17.01.2018 (Семинар)
КВАЛИТАТИВНО УЧЕСТВО НА ДЕЛОВНИТЕ АСИСТЕНТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И ВОДЕЊЕ СОПСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

28.06.2017 - 28.06.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL


Еднодневен семинар:

ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL 
28 јуни 2017 година (среда)
9:30-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

       Несомнено е дека со развојот на технологијата се развиваат и разни софтвери кои помагаат при анализа на разни податоци особено од сферата на финансиите. Но, сепак употребата на Excel како алатка за анализа на разни податоци се` уште е општо прифатлива алатка за сите менаџери на финансии. Поради големите очекувања од финансиските менаџери истите треба да имаат големи аналитички алатки. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 28 јуни 2017 година го организира еднодневниот семинар: ФИНАНСКИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL.
       Excel е една од најважните алатки што треба да ја поседува еден финансиски менаџер. Со доброто познавање на Excel финансиските менаџери ќе бидат во можност да создаваат модели, да го менаџираат ризикот, да ја зголемат тимската работа и комуникацијата во одделот.

ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ:
       Целта на семинарот е на практичен начин да се развиваат аналитичките вештини на финансиските менаџери, со што ќе придонесат за донесување на побрзи и поефективни одлуки. Правилното толкување на финансиските извештаи ќе доведе до реални информации за трошоците и нивното влијание во секојдневното работење, што ќе придонесе за планирање и буџетирање на финансиските средства за наредниот период, обезбедување финансиски средства за тековно работење или дополнително инвестирање.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕМИНАРОТ?
       Семинарот е наменет за: менаџери, управители, лица од областа на финансиското работење, сметководството, финансиското известување, лица кои имаат потреба да ги препознаваат информациите и пораките кои се носат во нивните финансиски извештаи, вработени во банки и други финансиски институции. Истата особено е корисна за менаџерските позиции, управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.

ПРОГРАМА:
• Финансиски извештаи;
• Анализа на финансиски извештаи;
• Прогноза на годишни приходи;
• Прогноза на финансиски извештаи;
• Буџетирање на готовината;
• Добивка, задолжување;
• Чинење на капиталот;
• Буџетирање на капиталот;
• Пивот табели.
Предавач:
Вејсел Сарач, консултант и тренер од областа на финансии. Дипломиран менаџер на Факултетот за деловна администрација при Истанбулскиот универзитет. Директор за сметководство во градежната компанија „Лимак“ – Скопје, која е дел од Групацијата „ Limak Holding A.Ş.“ од Турција.

*НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА,
ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот. 

Рок за пријавување: 26.6.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права