23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Податоци за дејноста

Здружение на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел


АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА И ПРОИЗВОДСТВОТО НА МЕБЕЛ

       Македонија е земја со богата традиција во преработката на дрво поради своите расположиви шуми, традиција и стручна работна сила. Меѓу првите индустрии во нашата земја започна производството во пиланите на бичена граѓа, а индустријата за производство на мебел , како продолжување на производниот процес од пиланите, позабележително започна да се развива педесетите години од минатиот век. Во тој период настанаа големите дрвопреработувачки комбинати, програмски одредени за високо заштитениот екс југословенски пазар Приватизацијата на сите поранешни комбинати е завршена, а приватната иницијатива формира низа нови претпријатија во оваа дејност.низ кој процес се одвиваше прилагодувањето кон пазарните услови на стопанисување.
Сега, во оваа индустрија стопанисуваат поголем број фирми од индустријата за производство на мебел и мал дел се од преработувачката индустрија. Преработувачите на дрво во Република Македонија своето производство на дрвен асортимент го базира на шумскиот потенцијал од 970.000 ха под шуми (859.427 ха или 89%)од вкупниот шумски фонд е во државна сопственост. а 106.223 или 11% во приватна сопственост).


      Производство
     1.1.Режана Граѓа и Плочи Во 2016 година во Република Македонија остварено е производство на режана граѓа и плочи во од 21.524м3 и споредено со 2015 година, кога тоа производство изнесуваше 23.516, забележан е пад од 4,3%.
Залихите само кај режаната граѓа и плочи 2016 година изнесуваа 5.201 м3, и беа помали за 1% од во однос на истите од 2015 год,кога изнесуваа 5,213 м3.Според статистичките податоци во 2016 година остварено е производство на режана граѓа и плочи од 21.524 м3, што споредбено со истиод период од минатата година претставува пад од 4,3%. Реализацијата на режана граѓа и плочи за 2016 година изнесува 17.235 м3 или пад од 3% и вкупна залиха од 5,365 м3 забележа намалување од 14% во однос на истиот период од минатата година.
     1.2.-Производството на гредежна столарија, за 2016 година, одделно по наведените производи бележи намалување кај прозорците за 12% исто како и кај вратите за 14% а зголемување се забележува кај паркетот и тоа за 125%. Реализацијата на градежната столарија во 2016 година бележи намалување кај вратите за 11%,прозорци 14%., додека има значително зголемување кај паркетот за 180% и палетите.
     Мебел -Кај финалните преработки од дрво во 2016 година се забележува благ пораст на производството и тоа на спалните соби за 8% и кај кујнскиот мебел за 12%, додека кај производството на дневни соби и канцелариски и школски мебел забележа опаѓање од 10%, односно за 9% споредбено со истиот период од минатата година.


     Извоз - Увоз
     Кај индустријата за преработка на дрво и производи од дрво, извозот за од 2016 година година изнесува 11.039 тони или 2.3 милиони САД долари, додека увозот во истиот период изнесува 158.912 тони или 24.4 милиони САД долари. Ова укажува на ниското користење на домашниот расположив потенцијал во шумарството.
     Кај индустријата за производство на мебел, извозот за 2016 година изнесува 24.448 тони или 131 милион САД долари, додека увозот во истата година изнесува 15.351 тони или 44.8 милиони САД долари.
     Кај производството на мебел, во 2016 година извозот бележи пораст кај спалните соби за 24%, тапацираниот мебел за 8%, а кај другите производи намалување. Додека на страната на увозот, пораст има кај канцелариски мебел од метал 112%, канцелариски мебел од дрво 6%, и кај спалните соби од 11%. Намалувањето на царинското оптоварување во 2007 година, согласно СТО укажува на пораст на увозот и во 2015 година. Оттаму, неопходно е да се преземат соодветни мерки со цел да се зголеми конкурентноста на домашното производство.
     Имајќи ги предвид наведените неповолни движења во дрвната индустрија , како во производството така и во надворешно трговската размена во последниве две години, оценка е дека увозот и натаму ќе го истиснува домашниот производител од домашниот пазар. Оттаму императив се услови за обезбедување на повисок степен на конкурентност на домашните производи од оваа гранка, со дефинирање на мерки и активности за позитивна динамика. За потребите на развојот потребно е да се дефинираат програми, да се прилагодат пазарно и организациски, Флексибилноста на производството и способноста за брзо прилагодување на промените во побарувачката ќе бидат главни услови кои треба да се исполнат.

Актуелни состојби во индустријата за преработка на дрво и производство на мебел за 10 месеци од 2017 година

Актуелни состојби во индустријата за преработка на дрво и производство на мебел за 7 месеци од 2017 година

Актуелни состојби во индустријата за преработка на дрво и производство на мебел за 4 месеци од 2017 година 

Актуелни состојби во индустријата за преработка на дрво и производсатво на мебел за 10 месеци од 2016 година

Актуелни состојби во индустријата за преработка на дрво и производсатво на мебел за 4 месеци од 2016 година

Актуелни состојби во индустријата за преработка на дрво и производсатво на мебел за 2015 година

Актуелни состојби во индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел за 2014 година.

 Актуелни состојби во индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел за 7 месеци од 2015 година.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Валентина Цветковска
Тел: (02) 3244063 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса:valentina@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права