Организирана посета на 36–тиот Меѓународен технички саем ТИБ 2010 и одржување на Романско-македонски бизнис форум
6-9 октомври 2010 –Ромекспо-Букурешт –Романија
Стопанската комора на Македонија го најавува одржувањето на романско-македонски бизнис форум со посета на Меѓународниот технички саем ТИБ, кој ќе се одржи од 06-09.10.2010 година во Букурешт –Романија.
TIB претставува една од најголемите меѓународни саемски манифестации за техника, која се одржува секоја година на меѓународниот саем Ромекспо, во Букурешт, Романија.
Оваа година, ТИБ ќе биде структуиран по следните области:
· Машини и алати (машински справи, алати и додатна опрема),
· Механички иннженеринг,
· Комуникациска индустриска информатичка технологија,
· Хемија и петрохемиска индустрија,
· Услуги,
· Електротехника (електро, електротехника и автоматика),
· Хидроулика (пумпи, компресори,хидроулика и пнеуматика),
· Металургија (металоургија и заварување),
· Енергетика,
· Автомобилска индустрија,
· Транспорт и стоваришта,
Меѓународниот технички саем ТИБ, дава можност за промоција и контакти со клиенти, средби помеѓу производителите, сервисерите и потрошувачите и е одлична можност за нов бизнис-пристап.
Во рамките на оваа голема саемска манифестација, покрај бизнис форумот, ќе се одржат тркалезни маси, конференции, семинари, работилници, технички презентации и промоција на производи и филмски проекции.
Стопанската комора на Македонија ги поканува сите компании заинтересирани за посета на 36-тиот Меѓународен технички саем ТИБ 2010 и учество на македонско-романскиот бизнис форум, да се пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 10 Септември 2010 година (петок).
Целокупните логистички (хотелско сместување и превоз) и административни формалности ќе бидат навремено дефинирани и истите ќе бидат проследени на сите заинтересирани македонски компании.