10.12.2018 (Семинар)
Практична примена на Законот за архивско и канцелариско работење преку водење деловодник и негови пропратни книги

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

11.12.2018 - 11.12.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат,  Македонија

Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ


Еднодневна специјалистичка обука на тема:

DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis
АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И  ВО ПРОИЗВОДОТ
11.12.2018 година (вторник)
9:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 
Стопанската комора на Македонија на 11 декември 2018 година организира еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis (Анализа на ризикот и последиците од грешките направени во процесот и во производот). 

Штое е FMEA?
FMEA е анализа на сите можни грешки и последици од истите ( Failure Mode and Effect Analysis), систематска и формализирана метода за анализа на проектни решенија на производот и процесот од аспект на ризикот од појавата и последицата на производните грешки кои би можеле да се изложат кај купувачот, односно крајниот корисник.


Кога се користи FMEA?
• Кога се воведува нов прозивод или процес;
• Кога се менува постојниот производ или процес;
• Кога истите прозиводи ги употребуваме за нови апликации;
• Кај премесување или транфер на процеси;
• Во раните фази на процесни подобрувања;
• Кај рекламација од страна на купувачите или интерните проблеми со квалитетот.

Цел на обуката: 
Запознавање на членовите од мултидисциплнарниот тим дека оваа метода постои, кои се правилата на истата, кога се презема, нејзино правилно користење (секогаш треба да се започне со оваа метода на самиот почеток,  или во текот на развојот на производот и процесот и кај преземањето одредени активности за подобрување на некој процес или производ).
• FMEA  пред се` треба да овозможи проектните тимови кои се задолжени за проектирање на производот во текот на процесот да согледаат:
• Навремено откривање на потенцијалните грешки кај прозиводот;
• Да го избегнат или ублажат ризикот од грешка кое свое потекло води од проектно решение на производот или процесот;
• Да ги спречат трошоците за можно повлекување на производот од пазарот;
• Да се заштити имиџот на компанијата на пзарот.


За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сите оние кои што, на кој и да било начин се вклучени во управување на процесите на FMEА, како и во производствениот систем во организацијата, како и лицата кои се вработени на раководни позиции во организацијата, а  посебно доколку организацијата во која се вработени е класифицирана како добавувач за автомобилската индустрија.
Начин на работа:
Оваа еднодневна спцијалистичка обука е организирана по принцип на тренинг обука, каде учесниците низ теоретско и практично знаење водено низ примери од пракса за FMEA ќе се стекнат со нови знаења за приемена на FMEA методологијата или  ќе ја унапредат постојната.

ПРОГРАМА
1. Запознавање со DFMA и PFMEA:
-  Кои се основите за започнување со проект FMEA;
 - Фази кои треба да се поминат до проценка и оценка на FMEA прозивод и процес;
 - Откривање на ризик и како да се намали и избегне истиот врз основа на добиените податоци за постоење ризик.

2. Вреднување на последиците во FMEA
3. Чекори во работењето по воведување на FMEA-методот за работа
4. Примери од пракса за FMEA (од основни поставки за почеток на методот FMEA  до вреднување на ризик, предлагање решенија за потребни подобрувања, анализа на извршени корекции и крајна оценка за новата подобрена состојба).

 Предавач:
- Зоран Вуксановиќ, дипломиран инженер по машинство и електроника. Менаџер е за квалитет, екстерен и интерен проверувач за ISO 90001, ISO 140001, HACCP SIstem, ISO/TS 16949:2002, ISO 17025.
Своето работно искуство го започнува како професор по машинство, потоа работи во „Слобода“ - Чачак, а од 1984 година се` до своето пензионирање работи во „ФАД“ АД - Горни Милановац, Србија, како директор на Секторот за квалитет и безбедност. После своето пензионирање активно работи како консултант во „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување: 3.12.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права