19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Основни информации

Здружение на осигурувањето


Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија беше конституирано на 22.02.2005 година, со заемна едногласна одлука на тогаш актуелните друштва за осигурување. Денес во него доброволно членуваат сите 15 друштва за осигурување, како и друштва од вториот столб на пензиското осигурување.

Клучната улога и функција на Здружението на осигурувањето е да ги обедини ставовите и мислењата на сите осигурителни друштва, со цел активно присуство и партиципирање во актуелните прашања или проблеми, од сите аспекти кои директно или индиректно имаат влијание на осигурителната дејност или би можеле на каков и да било начин да влијаат на работата на осигурителните друштва и клиентите.

Почитувајќи ги Правилата за организацијата и начинот на работа, Здружението има Управен одбор како орган на управување. Претседателот на Управниот одбор е и претседател на Здружението. Здружението има заменик-претседател, кој, по овластување на претседателот, раководи со состаноците на Управниот одбор.

На седница на Здружението на Осигурување одржана на 19.12.2017 за претседател на Здружението во следниот мандатен период од две години беше избран Ѓорѓе Војновиќ од „Триглав осигурување“ АД - Скопје, За заменик-претседател на Здружението на осигурувањето е избрана Елена Наумова од „Евроинс осигурување“ АД - Скопје.  

Здружението на осигурување за мандатниот период 2015-2020 година го избра својот претставник во Собранието на Стопанската комора на Македонија од Еуролинк осигурување АД Скопје, г-динот Дарко Атанасовски.

Во работата на Здружението на осигурување активно учество земаат сите осигурителни компании во Република Македонија. Во 2016 година на пазарот на осигурување во Република Македонија активно работат 15 осигурителни друштва, од кои 11 друштва вршат работи на неживотно осигурување, додека 4 осигурување на живот. Нивниот број се зголемува во последните години што укажува на фактот дека има интерес за инвестирање од домашни и странски компании во овој сектор. Исто така, во оваа дејност функционираат 33 осигурително брокерски друштва, што упатува на атрактивноста на осигурителниот пазар, 14 друштвата за застапување, 3 деловни банки кои делуваат како застапници во осигурување; 469 лиценцирани брокери и 1.065 лиценцирани застапници во осигурување.

Осигурително брокерските друштва се здружени во Асоцијација која делува во рамките на Комората согласно нивниот интерес на здружување.

Во дејноста осигурување функционира и Национално биро за осигурување.
Регулатор на осигурителната дејност е Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Здружението на осигурување работи согласно актите на Комората и согласно Правилата за организација и начинот на работа на Здружението.

Одлука за изменување и дополнување на Правилата за организација и начинот на работа на Здружението на осигурување

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Влатко Стојановски
Тел: (02) 32440004 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: vlatko@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права