22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

22.11.2018 (Инфо сесија)
Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва: старт-ап и спин- оф

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

06.07.2018


Актуелно  

КОЈ СЕ' НАПЛАТУВА ДАВАЧКИ ОД КОМПАНИИТЕ?


Покрај даноците, чиј режим е јасно уреден и прецизиран со законски норми и детално разработен со подзаконски акти, деловните субјекти се изложени на обврската за плаќање на цел круг на други „скриени давачки“.

Од истражувањето што неодамна го спроведе Стопанската комора на Македонија, произлегува дека станува збор за сериозен обем на дополнителни, неданочни и парафискални оптоварувања за деловните субјекти. Од една страна, постојано се проширува листата на ваквите обврски, и се додаваат нови давачки. Од друга страна, уште еден аспект кој треба да се има предвид, ако се земе целиот анализиран период од 2008-2013 година е што се бележи тренд на прелевање на цели групи на неданочни и парафискални давачки на сметките на одделни субјекти на јавното право во деловните банки, наместо на трезорската сметка.

large_taxes_twice

Тоа значи дека надоместокот сé уште се наплатува од субјектите, и за нив претставува ефективно оптоварување, но тој не се бележи како приход во буџетот на Република Македонија, поради што податоците – ако се споредува 2016 со 2013 година – дури покажуваат и намалување на ставката „други даноци“ во завршната сметка на Буџетот, започнувајќи од 2014 година. Пример за ова, се издатоците за надоместоци и такси за моторните возила кои до 2013 година се наплатуваа на трезорска сметка, а започнувајќи од 2014 година истите ги наплатува, на сметка на деловните банки, Јавното претпријатие за државни патишта, кое е основано согласно Законот за јавни патишта од 27.12.2012 година – тие давачки сé уште се наплатуваат од компаниите, а не се евидентираат како прилив во буџетот.

Износот на парафискалните давачки наплатени во државниот буџет во 2008 година изнесувал 13.081 милиони денари (приближно 212,4 милиони евра), за во 2013 година тие износи да пораснат до 14.226 милиони денари (231,3 милиони евра), додека податоците за 2016 година веќе даваат одраз на овие тенденции на прелевање – наплатените износи по овие основи во буџетот изнесуваат 12.267 милиони денари (199,46 милиони евра), но тие не ги опфаќаат давачките кои до тогаш се наплаќаа на буџетската сметка – а од периодот 2013-2014 година се наплатуваат на сметките на деловните банки. Тоа е видно и од споредбата на позициите во завршните сметки – на пример, по основ на „други даноци“ во 2013 година биле наплатени 2.723 милиони денари (44,2 милиони евра), а во 2016 година само 559 милиони денари (приближно 9 милиони евра). Врз основа на наведеното, проценките се дека износот на платени неданочни и парафискални давачки во 2016 година изнесувал најмалку 15.467,00 милиони денари, или приближно 251,5 милиони евра.

Табела: Парафискални давачки (неданочни приходи и други даноци)

во милиони денари

Парафискални давачки (неданочни приходи и други даноци)

 2008

2013 

2016 

+/-
Денари 2013/2008 

+/-
во денари 2016/2008
 

Неданочни приходи (ССП) 

 7160

 5814

 7447

 -1346

 287

 Административни такси и глоби

 1858

 1844

 1739

 -14

 -119

 Други административни такси

 561

 831

 1886

 270

 1325

 Други неданочни приходи

 942

 3014

 636
(цца 1.000 ден. прелеани на с-ки во деловни банки)

 2072

 -306
(+694)

 Други даноци

 2.560

 2.723

 559
(цца 2.200 ден. прелеани на с-ки во деловни банки)

 163

 -2001
(+199)

 Вкупно

 13.081

 14.226

 12.267
(цца 15,467)

 +1.145

 -814
(+2.008)

Извор: Истражување спроведено од Стопанската комора на Македонија

Ова прелевање на наплатата на јавните давачки од буџетот на сметките на органите на управата наведува на заклучок дека приходите од неданочни и парафискални давачки се со тенденција на постојан раст како во апсолутни износи, така и во однос на нивната бројност, иако  извештаите превземени од буџетот во одредени делови покажуваат тренд на намалување на приходите.

Неопходно е да се спроведе прецизна класификација и разврстување на сите фискални форми кој постојат во даночниот систем и како даноци можат да се наречат само тие давачки кои имаат карактер на даноци, но не и надоместоците, таксите за одредени добра и услуги, посочуваат од Стопанската комора на Македонија. При тоа, неопходно е сите досегашни сопствени приходи на државните органи, органите на управата и локалните самоуправи, агенции, дирекции, бироа и сл., да станат приходи на буџетот и сите тие ентитети да се воведат во системот на консолидирана сметка на буџетот.

Стопанска комора на Македонија











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права