СИЛВЕР ПОКРОВИТЕЛСТВО

   

12.02.2019
👁 Прочитано: 15786

 * Силвер покровителство


"ТОЧНА, НАВРЕМЕНА, БРЗА, КВАЛИТЕТНА ИНФОРМАЦИЈА, УСЛУГА И ЛОГИСТИКА – КЛУЧ ЗА МОЌЕН И ОДРЖЛИВ БИЗНИС"

Стопанската комора на Македонија, во стратегијата за помош и поддршка на развојот на своите компании/членки, изврши проширување на асортиманот на своите услуги кои се креирани од стручни коморски експерти, слично како и во другите комори со доброволно членство во развиените западноевропски земји, отпочнувајќи со понудата на пакет на услуги кои веќе неколку години ги практикува како активност или едноставно препознатливи како Проектите: ПОКРОВИТЕЛСТВА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Целта на овој проект е понуда на членките во пакет, на повеќе видови на услуги кои би ги користеле континуирано во подолг временски период и истовремено ставајќи им ја на располагање на коморските членки расположивата кадровска и техничка инфраструктура на Комората за развој и унапредување на нивниот бизнис.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија одејќи во чекор со светските економски промени 2014 година, изврши проширување како во квалитет така и во квантитет на услугите содржани во покровителството, со цел амортизирање на негативните влијанија врз бизнисот како последици наметнати од истите.
Сето тоа резултираше со влез на нови компании во семејството Покровители на Стопанската комора на Македонија кои го пронајдоа својот бизнис интерес како и вклучување во активностите на комората кои се насочени кон подобрување на бизнис климата во стопанството на Република Македонија .

БИДЕТЕ ЕДИНСТВЕНИ, ПРЕПОЗНАТЛИВИ, УНИКАТНИ И СЕКОГАШ ЧЕКОР ПРЕД ДРУГИТЕ !!!


СОКОТАБ ДООЕЛ
-

АНГРО-МАРКЕТИНГ
-

АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА
Отупи и преработка на суров тутун во лист

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
Банки

МЏ РОБИН


СВИССЛИОН


ЕКСТРА МЕИН
Преработка и конзервирање на месо и производство на производи од месо.

СМЕЛТ-ИНГ
-

ЕВРО МЛЕКАРА
Во Турција, гордеејќи се со годишниот капацитет за преработка на млеко од 750 милиони литри, а благодарение на 38-те години експертиза и посветеност, Sutaş обезбедува директно вработување на околу 4.000 луѓе во центри за обука, фарми за одгледување на kpabи, фабрики за сточна храна, фабрики за млечни производи, како и фабрики за рециклирање и енергетски постројки, кои ги има изградено според својот интегриран бизнис модел „Од трева до трпеза“.Овој уникатен модел е гаранција за квалитетот и природниот вкус на производите на Sutaş и голем извор за индиректни вработувања и за редовна дистрибуција на приходи. Препознатливиот интегриран бизнис модел на Sutaş „Од трева до трпеза“ се планира да се примени и во Македонија, давајќи значајни резултати во производството, вработеноста и распределба на приходот поради неговото влијание во сродните индустрии за растително производство, сточарство, логистика и услуги.

АТЛАС КОРПОРЕЈШН
-

Контакт лице: Сашо Деспотоски
Телефон: ++ 389 2 3244089
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: saso@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, „Димитрие Чуповски“ 13, 1000 Скопје