Актуелен претседател на Советот е г-дин Георг Валднер, претседател на Управен одбор на ЕВН Македонија, избран на 09.11.2007 година.
Советот на странските инвеститори, на седницата одржана на 01.07.2009 година, усвои нова организациска структура на работење и управување.
Во интерес на ефикасно работење и делување, Советот воспостави и применува флексибилна организациска структура, управувана од Управен комитет во состав: г-дин Георг Валднер, како претседател на Советот, г-ѓа Јадранка Аризанковска (од Стопанската комора на Македонија), како генерален секретар на Советот и г-дин Игор Бимбилоски (од Телеком Македонија), како генерален координатор.