20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

20.09.2018 (Бизнис средби)
МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - 20.09.2018 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

21.06.2018 - 21.06.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат,  Македонија

СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА


Еднодневен семинар:

СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА
- Транспортот во системот на логистика и управувањето со синџирот на набавки (Supply Chain Management) –

21.6.2018 година (четврток)
9:30 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

На еднодневниот семинар учесниците ќе се стекнат со корисни информации, практики и решенија од современиот транспортен и логистички сектор. Ќе се запознаат со економската улога на транспортната и логистичката дејност, целите за ефективна испорака на транспортните услуги, со логистичките информациски системи (ЛИС), вештачката интелигенција и електронската размена на податоци (ЕДИ), практичните решенија на моделите точно на време (JIT) и точно на место (JIP). 
 
Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Која е економската улога на транспортот;
- Што претставуваат моделите: интегриран транспорт, комбиниран транспорт и
   мултимодален транспорт;  
-  Цели за ефективна испорака на транспортни услуги;
-  Меѓународна транспортна документација;
-  Што е логистика;
-  Суштина на логистиката и логистичките системи;
-  Управување со каналите на дистрибуција;
-  Улогата на логистиката во компаниите;
-  Клучни логистички активности;
-  Што е кластер;
-  Како да се организираат македонските компании во доменот на транспортот и 
   логистиката во кластер;
- Outsourcing;
- Поим и значење на управувањето на синџир на набавки (Supply Chain 
  Management).
 
Програма на семинарот:

- Економската улога на транспортот;
- Интегриран транспорт, комбиниран транспорт и мултимодален транспорт;
- Цели за ефективна испорака на транспортни услуги;
- Меѓународна транспортна документација;
- Суштина на логистиката и логистичките системи;
- Канали на дистрибуција;
- Улогата на логистиката во организацијата;
- Клучни логистички активности;
- Логистички информациски систем (LIS);
- Организациона поставеност на логистичкиот  информационен  систем електронска размена на податоци (ЕДИ) (Electronic Data Interchange–EDI);
- Вештачка интелигенција и бар код системи;
- JIT (Just in Time) и JIP (Just in Place);
- Што е кластер;
- Како да се организираат македонските компании во доменот на транспортот и 
  логистиката во кластер;
- Како се поставуваат плановите за заедничките интереси во доменот на кластер;
- Елементи поврзани со опслужувањето на потрошувачите;
- Управување со залихи;
- Унапредување на нивото на сервисирање на потрошувачите;
- Менаџирање со каналите на дистрибуција;
- Присутни технологии WMS;
- Outsourcing;
- Поим и значење на управувањето на синџир на набавки (Supply Chain 
  Management).


Придобивки на организациите кои ќе ги дообучуваат своите вработени за да работаат успешно, да почнат да размислуваат надвор од нивната зона на комфор и да ги прошират своите знаења од областа на транспортот, логистиката и управување со синџирот на набавки:

- Основа за долгорочен раст и развој на организацијата;
- Минимизирање на трошоците;
- Подобра ефективност на деловните процеси;
- Точна распределба на задачите, улогите и одговорностите во работењето;
- Примена на ефикасни модели на организација во работењето;
- Поголема компетитивна предност на пазарот;
- Оптималност, продуктивност и ефикасност во работењето;
- Можност за формирање кластер во транспортниот и логистичкиот сектор за 
  поголема конкурентност на македонските компании на регионалниот и 
  глобалниот пазар.

 
Предавачи:

-Проф. д-р Ристе Темјановски, редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Транспортната проблематика е постојано во фокусот на неговата академска сфера на истражување. Покрај наставата по предметите Транспорт и шпедиција, Логистика, Менаџмент информациски системи, се занимава и со истражување со транспортните системи и модели, посебно прашањата на транспортот и логистиката, економскиот и регионален развој и нивното влијание врз организација на просторните активности и просторно-економските развојни анализи. Има објавено над 100 научни трудови во научни списанија и конференции, десетина академски книги, а има учествувано и на повеќе домашни и меѓународни истражувачки проекти;

-м-р Влатко Бежоски, управител на филијалата на компанијата „Quehenberger Logistics“ во Скопје. Целата негова кариера е посветена на дизајнирање, развој и операционализација на современи логистички решенија и системи пред се` во делот на транспортната и дистрибутивна логистика. Дополнително како визитинг професор предава на Универзитетот „Американ Колеџ” во Скопје, по предметот Менаџирање со дистрибутивните канали. Во текот на својата кариера има учествувано во дизајнирање и реализација на неколку логистички проекти, а има објавено десетина научни трудови од областа на логистиката и синџирите на достава.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 14.6.2018 година.

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права