите заедно остварија средба со градоначалникот на општина Кичево, Благоја Деспотоски.
На средбата со градоначалникот се разговараше за можностите и поволностите кои општина Кичево им ги нуди на странските инвеститори, а беше извршена и мала презентација на техничко-технолошката развојна зона, при што беше презентиран и урбанистичкиот план на истата, каде се нагласи и поволната цена од едно евро за метар квадратен. >>>

Регионална комора со седиште во Кичево - ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА КРЕДИТИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ


Во просториите на бизнис-центарот „Дра-го“ во Кичево, на 14 септември 2012 година, во организација на Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Кичево, се одржа презентација на новите кредитни линии на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). >>>

Регионалните канцеларии  според процедурите се овластени да ги издаваат и и заверуват документите за кои со Закон е овластена Стопанската комора на Македонија.  

Процедура за мислење за исполнување на економски услови.
Процедура за заверка на сертификати за потекло на стока
Процедура за издавање потврди за единствен производител

Контакт адреса : 
Регионална канцеларија Кичево 
ул. Кузман Јосифовски Питу, 1
6250 Кичево

Контакт лице :                             Дијана Лазороска Јованоска
Тел: (045) 257067 Факс:(045) 257067
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: dijana@mchamber.mk

 










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права