23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Податоци за дејноста

Здружение на комуналните дејности


ОТПАД е секоја материја или предмет што создавачот или поседувачот ја/го отфрла, има намера да ја/го отфрли или од него се бара да ја/го отфрли. Вкупниот отпад што се создава по разни основи се дели на:

 
  1. Отпад од индустријата, рударството и вадењето камен и енергија >>>
  2. Комунален отпад >>>

Комунална дејност (водоснабдување, собирање на отпад, одржување на зеленило, погребални услуги) во Република Македонија вршат 70 (седумдесет) јавни претпријатија.

Дејноста се врши со основање на јавно претпријатие за комунални дејности, со давање концесија за вршење на дејностите утврдени со Законот за комунални дејности. Општините можат да основаат јавно претпријатие заради организирање и квалитетно вршење на комуналните дејности и стопанисување со објектите на комуналната инфраструктура од локален карактер. Две или повеќе општини односно градот Скопје, со меѓусебна спогодба можат да основаат меѓуопштинско јавно претпријатие.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2016 година изнесува 610 227 тони. Споредено со 2015 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2016 година бележи намалување од 1.6 %.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион - 160 290 тони или 26,2% од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 512 657 тони или 84 % се собрани од домаќинствата, а останатите 16% од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите на отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, 543 644 тони или 89%, а најмало количество е отпад од гума, 656 тони или 0.1% од вкупното количество собран комунален отпад.
Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2016 година изнесува 796 585 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2016 година изнесува 376 кг по жител што е за 1.1 % помалку отколку во 2015 година.
Најголемо количество на собран комунален отпад (99.4%) се отстранува на депонија.

Статистика  за вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2016 година

 

Отпад според секторите на економска активност, 2014

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на создаден отпад според секторите на економска активност во Република Македонија, во 2014 година, изнесува 1 845 909 тони. Најголемо количество отпад (1 638 238 тони) е создадено во секторот Преработувачка индустрија.
Вкупното количество на создаден опасен отпад изнесува 39 337 тони. Најголемо количество на опасен отпад e создадено во секторот Преработувачка индустрија, 37 126 тони.
Од вкупното количество на создаден отпад, 659 238 тони се предаден отпад, односно отпад кој деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство во текот на 2014 година.
Вкупното количество на примен отпад, односно отпад кој деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство во текот на 2014 година, изнесува 705 825 тони.
Во текот на 2014 година се преработени 197 505 тони отпад. Вкупното количество на отстранет отпад изнесува 1 481 378 тони.

Статистика за Отпад според секторите на економска активност, 2014

 

Користење на водите и нивна заштита од загадување во индустријата, 2015

Прикажаните податоци на Државниот завод за статистика претставуваат резултати за зафатени, користени и испуштени води во 2015 година.
Вкупното количество на зафатена вода на индустриските претпријатија во 2015 година изнесуваше вкупно 4 282 милиони м3, при што секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има најголемо учество од 99.4%.
Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество на вода е од површински води, 49.0%.
Вкупното количество на користена вода во 2015 година изнесуваше 4 281 милиони м3. Од вкупно испуштените води, пречистени се 0.4%.


Статистика за Користење на водите и нивна заштита од загадување во индустријата, 2015


 

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска
Тел: (02) 3244021 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: daniela@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права