15.02.2019 (Семинар)
Право на годишен одмор како уставна категорија; права на работниците во случај на неискористување на годишниот одмор

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Клуб за соработка со Франција и франкофонските земји

Деловен клуб за соработка со Франција и франкофоните земји

Француско – македонскиот деловен клуб (Club des affaires franco-macedonien) e заедничка иницијатива на македонските и француските претприемачи во Македонија, основан со поддршка на Стопанската комора на Македонија,  Амбасадата на Франција во Скопје, Амбасадата на Македонија во Париз, како и соодветните министерства во двете земји.
Нашата главна мисија е да станеме вистинско место за средба и прием на француските и македонските претприемачи за каква било стопанска активност помеѓу Македонија, франкофонските земји и особено Франција.
Нашата улога е да бидеме дополнување на официјалните институции кои ги помагаат билатералните стопанските односи помеѓу Македонија, франкофонските земји и особено Франција.

Конституирање

Февруари 2009
основање во рамките на Стопанската комора на Македонија со Одлука од Управниот одбор

Мај 2009 – поставување на управниот тим
Бернар Коениг, претседател (член на Надзорен одбор на Охридска Банка-Societe Generale Groupe)
 

Одлука за формирање на Клубот- 19.02.2009

Правилник за работа на Клубот-

Членство
Годишна членарина:
10.000 ден
за претпријатија кои не се членки на Стопанската комора на Македонија  
5000 ден
за претпријатија членки на Стопанската комора на Македонија
1000 ден
за физички лица кои се занимаваат со нестопанска дејност
(лекари, пензионери, професори)

Услуги за членките

Настани
Платформа за претприемачите од Македонија заинтересирани за француско-македонските стопански односи и франкофонските земји
Организирање/учество на тематски семинари, округли маси, средби за воспоставување деловни контакти
Билатерални трговски средби 
Обезбедување на информации
Контакти од претпријатија
Основни стопански информации
Секторски информации
Помош при барање на партнери

 

Претседател-  Љупчо Величковски,  МЗТ Комерц Нова

Потпретседател - Оливие Даложевил – Балкан Бизнис Консалтинг

 

Претпријатија членки на Деловниот клуб за соработка со Франција и франкофоните земји

1.  Охридска банка - Societe generale groupe  Јитка Пантучкова
2.   Бернар Коениг Почесен претседател
3.   Фресине Балкан   Зоран Гапиќ
4.   МЗТ Комерц Нова   Љупчо Величковски
5.   Елмонд-Ин      Каевски Драги
6.   Руен Интернационал Жак Насје Мопа
7.   Фиорд Технолоџис   Оливие Далонжвил
8.   Т-хоме Николаи Бекерс
9.   Алкател Лусент       Менка Ефнушева
10.     Микросам Милена Чупаркоска
11.     Простор 21 Љупчо Марковски
12.     МЗТ Ека Јосиф Јордановски
13.     Фруктана Горан Митев
14.     Публицис Александра Дилевска
15.     Антарес Билјана Стоимировска
16.     Еуроимпекс Даниел Воиновски
17.     Комфи Ангел Ирена Јакимоска
18.     Биотек Анкица Синадиновска Базерко
19.     Александар Величковски
20.     Марковска и Андреевски – адвокатска канцеларија Мирјана Марковска
21.     Попов винарија Владислав Попов
22.     Д-р Гоце Петрески професор на Економски факултет - Скопје

 

За клубот рекоа...

Н.Е.Бернар Валеро, амбасадор на Франција во Македонија
«Неопходно е македонските деловни луѓе многу поагресивно да ги бараат  француските компании и да ги убедуваат во својот квалитет. Овој клуб, кој се формира навистина во вистинскиот момент и со иницијатива од бизнисот, и кој ние  интензивно ќе го подржуваме, може  да  стане мост за зголемувањето на размената.»

Г-дин Бернар Коениг, претседател на деловниот клуб
«Место за размена par excellence, овој деловен клуб ќе треба да им овозможи на македонските, француските и франкофонските претпријатија подобро да се запознаат и да ги разберат взаемно нивните квалитети така што ќе можат целосно да ги искористат нивните поединечни компетенции.»

Г-ѓа Сава Димитрова, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија
«Стопанската комора на Македонија го препозна моментот на потребата и можностите и застана зад ставот на француското Министерство за економија за формирање на Клубот со основна цел - поттикнување на развојот на стопанската соработка со Република Франција и со други 56 земји-членки на Франкофонијата, плус 14 земји-набљудувачи .»

Информација за трговската размена со франкофоните земји

Членки на Меѓународната Организација на Франкофонијата



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права