19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Бизнис-настани

28.09.2018 - 28.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА


Еднодневен семинар на тема:

БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

28.9.2018 година (петок)
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Безбедноста на компјутерските мрежи е од исклучителна важност за нормално функционирање на ИТ-инфраструктурата. Постои можност за заштита на повеќе нивоа, како на серверите, така и на работните станици. Покрај активната заштита, постојат решенија и за активно следење на мрежниот сообраќај.
          Во раните фази на развој на компјутерските мрежи, фокусот беше ставен на обезбедување највисок можен пренос на податоци со најниска веројатност за грешки. Со појавата на интернетот и големиот број корисници и достапни услуги, ситуацијата драстично се промени. Денес, преку оваа мрежа се пренесуваат лични податоци на корисници, доверливи информации, деловни видео-конференции и интервјуа, финансиски трансакции и сл. Ова покажува дека користењето на компјутерските мрежи вклучува одредени ризици, кои треба да се препознаат и да се намалат.

          За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 28 септември 2018 година организира еднодневен семинар на тема: „Безбедност на ИТ-инфраструктура“.
Безбедноста е од особено значење кај бежичните мрежи, чиј сигнал зрачи и надвор од просториите во кои се наоѓаат основните бежични станици и компјутери. Еден од честите напади на компјутерски мрежи е шпионирање на компјутерските системи и мрежните уреди, односно нивните корисници. Кај ваквите напади, напаѓачот првенствено ја крши тајноста (приватноста) на податоците, а покрај тоа евентуално и веродостојноста (интегритетот) и достапноста.

          Семинарот е наменет за раководители и вработени во ИТ-служби, лица одговорни за заштита на работните информации, мрежни инженери, лицата одговорни за управување со бази на податоци, управување со ИТ-ризици, спроведување контрола на ИТ-стандардите, добавувачите во врска со информациониот систем, како и сите кои имаат потреба од заштита  на информациите поради висок степен на одговорност и ризик во стопанските друштва.

ПРОГРАМА:

- Безбедност на оперативниот систем;
- Заштитни ѕидови (Firewall);
- Системи за детекција/превенција од напади – IDS/IPS;
- Лажни мамки (Honeypot);
- Безбедност на Wi-Fi-мрежата;
- Криптографски алгоритми (SSL VPN и IPSec);
- Надзор на мрежи ;
- Напади на компјутерски мрежи.

Предавач:

- доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – „SECIT security consulting“. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија. 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 24.9.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права