28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

31.05.2018 (Инфо сесија)
ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Податоци за регионот

Регионална комора со седиште во Гевгелија


Основни податоци за општина Гевгелија

Општина Гевгелија се наоѓа во најјужниот дел од Република Македонија, на самата граница со Република Грција, на надморска височина од 64 м и на простор од 485 км2. Во општината живеат 22.988 жители, од кои околу 15.685 жители во општинскиот центар Гевгелија.

Низ територијата на општина Гевгелија минува примарната оска на развојот која се протега по Вардарската долина во правец север-југ и претставува дел од коридорот 10.

Мошне важна е и пограничната позиција на општина Гевгелија со Република Грција, како и можностите за лоцирање на стопанските капацитети, кои бараат голем транспорт на суровини и готови производи, при што близината на Солунското пристаниште претставува значајна компаративна предност.
Поволно влијание треба да има новопредвидената идна "хоризонтална" врска - од Битола преку Мариово до Гевгелија, како сообраќаен правец кој ги поврзува источните и западните делови на Република Македонија и кој воедно ги интегрира најзначајните туристички простори.

 Природни услови за снабдување со вода и енергетска основа Подрачјето на општината Гевгелија се простира на дел од сливот на долниот тек на реката Вардар која претставува најзначаен водотек кој ги дренира површинските и подземните води. Поголеми водотеци кои се вливаат во реката Вардар се Сува, Коњска, Мрзенска, Кованска, Зуица, Петрушка и Јаворица река. Притоките на Вардар се релативно маловодни поради што некои од нив преку летото пресушуваат. Територијата на општината покажува оскудност на изворски и подземни води. Просечната издашност на изворите се движи од 1 до 3 л/сек а извори со поголема издашност не се забележани. Во хидрографската структура влегуваат и акумулациите во Богородица, Топлец, Дос, Калица и други. Општината располага со богати извори на минерална и термоминерална вода. Еден од најпознатите извори на минерална вода се наоѓа на туристичкиот локалитет Смрдлива вода. Додека кај Негорските бањи и во близината на селото Смоквица се наоѓаат богати извори на термоминерална вода. Природни услови за развој на економијата Просторот на Гевгелиската општина според микрорелјефот диференциран е на следните комплекси: рамничарски, падински, ридски и планински. Во рамничарските и падинските комплекси се одгледуваат претежно градинарски (домати, краставици, пиперки, зелка, кромид и сл.), некои индустриски и житни култури, луцерка и интензивни лозови насади. Во ридското подрачје застапени се житни и фуражни култури, полуинтензивни лозови насади и пасишта. Планинското подрачје е под шуми и пасишта. Бонитетната вредност на обработливите површини се изразува со 8 бонитетни класи, од кои I, II и III класа имаат највисока вредност што значи на нив можат успешно да се одгледуваат сите култури застапени на ова подрачје. Почвите со овој бонитет имаат и најголемо учество во вкупната обработлива површина. На површините од ИВ и В бонитетна класа може да се одгледува ограничен број култури со просечни производствени резултати. Останатите класи се со ниска бонитетна вредност. Климатските карактеристики, исто како и почвените, се погодни за развој на земјоделието. За ова подрачје е значајно силното влијание на медитеранската клима. Климатските погодности се: долг вегетациски период, високи температурни вредности, долг безмразен период, долг сончев сјај и сосема слаба облачност. Негативните влијанија на климата се во режимот и распоредот на врнежите, а во врска со тоа и во режимот на релативната влажност на воздухот. Иако, годишната сума на врнежи не е мала, тие се лошо распоредени, така што минимумот на врнежите и релативната влажност во вегетациската сезона се совпаѓа со максимумот на температурата на воздухот. Хидрографските потенцијали на општината, поради недоволната искористеност, се недостапни за наводнување на поголемиот дел од вкупните обработливи површини. Во општината постојат и погодности за развој на сточарството и живинарството. Климата овозможува природно распространување на бројни растителни шумски видови и на појава на повеќе растителни заедници. Подрачјето на општината има вонредно поволни природни услови од кои зависи опстанокот и репродукцијата на дивечот во слободна природа, но неговата популација е за повеќе од три пати пониска од онаа што ја овозможуваат природните услови. Општина Гевгелија има мошне поволна геопрометна, геостопанска и геотуристичка положба што се манифестира преку Вардарската развојна оска, која се надоврзува кон југ со Грција и на север со Србија, со што влегува во системот на Балканот и Европа. Општината се граничи со Грција од што произлегуваат низа предности за стопанскиот развој на општината. Орографските услови се поволни и не се појавуваат пречки во однос на пробивањето на сообраќајниците за поврзување на одделните подрачја. Исклучок претставува западниот дел од општината, но поради туристички интересните простори, експлоатацијата на шумите, користењето на извесни рудни наоѓалишта извршено е пробивање на сообраќајници и во овие простори. За општината посебно интересно е пробивањето на сообраќајниот правец кон западниот дел на Републиката, на линија Кожуф - Мариово - Пелагонија, како дел од кружната туристичка магистрала низ Македонија. Шумскиот пат преку Пољана овозможува сообраќајно поврзување на оваа општина со општина Кавадарци. Двата патни правци минуваат низ прекрасни пејсажни комплекси и шумски пространства обогатени со водопади, планински превои и други природни феномени. Основните погодности врз кои се темели туристичката перспектива на општината се термоминералните води, поволната геопрометна положба, климатските и вегетациските карактеристики, можностите за лов и риболов и др. Термоминералнате води во Негорските бањи и локалитетот Смоквица се одликуваат со низа квалитети: издашност, температура и состав на водите како поволни индикации за лекување на разни заболувања. Во Негорската бања постојат два природни хипертермални извори, со температури од 41°С и 36°С, како и термоминерално блатиште со температура од 400С. Во долината на Конска Река се јавуваат минерални извори кај Смрдлива вода со издашност од 0,2 л/с, температура 110С и Кисела Вода со издашност од 1 л/с и температура од 4°С. Геопрометната положба на општината, низ која минува најфреквентната сообраќајница во Република Македонија, магистралниот пат Е-75 или Коридорот 10, претставуваат важен фактор за локалниот економски развој, посебно, на транзитниот туризам, во кој централно место зазема градот Гевгелија и граничниот премин Богородица.


 

Контакт адреса:  
Стопанската комора на Македонија  
ул. Димитрие Чуповски, 13  
1000 Скопје  

 Контакт лице: Јадранка Аризанковска
 Тел: (02) 3244038 Факс:(02) 3244088
 Call Центар : (02) 15015
 E-адреса: jadranka@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права