23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ 24.04.2018 (Советување) Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници 26.04.2018 (Семинар) Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита 26.04.2018 (Инфо сесија) Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија 27.04.2018 (Семинар) ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 30.04.2018 (Семинар) ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ 30.04.2018 (Семинар) Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS) 04.05.2018 (Семинар) МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT) 08.05.2018 (Бизнис средби) Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија 29.05.2018 (Семинар) УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија) 30.05.2018 (Форум) Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград |
|||||||
Бизнис-настани05.12.2017 - 06.12.2017Семинар Стопанска комора на Македонија, Македонија ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГАДводневен семинар на тема: ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА 5 - 6 декември 2017 година (вторник и среда)
Семинарот овозможува стекнување на основни и напредни знаења и вештини за континуирано управување со работењето и закрепнувањето од ИТ-катастрофи, како и истрага на причините кои довеле до тоа. Семинарот овозможува учесниците постепено да се запознаат со креирањето на планови, тестирање, одговорности и ризици кои може да доведат до отежнато функционирање или целосен прекин на работењето, како и ИТ-катастрофи кои можат да доведат до прекинување на работењето на примарниот дата-центар и губење на податоци и важни информации. Покрај тоа, учесниците на семинарот ќе се запознаат и со процедурите за одговор на инцидент (Incident Response – IR), како и форензичко истражување на самиот случај. Некои од прашањата на кои семинарот ќе даде одговор се и како да спроведете анализа на влијанието на ограничено користење ИТ-ресурси на работните процеси, како да креирате DR-план, како да предупредувате при негативни последици од катастрофа, како да го спроведете редовното тестирање на DRP и на што треба да се обрне внимание за да не се насочат тестирањата во погрешен правец, која е разликата помеѓу DRP и BCP, како се дефинираат улогите и кога се активираат плановите, што да се направи кога нападот е во тек, како да се прекине активен напад и како да се спроведе истрага. За време на семинарот ќе биде направена анализа на позитивни и негативни искуства на големи компании во однос на тестирање и закрепнување од катастрофа, како и одговор на инцидентите. Целна група на семинарот: Семинарот е наменет за менаџментот на една компанија, за раководители и вработени во службите за управување со континуитет во работењето, во ИТ-служби и служби за безбедност на информациониот систем, за одговорни лица за заштита на деловните информации и управување со оперативниот ризик, интерни и екстерни ревизори, како и за вработени во сектори на компанијата кои сакаат да го зголемат нивото на контрола над своите процеси во кризни ситуации со цел продолжување на работните процеси во нормален тек по катастрофа. Потребни предзнаења: основно разбирање на ИТ-системите и работните процеси. ПРОГРАМА Прв ден: Втор ден: Предавачи: - доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија; - Лука Милинковиќ, ИТ-ревизор во Комерцијална банка АД – Србија, каде имплементира безбедносна контрола и процени на ризик на ИТ-системите на банките. Со информациона безбедност и едукација се занимава повеќе од 10 години, а за време на тој период има работено и на Електротехничкиот факултет во Белград, каде моментално е на докторски студии. Има работено на развој и имплементирање на безбедносни методи, мрежни технологии и алгоритми за енкрипција. Автор е на многубројни трудови и учествувал на домашни и на меѓународни научни конференции, а член е на ИТ-списанието „PC Press“. Тој исто така е сертифициран внатрешен ревизор за ISO/IEC 27001 и ISО 31000 управување со ризик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: Краен рок за пријавување: 1 декември 2017 година. Агенда на настанот Пријавен лист Останати документи Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk ![]() ![]()
![]()
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права
|