Бизнис-настани

24.12.2018 - 24.12.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат,  Македонија

Еднодневна работилница на тема: ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ



Еднодневна работилница на тема:
ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

24.12.2018 година (понеделник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 24 декември 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: „Исполнување на паричните обврски помеѓу правните субјекти и начини за наплата на побарување“. Правната, но и економската сигурност во бизнисот во голема мера зависи од способноста на правните субјекти да веруваат дека трансакциите во кои стапуваат, односно договорите кои ги склучуваат ќе бидат исполнети целособразно, навремено и комплетно. Оттука, цел на работилницата е да се одговори на секогаш актуелното прашање: Како настанува исполнување на паричните обврски и кој е најдобриот и најсигурниот начин за наплата на побарувањата помеѓу правните субјекти, и тоа како во домашниот, така и во надворешниот промет со странски субјекти?
Одговорот на ваквото прашање ќе се обезбеди преку преглед на правната регулатива која ја засегнува темата од интерес, а особено: настанувањето и докажувањето на постоењето на побарување, доброволната, но и присилната наплата на побарување, договорното регулирање на исплаќањето на паричните побарувања, како и облиците на меѓусебно намирување. При тоа, детално ќе бидат објаснети сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и пресуди, како и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на исполнувањето и наплатата на паричните обврски.

ПРОГРАМА

I. НАСТАНУВАЊЕ И ДОКАЖУВАЊЕ ПОСТОЕЊЕ НА ПОБАРУВАЊЕ

- Фактурата како документ кој искажува остварен промет;
- Влезна и излезна фактура;
- Форма и содржина;
- Составни елементи;
- Момент на доспеаност;
- Напомена во фактурата за извршен промет за целите на ДДВ;
- Застареност;
- Практични примери.

II. ОПОМЕНАТА ПРЕД ТУЖБА КАКО НАЧИН ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА:

- Опомена пред тужба;
- Законска регулатива:
- Закон за финансиска дисциплина;
- Подрачје на примена;
- Рокови на исполнување;
- Надоместок за доцнење;
- Надзор и контрола врз економските оператори;
- Прекршочна постапка;
- Практични примери.

III. НОТАРСКИОТ ПЛАТЕН НАЛОГ КАКО НАЧИН ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

- Законска регулатива:
- Закон за нотаријат;
- Постапка за издавање нотарски платен налог како механизам за наплата на 
  доверителовите побарувања;
- Закон за извршување;
- Наплата на парично побарување во извршна постапка;
- Наплата на побарување со странски елемент;
- Практични примери.
 
IV. ДОГОВОРНО РЕГУЛИРАЊЕ НА НАЧИНОТ НА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ

- Законска регулатива:
- Закон за облигационите односи;
- Исполнување со суброгација;
- Предмет на исполнување;
- Засметување на исполнување;
- Признаница;
- Отпуштање на долг;
- Новација;
- Практични примери.

V. ОБЛИЦИ НА МЕЃУСЕБНО НАМИРУВАЊЕ НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ

- Компензација;
- Цесија – отстапување на побарување со договор;
- Преземање на долг;
- Пристапување кон долг;
- Преземање на исполнување;
- Факторинг;
- Практични примери.


Предавачи:

- Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми, помеѓу кои ICSID при Светска банка - Вашингтон и Европскиот суд за човекови права (ECHR). Член на постојаниот арбитражен суд, член на групата за стратешко застапување при МЗМП, коавтор на Прирачникот за правнички вештини, национален тутор на HELP-Програмата на Советот на Европа;  активен учесник во истражувачки проекти и проекти за јакнење на капацитетите на судството;

- Викторија Спасовска, правен консултант и предавач на обуки, семинари и
конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.


За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

   Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 20.12.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права