Основни информации

Здружение на хемиската индустрија


Здружението на хемиската индустрија ги опфаќа стопанските субјекти од базичната хемиска индустрија, производството на индустриски гасови, производството на фармацевтски производи, производство на козметички производи и средства за домаќинство, производство и преработка на пластични маси и гума.

Во Здружението на хемиската индустрија при Комората членуваат околу 60 стопански субјекти, значајни репрезенти на оваа индустрија, од сите гореспоменати дејности.

Со цел третирање на специфични интереси на членките, како посебни форми на делување во рамките на Здружението на хемиската индустрија формирани се две групации:

 
  • Групација за производство и преработка на пластични маси
  • Групација на производители на средства за хигиена

Здружението на хемиската индустрија на седницата одржана на 3.2.2015 година за претседател на Здружението во следниот петгодишен мандатен период  го избра Зоран Костовски, директор во Алкалоид АД Скопје.

ПРАВИЛА за организацијата и начинот на работа на Здружението на хемиската индустрија

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Зорица Мешкова
Тел: (02) 3244019 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: zorica@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права